Автор: инфодеск
Post Views: 11 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,90 % во однос на одлуката од 16.01.2023 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 7,084 %, кај дизелот 4,546 %, кај екстра-лесното масло 4,351 % и кај мазутот 5,491 %.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка...
Приведени три лица за нападот врз Х.П.
Post Views: 11 Полициски службеници од СВР Охрид денеска (20.01.2023) по преземени мерки и активности во координација со ОЈО Охрид за расчистување на случајот со физички напад врз Х.П. (21) од Охрид, пријавен на 19.01.2023 околу 22.30 часот, ги приведоа С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид.По целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство во Охрид ќе биде поднесена кривична пријава – информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Охриѓанец се однесувал агресивно кон полицајци
Post Views: 33 На 19.01.2023 година околу 23:30 часот на кеј „Македонија” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување од М.А.(25) од Охрид кон полициски службеници кои преземале службени дејства.Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Жител на Брежани се однесувал недолично на бул. Туристичка
Post Views: 21 На 19.01.2023 година во 14:45 часот во СВР Охрид приведен е Ј.В.(52) од селото Брежани, општина Дебрца, кој претходно, на булеварот „Туристичка” во Охрид, со недолично однесување кон граѓаните го нарушил јавниот ред и мир.При преземањето на службените мерки, полициските службеници со агресивно однесување биле попречувани од М.А.(49) од Охрид. Тој е приведен и по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од СВР Охрид.
Медиумски туристички кампањи за промоција на Македонија
Post Views: 16 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот активно и оваа година работи на медиумски туристички кампањи во таргет земјите Полска, Србија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Косово и Турција.Учеството на туристите од примарните земји од вкупниот број на странски туристи и остварени ноќевања е 30% за првите 11 месеци од 2022 година.Поради намален буџет, медиумската туристичка промоција на земјава нема да се реализира во Романија, Германија, Белика Британија, Холандија, Италија, Шпанија и Словенија, земји кои имаат значаен...
Денот на рибарите одбележан на Сараиште
Post Views: 19 Денот на рибарите, втор ден Водици или Собор на Свети Јован Крстител. На Сараиште денес се одржа традиционалното капење во водите на Охридското езеро. Чинот привлече голем број посетители кои беа послужени со греена ракија. Годинава изостана подготувањето на познатата рибна чорба и пача, но затоа забава со староградска музика подготви Охридскиот музички еснаф. Охриѓани велат дека ова е празник за градот и вековна традиција која низ годините се прославуавала многу, со песна и ора и богати трпези, но се сеќаваат и на моменти кога истата била забранувана.„За...
Се намалува невработеноста во струшко
Post Views: 9 Моментално во подрачното одделение на Агенцијата за вработување Струга има околу 3.000 лица. Интересно е што се зголемува бројот на висококвалификуван кадар кој бара работа, а нискоквалификуваната работна сила се намалува.Во однос на родовата застапеност иста застапеност има и на мажи и жени. Од Агенцијата велат, во регистарот на невработени лица дел се активни баратели на работа, но дел не бараат работа, се запишуваат само заради здравствено осигурување.Значи во 2021 имавме 3.582 невработени кои што се пријавени активни баратели. Во 2022 имаме 3.227, а...
Нападнат секретарот на бугарскиот клуб во Охрид
Post Views: 27 Физички нападнато 21-годишно лице од Охрид, стои во извештајот на СВР Охрид. Нападнатиот се здобил со тешки телесни повреди за што му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид.Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од тројца охриѓани кои му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Известен е јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, информира портпаролот...