Автор: инфодеск
Post Views: 14 На 16.01.2023 година од 07 до 11 часот, преземени се сообраќајни мерки на подрачјето на Струга.Притоа, полициските службеници затекнале 8 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на непрегледни и на места каде престигнувањето со сообраќаен знак е забрането. Против нив поднесени се соодветни платни налози – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Малолетник каснат од куче скитник во Струга
Post Views: 14 На 16.01.2022 година во 15.30 часот, А.Б.(35) од струшкото село Боровец, во ОВР Струга пријави дека на улицата „Маршал Тито” во Струга, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, информираат од СВР Охрид.
Меѓународна конференција Охрид-Водици 2023
Post Views: 18 На 18 и 19 јануари 2023 по 11-ти пат ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2023“- годинава насловена „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи“.Конференцијата е во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција, како и списанието Журнал за Глобални процеси од Мајами, Флорида, САД.„Тематски фокус...
Истекува рокот за аплицирање за субвенции на нови авиолинии
Post Views: 13 Кон крајот на оваа недела, поточно во четврток 19-ти јануари истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка за нови авиолинии. Апликациите треба да се достават до 12 часот во архивата на МТСВ. Државата ќе доделува субвенции од седум евра по патник за нови авиолинии што ќе бидат воведени на Скопскиот аеродром и по 4,5 евра по патник од аеродромот во Охрид, со јавниот повик за финансиска поддршка за наредните три години изјави Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.Секоја нова дестинација за која се одредува финансиска...
Жител на Струмица поттикнувал говор на омраза на фејсбук
Post Views: 15 СВР Охрид до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против З.П.(56) од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.Тој на 24.06.2022 година на текст од портал објавен на социјалната мрежа Фејсбук, објавил коментар со недолична содржина, со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Прилепчанец приведен во Охрид
Post Views: 13 На 16.01.2023 година во СВР Охрид приведен е М.Д.(28) од Прилеп.При претрес извршен со судска наредба во стан во Охрид што тој привремено го користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со остатоци од марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Три лица нападнале маж на бул. Туристичка
Post Views: 17 На 16.01.2023 година во 15:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот „Туристичка” во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Б.Х. од Струга заедно со уште две лица, врз М.А.(42) од Охрид.По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
56 казни за пушење во затворен простор
Post Views: 20 Од 10 до 14 јануари пазарните инспектори извршиле 200 инспекциски надзори, а издадоа 56 прекрошни налози за непочитување на Законот за заштита од пушење.Казните за овие прекшоци, пушење во затворени простории во угостителски објекти, се од 2.000 до 4.500 евра, а за одговорното лице од 500 до 1.000 евра.Казна е предвидена и за гостинот кој пушел во затворена просторија во некој ресторан или кафуле – од 100 до 300 евра во денарска противвредност.Од Државниот пазарен инспекторат најавуваат дека ќе продолжат со контролите.