Skip to main content

Автор: инфодеск

Тезги Билјанини извори

Место поглед на Билјанини извори, гледајте тезги

Post Views: 68 Во рубриката „ТиСиТвојотГрад“ граѓанка на Охрид реагира на поставени тезги за продажба на накит и сувенири на Билјанини извори.Од приложените фотографии се гледа дека до изворите поставена е тезга, камениот ѕид околу изворите исто така е искористен за изложување накит и сувенири за продажба, а неколку комерцијални паноа за изложување накит се поставени на самиот пристап до изворите.„Убаво си се наместиле. Да не може човек да ги види изворите ниту од блиску, ниту од далеку“- коментира граѓанката.Тезгите и паноата за продажба на...

Продолжи со читање

Натпревар во прва помош

Плоштадот во Охрид пулсираше во духот на младоста и хуманоста, во боите на Црвен крст

Post Views: 56 На 49-от општински натпревар по прва помош, кој во организација на Црвен крст Охрид вчера се одржа во Охрид учениците од сите основните и средните училишта од Охрид и Дебарца организирани во 10 екипи подмладок и 3 младина се натпреваруваа во укажување прва помош.Преку 100 млади на 6 пунктови низ градот ги презентираа стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош. Најуспешни, во категоријата подмладок беше екипата на ОУ Св.Климент Охридски, второто место го освои екипата на ОУ Дебрца-Требеништа, а трета беше екипата на ОУ Христо Узунов. Во...

Продолжи со читање

Конзулат Србија почит за жртвите

Охрид изрази почит кон жртвите и сочувство со болката на српскиот народ

Post Views: 104 Охриѓани, српската заедница во Охрид како и туристи денеска, во организација на почесниот конзулат на Р Србија во Македонија со седиште во Охрид, на градскиот плоштад „Св Климент Охридски“ оддадоа почит за жртвите во Белград и Младеновац. Граѓаните палејќи свеќи пред црквата на плоштадот изразија тага за загинатите и сочувство до нивните семејства и до народот на Србија.„Испраќаме порака до народот на Србија во овие тешки мигови дека народот на Македонија е со нив. Изразуваме искрено и длабоко сочувство за загубените животи, силна емпатија и...

Продолжи со читање

Ден на македонската полиција

7 Мај – Ден на македонската полиција

Post Views: 70 Денеска го одбележуваме Денот на македонската полиција – 7 Мај. Со реализација на процесот на реформи придонесовме кон повисока професионализација на полицијата, која денес е препознаена како сервис на граѓаните, бранејќи ги нивните права и штитејќи ги јавниот мир и безбедност.„ Како одговорна влада ги подобривме условите за сите припадници на полицијата, за коишто обезбедивме континуиран пораст на платите и подобри услови за работа, за што и понатаму ќе продолжиме да бидеме посветени. Упатуваме честитки за операционализацијата на Договорот помеѓу Република...

Продолжи со читање

Воска слави

Воска го прослави влезот во Прва лига 

Post Views: 37 Градското дерби помеѓу Охрид Лихнидос и Воска Спорт заврши без победник со четири погодоци (2:2), од кои два беа постигнати од пенал, одличен натпревар со многу публика и прослава за историскиот влез на Воска Спорт во Првата македонска фудбалска лига.Натпреварот на „Билјанини Извори” тргна со брз и неочекуван гол за Охрид, откако голманот на Воска Спорт, Хадис Велии направи една грешка при додавањето, а тоа најдобро го искористи и казни Аљтин Лога за водство од 1:0 за Охрид.Во 12. минута од натпреварот судијата Јован Качевски покажа на белата...

Продолжи со читање

Св Кирил и Методиј на МАССУМ

СОСУ „Св Кирил и Методиј“ успешно се претстави на МАССУМ

Post Views: 93 СОСУ Св Кирил и Методиј Охрид и оваа година беше учесник на Образовното рандеву 2023 кое се одржа во Гостивар на 5 Мај, под организација на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта во Македонија (МАССУМ).Освоени се следниве награди:Прво место – Адела Абас во категоријата Интервју за работа, ментор Жаклина Милеска;Трето место – Александар Бојчовски во категоријата Кариерно портфолио, ментор Жаклина Милеска;Трето место за двата филма под менторство на Андријана Паскали, ученици: Ивана Котеска, Ана Мари Коцевска, Кристијан Танески, Стефанија...

Продолжи со читање

Охрид Кеј Фото: Ѓоко Симјаноски

Во Охрид денес сончево и топло време

Post Views: 52 Сончево и малку потопло ќе биде времето денес во Македонија, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер.Во понеделник попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места, а од вторник следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд кои во вторник, кога ќе преовладува облачно време, ќе бидат пообилни.Во Охрид сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер....

Продолжи со читање

Струга Трим Љум

Струга се подготвува за прослава, во недела може и официјално да стане шампион

Post Views: 64 Струга Трим Љум веќе в недела може да стане нов шампион во Првата македонска фудбалска лига.До крајот од домашниот шампионат остануваат уште три кола, а Струга веќе в недела може и математички да ја обезбеди титулата. Викендов се игра 31. коло, а Струга на домашен терен ќе игра против Силекс од Кратово.Струга е лидер на табелата со 59 бодови, има пет повеќе од Шкендија која е втора со 54 бодови и седум повеќе од актуелниот шампион Шкупи, кој е трет со 52 бодови.За Струга во недела и официјално да стане шампион, најпрво ќе треба да го победи Силекс на...

Продолжи со читање