Skip to main content

Автор: инфодеск

Уапсен Французин во Бугарија кој бил поврзан со браќата Kouachi

Post Views: 265 Французинот кој на 1 јануари бил приведен од бугарската полиција при обид да ја премине границата, за пат кон Сирија, е осомничен дека бил во врска со Cherif Kouachi, еден од извршителите на атентатот на неделникот Charlie Hebdo, објавило бугарското обвинителство, а пренесува AFP. Во францускиот налог за апсење против Fritz-Joly Joachin се споменува обвинение за учество во криманлна вооружена група со цел организирање терористички дела, рекла Дарина Славова, главен обвинител на градот Хасково. Пред патувањето во Турција на 30 декември, тој повеќе пати бил во...

Продолжи со читање

Сомнителен меч на големиот турнир УС Опен

Post Views: 313 Единицата за веродостојност во тенисот (TIU) објави дека истражува неправилност поврзана со дуелот од првото коло на УС Опен помеѓу Швајцарката Тимеа Башицки и Русинката Виталија Дјаченко кој заврши со 6-1, 6-1 за Швајцарката. За овој меч се утврдени големи и необични уплати во обложувалниците во светот. “Како и во секој случај, така и во овој TIU ќе ги разгледа фактите и ќе донесе одлука за покренување мерки по предупредувањето поврзано со средбата помеѓу Виталија Дјаченко и Тимеа Башицки играна на УС Опен на 30 август во рамките на првото коло”, објави TIU.

Продолжи со читање

Несекојдневен начин на закана од Исламската држава

Post Views: 252 Џихадистите во секојдневната “cyber” војна со САД ги објавиле контакт деталите од пензионираните американски генерали, воените планови и пораката: “Американски војници, доаѓаме, внимавајте”. Twitter профилот на американската воена команда го хакирале симпатизерите на Исламската држава и таму објавиле пораки за поддршка на џихадистите во Сирија и Ирак. Истовремено објавиле и мноштво на лични податоци на пензионирани американски генерали, поради што на нозе е кренат целиот воен персонал, а се покажало дека е упаднато и во неколку високи воени тајни системи,...

Продолжи со читање

Американците откриваат која е следната цел на Исламската држава

Post Views: 315 По најновите закани и превземањето на одговорноста за нападите во Париз каде се убиени вкупно 17 лица, Националната разузнувачка агенција на САД (NSA) дошла до нови податоци во кои стои што е следната цел на Исламската држава. NSA ја известила Светата столица за тоа дека Ватикан е следната цел на терористите, објавено е на вечерниот дневник на израелската државна телевизија. Тоа се совпаѓа со тврдењето кое го донесе германскиот неделен весник Bild am Sonntag, кој јавува дека NSA ги прислушкува разговорите на водечките луѓе на Исламската држава во кој се спомнувало...

Продолжи со читање

Видео: Претставен полнач кој ја полни батеријата за 30 секунди

Post Views: 258 Компанијата StoreDot претстави полнач кој батеријата на паметниот телефон може да ја наполни за само неколку секунди. Овој полнач е претствен на меѓународниот саем за потрошувачка електроника во Лас Вегас (CES 2015), а батеријата на мобилниот телефон ја полни за помалку од 30 секунди. Извршниот директор на компанијата, Doron Myersdorf, изјавил дека оваа батерија користи нова технологија и материјали кои овоможуваат брзо полнење. Технологијата е базирана на биолошки полупроводници и работи на принципот нанотехнологија и користи танки природни кристали со пречник од...

Продолжи со читање

Портпаролот на AirAsia верува дека се пронајдени црните кутии

Post Views: 287 Постојат силни индикации дека тимот за трагање и спасување ги пронашле црните кутии од летот QZ8501 на AirAsia, рекол портпаролот на компанијата Tony Fernandes, а истото го објавил на Twitter, а пренесува NBC News. Потрагата по црните кутии е интензивирана денес по добивањето на повеќе  чисти сигнали од нив. Сигналите беа детектирани во подрачјето помеѓу 1,6 и 2,4 миљи од локацијата каде е пронајден задниот дел од трупот од авионот кој беше откриен во Јванското море во саботата. Официјалните лица предупредија дека е многу рано да се каже дали се тоа снимките кои...

Продолжи со читање

Напад на редакција на германски весник

Post Views: 279 Германскиот весник “Hamburger morgenpost” кој ги објави карикатурите на пророкот Мухамед од францускиот сатиричен неделник Charlie Hebdo рано утрото бил мета на напад, објавила полицијата, а јавува Deutsche Welle. Низ прозорецот од редакцијата се фрлени камења и запаливи предмети, а во нападот не е повреден никој. Во пожарот се оштетени две простории на пониските катови и изгорел голем дел од архивата на весникот. Полицијата објавила дека две лица се осомничени за нападот и истите се уапсени. “Hamburger morgenpost” објави на насловната страница три карикатури од...

Продолжи со читање

Ескалација на тероризмот во светот

Post Views: 350 Исламистичката терористичка органиација Боко Харам е позната по немилосрдност и суровост. Терористите во три дена убиле 2000 луѓе на северот од Нигерија. Спрема наводите на локалните функционери, терористите упаднале во селата со оклокпни возила и извршиле најсмртоносен масакр во историјата, пишува CNN. Баба Аба Хасан, челник на едно село во тоа подрачје, рекол дека припадниците на Боко Харам упаднале во селото и без предупредување пукале по цивилите со бомби и автоматски пушки. Поголемиот број од жртвите се жени, деца и постари лица кои не успеале да избегаат...

Продолжи со читање

Херој скриен во картонска кутија помагал во ловот на терористите

Post Views: 242 Графичкиот дизајнер, Lilian Lepre, работник во печатницата во која се забарикадирале браќата Kouachi, откако во средата убија 12 лица во нападот на редакцијата на Charlie Hebdo, се покажал како прав херој. Убијците Said и Cherif Kouachi не биле свесни дека полицијата го знае секој нивни чекор. Откако го извршија нападот на редакцијата на Charlie Hebdo тие се забарикадираа во една печатница околу 30 километри оддалечена од главниот град на Франција. Сопственикот на печатницата, терористите го земаа како заложник, но 27 годишниот вработен се скрил во картонска...

Продолжи со читање

Дали штедењето во евра е сигурно?

Post Views: 248 Еврото не престанува да слабее во однос на американскиот долар. Како што пишува во соопштението на IMC агенцијата, на глобалниот девизен пазар (Forex), еврото во однос на американскиот долар од почетокот на годината ослабе за додатни 3% и го продолжи трендот на слабеење од претходната година. Падот на еврото не треба да изненадува. Аналитичарите на AdmiralMarkets тоа го најавуваа повеќе од една година но и понатаму сметаат дека тој тренд ќе продолжи долгорочно да трае. Поедноставно кажано, економската ситуација во САД е многу подобра отколку во Европа па е сосем...

Продолжи со читање

Ископале тунел за да дојдат до iPhone

Post Views: 237 Спрема предвидувањата на некои аналитичари од USB, во последниот минатогодишен квартал најмногу паметни телефони на Apple се продадени во Кина, а благодарение на големата побарувачка по новите модели на iPhone, Apple го зголеми уделот на мобилниот пазар и се верува дека последните три месеци тие продале околу 70 милиони телефони. Тројца мажи од Пекинг одлучиле да ја искористат големата побарувачка по телефоните на Apple и на памет им паднала интересна идеја – одлучиле да ископаат тунел до еден склад во кој биле сместени мобилните уреди на Apple и да ги украдат....

Продолжи со читање

Исламската држава со нови закани

Post Views: 266 Исламската држава ја превзеде одговорноста за терористичкиот напад во Париз и се закани – внимавајте Британци и Американци, вие сте следната цел. “Почнавме со операција во Франција за која ја превземаме одговорноста”, рекол Abu Saad al-Ansari, исламски свештеник, за време на мисата во Мосул, ирачки град кој е под контрола на џихадистите, пишува Haaretz, а пренесува Washington Times. “Утре тоа ќе биде Британија, Америка и други”, продолжил радикалниот исламски свештеник. Тој додал дека предупредувањето е упатено до сите земји кои учествуваат во коалицијата...

Продолжи со читање