Автор: инфодеск
Post Views: 272 Facebook ги објави финансиските резултати за последниот минатогодишен квартал кој ги развесели сите акционери и така најголемата социјална мрежа во светот ги надмина сите очекувања и предвидувања на берзанските аналитичари. Во споменатиот период отстварен е приход од 3,85 милијарди долари, што е зголемување од скоро 50% во однос на истиот период лани, додека за цела 2014 година отстварен е приход од 12,47 милијарди долари, што е 58% повеќе во однос на претходната година. Освен заработката, многу важен податок е и бројот на корисници на оваа мрежа – спрема...
На повидок ново клупско натпреварување
Post Views: 268 Четворочлена делегација на Барселона на чело со Јозеф Бартомеу го посети седиштето на ФИФА и се состана со претседателот Џани Инфантино, а на дневен ред биле две точки: подобрување на односите помеѓу еден од најголемите клубови и светската фудбалска организација, а втората почеток на ново клупско натпреварување. Барса и ФИФА воопшто не комуницираа од казната која ФИФА им ја изрече на Каталонците поради неправилности при доведување на малолетни фудбалери. Но, во меѓувреме тогашниот претседател Сеп Блатер замина во историјата па се создадоа повторно услови за...
Попушта ѕидот на молчење на мафијата
Post Views: 295 Ѕидот на молчење кој со десетлетија ја штити мафијата конечно попушти, дури и во внатрешноста на Сицилија, пишува Independent. Во Корлеоне, родното место на најозогласените кумови на Коза Ностра, кое го позајми своето име на мафијашката фамилија во филмовите на Копола, жртва на мафијашкото изнудување по прв пат во историјата соработувала со правосудните органи. Карабињерите го уапсиле локалниот шеф на мафијата и уште три лица, а апсењето следело откако неименована жртва, сопственик на автосалон, на полицијата им рекла дека не може повеќе да плаќа рекет од 500 евра...
Тастатура која го препознава сопственикот
Post Views: 274 Американските и кинеските научници, заеднички развиле тастатура која го препознава начинот на пишување на нејзиниот сопственик и со тоа е унапредена конвенционалната компјутерска безбедност. Тастатурата која е развиена на технолошкиот институт во Џорџија и кинеската академија на науки може да го искаже фактот дека секој човек на тастатура пишува различно. Оваа интелегентна тастатура, наречена IKB, може прецизно да го идентификува корисникот (и натрапникот) во реално време врз основа на начинот на пишување. Тоа го прави со претворање на движењето по тастатурата во...
Нападнати Facebook и Instagram поради што беа вон употреба еден час
Post Views: 249 Откако корисниците ширум светот не можеа да пристапат на своите профили на популарните социјални мрежи во медиумите се јави хакерската група Lizard Squad која ја превзеде одговорноста за нападот. Facebook и Instagram утрово беа недостапни ширум светот, а причина е наводно сајбер напад. Имено, групата Lizard Squad ја превзеде одговорноста за утринскиот напад на социјалните мрежи, пишува Daily Mail. Станува збор за страници кои имаат вкупно 1,5 милијарди корисници кои не беа во можност да пристапат на своите профили околу еден час. И покрај тврдењата на хакерите,...
Пристигнува историска бура која би можела да загрози 60 милиони луѓе
Post Views: 280 Во Њујорк, но и во други подрачја на североистокот на САД е сѐ во прекин поради бурата Juno која спрема очекувањата со себе ќе донесе и околу 90 цм снег пропратено со замрзнат дожд и ветар кој ќе достигне повеќе од 100 км на час. Националната метеоролошка служба бурата ја опишува како опасна за живот и историска. На сите возила кои не се дел од првата помош им е забранет сообраќајот од 11 часот навечер по локално време, а откажани се и услугите на подземната железница. Бурата би можела да влијае на животите на 60 милион луѓе, пишува BBC. Како што јавува Reuters,...
Во кафето пронајден нов протеин кој има учинок сличен на морфиумот
Post Views: 253 Кафето содржи протеин со учинок кој е сличен на морфиумот и неговото времетраење е подолго од него, откриле научници од Универзитетот во Бразилија и бразилската државна компанија за земјоделски истражувања Embrapa, пренесува RT. За време на истражувањето кое го водел Felipe Vinecky пронајден е досега непознат фрагмент на протеин, пептид, кој како и морфиумот има аналгетички и седативни својства. Тестирањето на лабораториски глувци покажало дека новопронајдената супстанца има времетраење до 4 часа, а не се забележани никакви нуспојави. И универзитетот и Embrapa...
Нафтата на меѓународните пазари повторно падна
Post Views: 320 Цената на нафтата денес повторно падна на меѓународните пазари, достигнувајќи ниво под 48 долари, откако новиот саудиски крал Салман ги пригуши стравувањата од период на нестабилност и промена на политиката по превземањето на власта на најголемиот светски извозник на нафта. На лондонската берза еден барел се тргуваше по 86 центи пониска цена во однос на претходното затворање на берзата, односно 47,93 долари, додека на американскиот пазар за испорака во март се тргуваше по 62 центи пониска цена, односно 44,97 долари. Новиот саудиски крал Салман, кој ја превзеде...
Победа на радикалната левица во Грција
Post Views: 263 Спрема излезните анкети Сириза освоила помеѓу 35,9 и 39,5% од гласовите. Владеачката Нова демократија добила помеѓу 23 и 27%. Предноста од 12% би можела на Сириза да ѝ овозможи самостално формирање на влада. Спрема сите параметри победник на грчките избори и нов премиер е Алексис Ципрас, лидерот на Сириза. “Грчкиот народ ќе го врати социјалното единство и достоинство. Нашата заедничка иднина во Европа не е штедење туку демократија, солидарност и соработка”, порача Ципрас. Скоро 10 милиони Грци со право на глас одлучуваа за формирање на новиот грчки парламент....
Дивеењето на швајцарскиот франк ги изнесе Полјаците на улица
Post Views: 251 Поради дивеењето на швајцарскиот франк на светските берзи, стотици Полјаци со излегување на улица го искажале своето незадоволство. Сопствениците на недвижнини, излегоа пред зградата на Швајцарската народна банка за да го искажат своето незадоволство. Властите ги притиснаа банките на 20 јануари да ги олеснат плаќањата на кредитите за дури половина милион граѓани и побарале истрага за околностите при издавањето на такви кредити, јавува Reuters. Полјаците протестираа во Краков, Гдањск, Вроцлав и Варшава. Како едно од решенијата полското министерство за финансии го...
Шестмина скијачи загинаа на француските Алпи
Post Views: 284 Шестмина скијачи кои исчезнаа во саботата, во лавина на југоистокот во француските Алпи, се пронајдени мртви, објавија спасувачките екипи. Четворица мажи и две жени, сите со големо скијачко искуство, од француска националност помеѓу 50 и 70 годишна возраст, отишле на скијање во саботата наутро, но ги изненадила лавина, објавила префектурата департмани Hautes-Alpes (Високи Алпи). Несреќата се случила на масивот Queyras, во близина на градот Ceillaca. Првите три тела се пронајдени во текот на ноќта, а другите три по четири часа трагање. “Кога заминаа, небото беше...
Јапонскиот премиер огорчен поради убиството на еден од заложниците
Post Views: 267 Јапонскиот премиер Shinzo Abe изјави дека очигледното убиство на еден од јапонските заложници кои беа заробени од милитантите на Исламската држава е срамотно и неподносливо, и повторно ги повика на ослободување на јапонскиот новинар кој сеуште го држат во заложништво. Abe исто така рекол дека Јапонија нема да му попушти на тероризмот. Ова го изјавил за телевизијата NHK по објавувањето на видеото од убиството на Јапонецот Haruna Yukawa.Воедно се појави и аудио снимка каде другиот заробеник, новинарот Kenji Goto, зборува дека неговиот живот би можел да биде спасен...