Skip to main content

Автор: инфодеск

Закони за заштита на животни има, но никој не ги спроведува

Post Views: 39 Закони за заштита на животните во земјава има, но тие се мртво слово на хартија. Не се спроведуваат. Бездомните животни секојдневно се изложени на нехуман третман. Тепање, убивање, труење, малтретирање на уличните животни е секојдневие. Активистите обвинуваат, надлежните институции не преземаат ништо.Итно мора да се реши овој проблем, состојбата е алармантна и итно, ама итно, мора да се преземат мерки за уличните кучиња. Ние како љубители, активисти, кои спаѓаме во здруженијата за заштита на животните, апсолутно не оправдуваме да има чопори и глутници, туку...

Продолжи со читање

Планински шампионски височини

Post Views: 10 Со минимум шеснаесет километри секојдневен тренинг, трчање до планински шампионски височини. За Охриѓанецот Дејан Ангелоски зимскиот период не претставува пречка во остварување на целта, а тоа е подобрување на својот пласман на државно ниво, балкански и европски првенства во трчање на планина. Со десеттина балансирани тренинзи неделно, искачувајќи ја Галичица, ја одржува кондицијата и свеж фокус за идните натпреварувања.„Зимскиов период немам паузи, тренингов ми е распределен, општо во волумен и интензитет, зимно време работам само волумен. Моја главна трка...

Продолжи со читање

СБ го корегира на 2,4 проценти растот на македонската економија за годинава

Post Views: 15 Светска банка во најновиот Извештај за глобалните економски перспективи прогнозира раст на македонската економија од 2,4 проценти годинава, што е за 0,7 процентни поени помалку во однос на објавената проекција во јуни лани.Проекцијата на Владата за економскиот раст на државава за годинава е 2,9 проценти.СБ има надолна ревизија и на проекцијата за македонскиот БДП за 2024 година за кога прогнозира дека ќе изнесува 2,7 проценти, односно надолната корекција е 0,5 процентни поени.Анализите на СБ покажуваат дека Македонија ја заврши 2022 година со раст од...

Продолжи со читање

Вечерва и утре Гала оперски концерт по повод Василица

Post Views: 16 По повод празникот „Василица“, вечерва и утре со почеток во 20 часот во Националната опера и балет ќе се одржи традиционалниот Гала оперски концерт.Како што информираат од НОБ, за да се одбележи традицијата на Василица, кога се крши лепче со паричка, на 13 јануари публиката во фоајето ќе има можност да земе лепче со паричка, а среќниот кому ќе му се падне ќе добие гратис-билети за целата сезона на Националната опера и балет.Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува. Оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите...

Продолжи со читање

Мицкоски : Ќе почне изградбата на плоштадот Крушевска Република

Post Views: 10 „Почитувани, иако е градот со наследени големи долгови, најдовме начин да вратиме добар дел од нив. но, и реализиравме вистински проекти за Охрид. Веднаш започнавме со проектот за реконструкција на „Македонски просветители” во центарот на градот, со што се направи целосно автентичен лик на центарот на Охрид. И нема да застанеме тука”, изјави во своето обраќање градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков во кампањата „Промените на дело” во организација на ВМРО-ДПМНЕ.Пецаков додаде дека за следната година со буџетот кој што заедно се...

Продолжи со читање

Зоран Анчевски добитник на наградата Григор Прличев

Post Views: 17 Зоран Анчевски, познат македонски поет и преведувач е автор на поемата „Коњски житија“ која е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во ракопис за 2022 година.Од 11-те пристигнати на Конкурсот распишан од НУ Центар за култура „Григор Прличев“, жири комисијата едногласно ја одбра поемата „Коњски житија“.Потребна е поширока популаризација во однос на промоција на изданието на добитничката поема освен во Охрид, таа да се прошири и во други градови на државата. Притоа, констатирано е дека некои од поемите се поднесувани во тек на повеќе...

Продолжи со читање

Се е подготвено за Вевчанскиот карневал

Post Views: 24 Традицијата стара векови и милениуми продолжува и оваа година, исто како во исконските времиња кога Василичарите од горна и долна маала, покрај традиционалните маски на Глупи Август, Зетот и Невестата и Ѓаволите, во дефилето ги исмеваат и актуелните политички случувања, низ звуците на зурли и тапани и со тоа ги бркаат лошите духови, односно злото, за да ја пречекаме Новата година прочистени и среќни.Карневалот започнува уште од утрото на 13-ти, кога во Василичарските конаци почнуваат да се собираат Василичарите и музичарите, околу пладне сите маскирани одат...

Продолжи со читање

Електронска наплата на сметките и фактурите во Комуналец

Post Views: 112 За олеснето плаќање на сметките и фактурите, ЈП „Охридски Комуналец“ на корисниците на нашите услуги им ја нуди можност за електронска наплата преку онлајн плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија, информираат од Јавното претпријатие.Со оваа услуга корисниците имаат увид во неплатените месечните сметки и фактури и брзо, лесно и сигурно можат истите да ги платат.Корисникот треба да креира кориснички профил на web-страната www.eohridskikomunalec.com.mk (на копчето „РЕГИСТРИРАЈ СЕ„) каде се внесува шифрата на корисник испечатена на сметката...

Продолжи со читање