Skip to main content

Автор: инфодеск

Василица одбележана во Општина Дебрца

Post Views: 8 Василица по традиција одбележана во општината Дебрца. Оваа година најсреќен беше Даниел Ристески од Оделението за Урбанизам.Според стариот обичај, од баничката секој добива по едно парче, а оној кој ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата година. Даниел од колективот доби неколку подароци меѓу кои и икона со ликот на „Св. Василиј”. Се верува дека на тој што ќе му падне паричката ќе го прати среќа во текот на целата година – напиша градоначалникот Зоран Ногачески на официјалниот фејсбук профил.Градоначалникот Ногачески на...

Продолжи со читање

52-годишна жена на свет ја донесе Јана

Post Views: 15 По долгогодишна битка со неплодноста, на само ден пред големиот празник Василица, 52-годишна мајка на свет ја донесе Јана, по пат на царски рез, со тежина од 2.600 грама, информираа од „Плодност“-Битола.Она што често сме го нагласувале, а постојано се потврдува во пракса, е фактот дека пациентки над 50 години, кои забремениле по пат на инвитро-ИВФ постапките, стануваат мајки и се породуваат во нашата болница, токму како и во овој случај – истакна примариус д-р Таше Трпчевски, шеф на тимот за реализација на ИВФ во „Плодност“-Битола.Во болницата...

Продолжи со читање

Вечерва е Стара нова година, утре Василица

Post Views: 12 Православните христијани кои се водат според Јулијански календар вечер ќе ја пречекаат Православната или Стара нова година.Старата година ќе биде испратена и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.Ваквата традиција сеуште се негува во Македонија, Србија, Русија, Црна Гора, Белорусија, Украина, Ерусалим.Се чествува и Свети Василиј Велики кој е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија. Во црквата се смета како голем поборник за православната...

Продолжи со читање

Активности за заштита на чинарите во Охрид

Post Views: 16 Екипите на Паркови и зеленило со активности за заштита на чинарите на територијата на општина Охрид кои се заштитени со посебни мерки.Кај чинарот на плоштадот Крушевска Република се реализирани активности за обновување на заштитната кора, прихрана, дополнување со хумусна земја, чистење од суви и непотребни гранки и расчистување на околниот простор. Кај чинарот во населба Воска се реализирани активности за прихрана, кастрење суви гранки и расчистување на околниот простор. Кај другите чинари на територијата на општина Охрид се интервенираше со отстранување...

Продолжи со читање

Се подготвува голема спортска манифестација

Post Views: 8 Одржан првиот официјален состанок на кој беа презентирани детали околу подготовката и организацијата на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival, која ќе се одржува во Охрид од 18-ти до 27-ми август, со поддршка на Локалната самоуправа.На состанокот присуствуваа градоначалникот Кирил Пецаков, претставници на Здружението за промоција и развој на водените спортови „Фестивал на водени спортови“, претставници на клубовите за водени спортови од Охрид, претставници на Хидробиолошкиот завод, претставници на туристичкиот сектор, претставници на...

Продолжи со читање

Повеќе од 15000 холандски туристи се очекуваат во Охрид годинава

Post Views: 11 На интернационалната саемска манифестација во Холандија -“Vakantiebeurs Utrecht” која се одржува од 12-ти до 15-ти јануари 2023 македонските туристички потенцијали во комбинација со македонски вина и храна се промовирани на првиот ден од саемот, во заедничкa организaција на АППТ и ТУИ- Холандија.Интересот за македонскиот туристички пазар е зголемен и нашата дестинација се повеќе е застапена во програмите на туроператорите од Холандија, но и генерално во овој дел на Европа – велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.На...

Продолжи со читање

Битолчанец вршел јавен превоз без лиценца во Охрид

Post Views: 27 На 11.01.2023 Одделението за криминалистичка полиција при СВР Охрид до ОЈО Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(28) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“ по чл.284-а ст.1 од Кривичниот законик.Имено, на 19.12.2022 на бул. „Туристичка“ пријавениот е затекнат со патничко возило „голф“, со битолски регистарски ознаки, негова сопственост, како врши јавен превоз на патници, а при тоа не поседувал соодветна лиценца за вршење превоз – се вели во соопштението на...

Продолжи со читање

Пожар од плинска боца во куќа на ул. Даме Груев

Post Views: 17 На 10.01.2023 во 20:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар од плинска боца во куќа на ул. „Даме Груев“, во која живеел Р.М.(54) од Охрид.Пожарот е изгаснат од страна територијалната противпожарна единица, а Р.М. се здобил со повреди, поради што е пренесен во Медицински центар Охрид за укажување на лекарска помош – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.Увид изврши екипа од СВР Охрид.

Продолжи со читање