Skip to main content

Автор: инфодеск

ДУП Велестово

Повторена јавна анкета и презентација за Предлог ДУП во УЗ 16, КО Велестово

Post Views: 101 Општина Охрид соопштува дека ќе биде повторена јавна анкета и јавна презентација за Предлог Дуп во УЗ 16 дел од УБ 16.1 опфат 3, КО Велестово, Охрид 2017-2022 со тех. бр. 28/2017 од февруари 2023 год. изработен Трговско друштво за производство, трговија и услуги НЈУ ВИЖЕН ДОО увоз-извоз Охрид. Планскиот опфат на Предлог ДУП во УЗ 16 дел од УБ 16.1 опфат 3, КО Велестово, Охрид 2017-2022 е со површина од 8.74 хектари.Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 15.05.2023 год. со почеток во 12.00 часот.Заради обезбедување...

Продолжи со читање

Општина Охрид

Јавен оглас за поставување реклами на автобуски постојки во Охрид

Post Views: 40 Општина Охрид објави јавен оглас за добивање право за поставување на реклами на урбана опрема – автобуски постојки на подрачјето на општина Охрид за периодот 2023-2028 година.Локациите и бројот на автобуските постојки на кои ќе се поставуваат реклами се утврдени во Програмата за поставување на урбана опрема бр.08-17370/42 од 22.12.2022 година.Локациите за поставување на реклами на урбана опрема-автобуски постојки се вкупно 15 и се наоѓаат на територијата на општина Охрид и тоа на Бул.Туристичка, Јане Сандански, Питу Гули, 7-ми Ноември, Гоце...

Продолжи со читање

Првенство во шах

Прво регионално првенство во Шах ,,Lake Queen School Cup 2023”

Post Views: 50 Вкупно 115 основци од општините Охрид, Дебарца, Струга и Вевчани беа дел од првото регионално младинско првенство во шах ,,Lake Queen School Cup 2023” што се одржа изминатиов викенд во ПУ „Јахја Кемал“ во Струга. Турнирот се организираше од страна на шаховскиот клуб „Младинска шаховска школа“ од Струга во соработка со шаховскиот клуб „Ласкер“.Учесниците на настанот ги поздрави заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, а свои обраќања имаа и Јусуф Сахин, директор на ПУ „Јахја Кемал“ и Сурија Таук, член на управниот одбор на Шаховската...

Продолжи со читање

билети Куп на Македонија

Во продажба билетите за ракометниот Куп во Охрид

Post Views: 34 Организаторот на завршните турнири во Купот на Македонија, ГРК Охрид објави дека oд денеска од 12 часот започнува продажбата на билети за сите натпревари.Поединечни билети за полуфиналните пресметки во машка и женска конкуренција ќе се продаваат по цена од 100 денари, за финалињата во двете конкуренции билетите ќе чинат 200 денари, додека пак блок карта за сите шест средби ќе чини 600 денари.Технички организатор на завршниот турнир на ракомениот Куп на Македонија е ГРК Охрид. Купот ќе се одржи од 11 до 13 мај во Спортската сала „Билјанини Извори”.

Продолжи со читање

Фото Ѓоко Симјаноск, Охридско езеро

Во Охрид денеска облачно и посвежо време

Post Views: 37 Денеска во Македонија времето ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни над 25 л/24часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Во Охрид претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура до 11 степени , а максималната дневна до 16 степени целзјусови.

Продолжи со читање

Ресторан Томато

Ресторанот „Томато“ во туристичка репортажа на германската RTL+

Post Views: 148 Убавините на градот Охрид, вкусната храна во ресторанот „Томато“ во центарот на Охрид и пристапните цени претставени во репортажа на германската RTL.Екипата на RTL три денови беше во Охрид и изработи репортажа за емисијата „Луѓе, моменти и приказни“. Во емисијата на гледачите им се претставува она што го интересира секој турист, сместувањето, интересни активности како крстарење по Охридското Езеро и вкусната храна.Целта на репортажата е на германската публика да им се прeтстават нови туристички дестинации за летен одмор со пристапни и прифатливи...

Продолжи со читање

реклама массум

Видео од ученици од ЕМУЦ, за притисокот и стресот на училиште, наградено на МАССУМ

Post Views: 65 Учениците Бобан Кочески, Иво Јовчески, Ален Бајрам и Димитар Димоски од паралелката III-3 од ЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” од Охрид, под менторство на професорот Ацо Вретоски, изработија видеоспот (видеореклама) за натпреварот Образовно рандеву МАССУМ 2023 на тема: ,,Притисокот и стресот во врска со учењето и успехот на училиште”, под наслов: ,,Голема цена за големи достигнувања: Совладување на стресот и постигнување успех”.Оваа видеореклама го освои второто место на МАССУМ во конкуренција од средните стручни училишта во Македонија.

Продолжи со читање

Воска ја пречекува Плачковица

Воска ја пречекува Детонит Плачковица, Охрид гостува кај Слога

Post Views: 72 Утре се играат натпреварите од претпоследното вонредно 29. коло од Втората македонска фудбалска лига.Фудбалерите на Воска Спорт, кои веќе обезбедија историски влез во Првата македонска фудбалска лига, утре на „Билјанини Извори” ќе играат против екипата на Детонит Плачковица од Радовиш. Воска нема право на грешка доколку сака да стане шампион во Втората лига, со оглед на тоа што Гостивар има само два бода негатива во однос на охриѓани.Триумф над Детонит Плачковица ќе значи дека Воска Спорт ќе биде шампион во Втората лига, со оглед на тоа што во...

Продолжи со читање