Автор: инфодеск
Post Views: 242 Трговски брод кој пловел под турско знаме доживеа бродолом на северот од Јадранското море во близина на италијанското пристаниште Равена, по сударот со друго пловило во немирното море, известуваат локалните медиуми. Бродовите на крајбрежната стража биле на местото на несреќата и спрема првите информации членовите на екипажот на несреќниот брод се сметаат за исчезнати. Премиерот Матео Ренци, на Twitter потврдил дека во близина на Равена имало судар во кој учествувал турскиот брод и најавил дека владата набрзо ќе излезе со нови информации. До несреќата дошло додека...
Сообраќаен колапс во Франција и Велика Британија
Post Views: 230 Ниски температури и обилни снежни врнежи предизвикуваат бројни проблеми во сообраќајот во големи делови на Велика Британија и Франција, известуваат медиумите. BBC го пренесува предупредувањето на метеоролошката служба за голомразица, имајќи во предвид дека ширум Британија температурата е под нулата. Мразот зафатил големи делови од таа земја, а поради обилните врнежи од снег и меќава за сообраќај се затворени бројни патишта и некои аеродроми, а илјадници луѓе морале да го прекинат патувањето, наведува британски Telegraph. Снегот и мразот ја погодија северот и...
Пожар на траект со 466 патници на релација Грција – Италија
Post Views: 296 Во тек се меѓународни спасувачки напори по силен ветар и големи бранови откако избил пожар на италијански траект кој превезувал 466 патници и членови на екипажот кој патувал од Грција кон Италија, а капетанот на бродот наредил евакуација, изјавиле официјални лица. Патниците кои ја повикале грчката телевизија дале драматични сведоштва за состојбата на бродот по избивањето на пожарот денес рано наутро додека пловел од Патрас, западна Грција кон Анкона во Италија. “Се обидувавме да ги спуштиме чамците за спасување, но не можевме сите да се собереме во нив. Нема...
Исчезна авион на AirAsia
Post Views: 276 Авионот на AirAsia, кој исчезна утрово на летот од индонезискиот град Сурабај кон Сингапур, не пратил никаков повик за помош, рекол директорот на индонезиската агенција за воздухопловство при министерство за сообраќај Joko Myrio Atmodjo. Авионот изгубил контакт со контролата на летање откако побарал дозвола да ја зголеми висината за да избегне облаци. Авионот од типот Airbus 320-200, со 155 патници и седум членови на екипажот е во сопственост на индонезиската компанија AirAsia. Летот QZ8501 изгубил контакт со контролната кула во Џакарта во 6.17 часот по локално...
Руинираните објекти во Охрид детектирани како критични места
Post Views: 367 Шприцеви, игли, шишиња од алкохол, срчи и еден куп ѓубре, кријат неколкуте руинирани објекти кои се оставени на забот на времето во Охрид. Таквите локации веќе се детектирани и познати на надлежните како критични места, собиралишта на наркозависници. Стариот отпад, поранешниот „ Тафтинг“ кај чинарот во Горна влашка маала, карабината до управната зграда на Општата болница и поранешниот објект на МРТВ зад скалестата зграда, објектот на стариот авто-сервис на улицата „ Кленоец“ , се само дел од критичнте места каде најчесто се собираат наркозависници и...
Вечерва на Охридско лето Битолскиот народен театар
Post Views: 290 Најкомплексната трагедија на Вилијам Шекспир, „Антоние и Клеопатра“, вечерва, премиерно, на фестивалот Охридско лето ја носи Битолскиот народен театар. Во превод на Драги Михајловски оваа театарска претстава првпат ќе се изведува на македонски јазик а е во режија на нашиот пријател и гостин од Америка, од Санта Барбара, Калифорнија, Џон Блондел, вели директорот на театарот Благој Мицески. Битолскиот театар традиционално учествува на фестивалот, но годинава на 55-то издание прв пат настапуваат на сцената Долни сарај, од која се воодушевени. Благој Мицески –...
Видео: Родителите ги изненадил со неверојатен подарок за Божик
Post Views: 283 Успешниот програмер Joe Riquelme кој живее во Њујорк, Божик го поминал со своите родители. Во еден момент, додека сите тројца седеле на креветот, тој им рекол дека има уште еден подарок за нив и од џебот извадил коверт кој ѝ го дал на мајка му, пишува news.com. Кога ја прочитала содржината на листот во ковертот, изненадувањето на нејзиното лице било непроценливо. “Куќата ви е отплатена. Среќен Божик. Joe”, пишувало на листот. Мајка му ја дала пораката на сопругот, а кога тој ја прочитал се расплакал од среќа. Следувала топла фамилијарна прегратка и неизмерна...
Здравиот начин на живот би можел да спречи 40% од случаите на карцином
Post Views: 257 Спрема податоците на Британскиот центар за истражување на рак, пушењето е најважното помеѓу причините за рак кое може да се избегне со промена на начинот на живеење, а по него следува нездравото хранење. Ограничувањето на алкохол и редовно вежбање помагаат за намалување на ризиците од карцином. Спрема податоците од 2007 до 2011 година повеќе од 300.000 случаеви на рак во Британија се поврзани со пушењето. Нездравата храна во овој петгодишен период е поврзана со 145.00 случаи, а 62.000 случаи на карцином се поврзани со алкохолот. Ризичните фактори се и оштетувањата...
Кризата во Русија сѐ подлабока
Post Views: 253 Руското стопанство е во криза а крајот на годината донесе најголем пад на рубљата во последните 15 години. Аналитичарите предупредуваат дека ќе биде уште полошо доколку цената на нафтата продолжи да паѓа. Што се случува во најголемата земја во светот? Во последните 15 години руското стопанство растеше со голема брзина. Растот почна во 2000 година и следните осум години се движеше околу 7%. Во 2008 година и Русија беше погодена од економската криза, како и остатокот од светот, но опоравувањето беше брзо. Ако сега ги споредиме движењата на цената на нафтата тогаш и...
Подарок од Samsung: Божиќни откази
Post Views: 262 Јужнокорејската компанија Samsung, без претходна најава, одлучила да ја затвори својата најголема продавница во Велика Британија, “experience store” во Лондон. Демонтирањето на ентериерот започнало ноќта помеѓу 23 и 24 декември, кога сите вработени биле известени за отпуштањата, што во очи на католичкиот Божик сигурно не е убав подарок. Samsung прецизирал дека сака да ги задржи другите продавници во Велика Британија, но затворањето на најголемата не е позитивен сигнал дека ќе продолжи моделот на продажба и претставувањето на производите креиран по примерот на...
Доаѓа најголемата закана за сите мобилни оператори
Post Views: 253 WhatsApp е сервис со преку 500 милиони активни корисници кои меѓусебно разменуваат дури 64 милијарди пораки дневно! Од една страна корисниците добиваат евтина платформа за комуникација, а од друга тие го зададоа првиот удар врз мобилните оператори на кои заработката од смс секоја година сѐ повеќе им опаѓа. Но, за да биде работата уште подобра за корисниците, или уште полоша за операторите, WhatsApp припрема можност за вршење повици преку 3G, 4G и WiFi мрежите, што додатно ќе ги намали приходите на операторите. Познато е дека WhatsApp вети можност за бесплатни...
Иницијатива “Плати ако можеш”
Post Views: 320 Британецот Adam Smith од Лидс, кој е зачетник на иницијативата, а која е прифатена во целиот свет, со која “несаканата” храна од супермаркетите и дуќаните ја употребува за потребите на сиромашните, може да биде задоволен од досегашниот развој на својата племенита акција. Како што пишува Independent, 29-годишниот кувар за гостите на својот локал прави варива, супи и колачи, а како намирници ги користи производите кои дуќаните и супермаркетите би ги исфрлиле иако се сеуште употребливи. Што се однесува до плаќањето, гостите на овој специјален ресторан можат да...