Skip to main content

Автор: инфодеск

Мајонез без јајца конкуренција на Hellman’s

Post Views: 281 Угледните фондови Horizonts Ventures и Khosla Ventures, извршниот директор на технолошката компанија Saleforce, Marc Benioff и соосновачот на Facebook, Eduardo Saverin одлучиле да вложат 90 милиони долари вo start-up компанијата Hamptons Creek која произведува мајонез кој не содржи јајца. Компанијата е основана пред три години, а холандскиот џин Unilever, во чие сопствеништво е познатиот бренд Hellman’s, се откажал од тужбата спрема малиот конкурент во моментот кога се појавиле угледни инвеститори, но се одлучиле на друг начин на борба – преку регулаторните тела и...

Продолжи со читање

Официјален Пекинг нуди една милијарда долари за Ливерпул

Post Views: 266 Англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул сака да го купи кинеската компанија China Everbright зад која стои кинеската влада, пренесува Business Insider. Кинезите наводно понудиле 800 милиони фунти, односно една милијарда долари. Како што пишува Sunday Times, разговорите помеѓу кинескиот инвеститор и сопственикот на клубот, американската компанија FSG, се одвиваат веќе извесно време. FSG го купи Ливерпул во 2010 година за 300 милиони фунти. Претседателот на клубот Tom Werner признал за агенцијата AFP дека FSG е “отворен за идејата за продажба на уделот”.

Продолжи со читање

Видео: Паметни рачки за велосипед

Post Views: 284 Да се возите на велосипед и да гледате во својот паметен телефон за да следите навигација не е паметна идеја, но овие момци се сетиле на една поинаква метода, а тоа е да вградат паметни рачки за велосипед. Имено, се работи за влошки кои се ставаат во внатрешноста на рачките и содржат технологија која ќе ви овозможи побезгрижно и полагодно возење на велосипедот. Рачките се спојуваат преку Bluetooth со мобилниот телефон и се поврзуваат со апликација со која е можно да ја следите локацијата на вашиот велосипед ако во некој случај заборавите каде сте го оставиле. Исто...

Продолжи со читање

Најдобра година за Zuckerberg и Facebook

Post Views: 266 Во првите месеци од излегувањето на Facebook на берза, кога цената на акцијата падна под 20 долари, некои аналитичари веќе го отфрлија Zuckrberg и неговата социјална мрежа, а во исто време акционерите одлучија да поднесат тужби против основачот на компанијата. Тие тешки времиња се зад Zuckerberg кој на крајот на 2014 година има “милијарди” причини за задоволство, а една од причините е и цената на акцијата, односно вредноста на неговата компанија која вчера достигна најголема вредност од излегувањето на берза. Спрема информациите на Yahoo Finance цената на акцијата...

Продолжи со читање

По Sony Pictures, мета на хакерите била нуклеарка

Post Views: 242 Компјутерските системи на нуклеарната електрана се хакирани, соопштила компанијата која управува со електраната, со што предизвикала голема загриженост од аспект на безбедноста на нуклеарните постројки во земјата која технички и понатаму е во војна со Северна Кореја. Јужнокорејската компанија KHNP и владата соопштиле дека хакерите украле само “неважни” податоци и дека не се загрозени нуклеарните постројки. Веста за хакирањето на компјутерските системи во Јужна Кореја дошла во време кога САД ја обвини Северна Кореја за разорен кибернетички напад на Sony Pictures....

Продолжи со читање

Внимание: Ова е новиот вирус кој се шири на Facebook

Post Views: 263 На социјалната мрежа Facebook се појави вирус кој моментално претставува закана бидејќи може да ги загрози вашите профили. Најпрво добивате нотификација дека некој  ваш пријател, со уште неколкумина сајбер пријатели сте означени на одреден линк кој се активира штом кликнете на него. Овој вирус моментално е мошне актуелен, а на Facebook бројот на “заразени” профили расте од минута во минута па затоа бидете внимателни. Ако ви пристигне нешто од овој тип, никако не кликајте на линкот на кој сте означени бидејќи во прашање е таканаречен “порно вирус”. Вирусот изгледа...

Продолжи со читање

Големи пропусти во безбедносниот систем на аеродромот во Франкфурт

Post Views: 258 Истражување под покровителство на Европската унија открило големи пропусти во безбедносниот систем на аеродромот во Франкфурт, најголем во Германија, каде оружје неприметено ја  поминало контролата на патниците, известува германскиот весник Bild Am Sonntag. Лошата обука е главната причина на тие пропусти, спрема тајната истрага која е спроведенa по иницијатива на Европската унија, открива весникот. Еден од двајца инспектори успеал да пренесе оружје и опасни супстанци низ безбедносната контрола на патниците. Извештајот на ЕУ предупредува на очигледната неспособност...

Продолжи со читање

Зошто грејпфрутот ги топи килограмите

Post Views: 257 Грејпфрутот е вистинска бомба полна со лековити супстанци како што се витамините А и С, минерали од калциум, фосфор и калиум, ги спречува инфекциите и настинките, ги прочистува цревата и сето тоа го чини овошје кое би требало да си најде место во секое домаќинство. Кога станува збор за влијанието врз физичкиот изглед, помага кај тегобите со вените и го забрзува метаболизмот и поради тоа е одличен сојузник при слабеењето. Еве уште три причини зошто треба да се јаде грејпфрут: -Долго ве држи сити – Грејпфрутот е полн со влакна поради кои ве држи сити и ја намалува...

Продолжи со читање

Апликација која сите би посакале да ја имаме

Post Views: 251 Возачите во американската сојузна држава Ајова ќе можат од следната година да користат апликација на својот мобилен телефон како официјална возачка дозвола. Овој виртуелен документ ќе биде официјално средство за идентификација секогаш кога полицијата ќе ги запре возачите. Апликацијата ќе биде бесплатна и ќе може да се превземе на сите паметни мобилни телефони, а пристапот ќе биде овозможен само со поседување на соодветна шифра. На оваа апликација ќе бидат прикажани истите информации кои можат да се видат и на “физичката дозвола”, а надлежните ветуваат дека целиот...

Продолжи со читање

Видео: Новина на пазарот – ланци во спреј

Post Views: 273 На секој возач ова му е позната ситуација: зима, патишта со снег и мраз и тркалата се вртат во место поради недоволна тракција. Колку пати ви се случило да одите на работа во раните утрински часови кога е сѐ замрзнато или под снег? Возењето делува опасно и скоро невозможно. Токму по овој повод, Weicon разви производ кој му помага на возачот во такви временски услови. Спрејот е тестиран од страна на независниот германски институт Dekra. Опширната серија на тестови покажала дека Weicon Power Grip  ја подигнува тракцијата преку 30%. Спрејот ја зголемува тракцијата,...

Продолжи со читање

Пивоварна Лашко ја продаде Раденска за 52 милиони евра

Post Views: 258 Словенечката групација за производство на пиво и минерална вода, Пивоварна Лашко, потпиша купопродажен договор во кој својот 75,31% удел во Раденска го продаде за 52 милиони евра, потврдила компанијата на конференција за новинари во Љубљана. Договорната цена изнесува 13,59 евра за акција, а новите сопственици на Раденска се чешката компанија Kofola и словенечката P&P во сопственост на фамилијата Полич. Со договорот се предвидува, вклучувајќи ја и трансакцијата на пари, тој да се изврши во рок од три месеци. Пивоварна Лашко навела во соопштението дека со...

Продолжи со читање

Овие податоци звучат неверојатно

Post Views: 260 Иако живееме во свет кој е најповрзан досега, многумина ќе ги изненади податокот колку луѓе немаат пристап до интернет. Од индијските рурални подрачја, преку крајбрежните метрополи на Африка, американските предградија и азијските high-tech градови, интернет пристапот го диктира дневниот ритам на голем број луѓе. Извештајот на McKinsey покажува дека мнозинството на светската популација, околу 60% и понатаму е off-line. Главните бариери се сиромаштвото, информатичката неписменост и непостоењето на инфраструктура. Луѓето кои немаат пристап на интернет воглавно живеат...

Продолжи со читање