Skip to main content

Автор: инфодеск

Инженерите во Facebook мора да користат стари телефони

Post Views: 288 Facebook ја сметаат за најпожелна компанија за работа, но многумина би се изненадиле кога во рацете на најдобрите инженери наместо iPhone6, Galaxy S5, HTC One M8 или некој друг топ модел, ќе видат стари и евтини телефони на преклопување од минатото десетлетие и кога ќе чујат дека вработените се жалат на спориот интернет. Имено, во оваа компанија е направена специјална лабораторија во која се користат евтини модели на андроид и телефони на преклопување во кои интернетот е спор. На овој начин Facebook сака да направи услови слични на оние, на пример, во руралните...

Продолжи со читање

Дали педесетгодишниот дрворед на улицата „Кузман Капидан“ ќе се исече?

Post Views: 338Група граѓани, жители на ул. „Кузман Капидан“ до Градоначалникот, Секретарот, Советот на Општина Охрид, Инспекциските служби, како и до Комисијата за превземање на мерки и активности за отстранување на дрва на територијата на Општина Охрид, доставиле барање за ургентно санирање на дрворедот на оваа улица. Во барањето се наведува дека дрвата се стари 60-70 години и дека некои од нив се исушени, деградирани и енормно високи. Граѓаните предлагаат да се исече целиот дрворед и да се засади нов, а целиот простор хортикултурно да се уреди, како и да се постават клупи...

Продолжи со читање

Незапирливиот Усеин Болт на чекор до историја

Post Views: 297 При слаб дожд, Усеин Болт во финалето на 200 метри го повтори резултатот од полуфиналето (19.78) што му беше доволно за уверлива победа. Никој од конкурентите не се спушти под 20 секунди, а на најдобриот светски спринтер на сите времиња најмногу му се доближи Канаѓанецот Андре Де Грас (20.02) и Французинот Кристоф Ламетр (20.12) кој го осветли образот на европскиот спринт освојувајќи бронза. Американците повторно останаа без медал, како и во Лондон, каде Јамајчаните го покорија светот освојувајќи ги сите три места на победничиот пиедестал. Во Рио го оставија...

Продолжи со читање

Најубав двор во Охрид

Post Views: 405 ЖЦ „Бисера“ и годинава ја спроведе оваа акција која станува традиционална. Сребра и Перо Тодороски после 42 години работа во Германија пред шест години се вратиле во Охрид и создале едно прекрасно катче за живот. Нивниот дом се наоѓа на периферијата на градот, на ул. „Петрино“ бр.57. Нема патник намерник кој поминува тука да не подзастане за да се восхитува на нивниот прекрасен двор. Поплочени патеки, многу цвеќе, трендафили, сардели, убаво обликувани зеленики, прекрасна фонтана се дел од ова оплеменето парче земја. Сребра вели дека сето тоа се должи на...

Продолжи со читање

Русија се заканува со освета

Post Views: 267 Русија, пред состанокот на шефовоите на дипломатиите на Русија и САД, запретила со освета кон САД поради носењето на законот кој допушта наметнување на нови санкции кон Москва поради мешањето во конфликтот во Украина. Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров треба да се состанат денес во Рим. Лутината на Москва ја предизвика текстот кој го изгласал Конгресот, а именуван е како “чин за поддршка на слободата на Украина” кој беше донесен едногласно во двата дома на американскиот Конгрес. Во текстот се допуштаат нови санкции против...

Продолжи со читање

Пет работи кои не е пожелно да бидат на социјалните мрежи

Post Views: 269 Експертот за безбедност Andy O’Donnell на about.com, дал неколку совети за тоа што не е добро да се открива на социјалните мрежи. –Датум на раѓање – Знаејќи го овој и уште 3-4 податоци лесно може да ви се случи некој да го превземе вашиот идентитет. Доколку не сте опседнати со тоа луѓето да ви го честитаат роденденот, изоставете  ја барем годината на раѓање и така ќе им ја отежните работата на крадливците на идентитет. –Домашна адреса – Со објавување на овој податок, превземате голем ризик. Во случај да објавите и кога сте на годишен одмор, арамиите...

Продолжи со читање

Пиењето алкохол сеуште мистерија за човештвото

Post Views: 289 Пиењето алкохол можеби е една од последните големи мистерии на човештвото која еден тим на истражувачи се обидела да ја разреши. Навистина, зошто човекот почнал да пие алкохол? “Сите аспекти на модерниот начин на живеење, од болките во грбот до претераното земање на шеќер, се резултат на историјата на човечката еволуција”, навел палеонтогенетичарот Matthew Carrigan, лидер на истражувањето и професор на колеџот во Санта Фе на Флорида. “Се обидовме да дознаеме повеќе за односот човек – етанол, психотропна супстанца која се наоѓа во сите алкохолни пијалоци”, рекол...

Продолжи со читање

Мурињо најбрзо ја проби магичната граница

Post Views: 281 Ниту Фергусон, ниту Венгер, туку харизматичниот португалски тренер, Мурињо, ја испиша новата страница во историјата на англискиот фудбал. Неговиот Челзи во саботата славеше против Хал Сити со 2-0, а Мурињо како менаџер на клубот од Стенфорд Бриџ (по втро пат во кариерата) го освои 400-от бод во 174 натпревари на Премиер лигата. Ниту Сер Алекс Фергусон, а ниту Арсен Венгер не успеаа да соберат толку бодови во толку “малку” натпревари. Фергусон како менаџер на Манчестер Јунајтед му требаа 191 натпревар да освои 400 бода, додека на Венгер на клупата на Арсенал му...

Продолжи со читање

Facebook ја воведува долгоочекуваната опција “dislike” ?

Post Views: 250 Mark Zuckerberg, основачот на моментално најпопуларната социјална мрежа, размислува за воведување на новата “dislike” опција. На конференција во Калифорнија тој рекол дека е тоа една од најбараните опции од корисниците. Луѓето кои имаат профил на оваа социјална мрежа сакаат да изразат несогласување со некоја вест, фотографија, видео запис или статус. “Една од работите за која многу размислуваме е – кој е правиот начин луѓето да изразат што повеќе емоции”, рекол Zuckerberg. “Луѓето на Facebook често споделуваат и тажни моменти на својот живот па на многумина не им...

Продолжи со читање

Видео: Рекордна заплена на фалсификувани евра

Post Views: 301 Италијанската полиција запленила рекордна количина на фалсификувани метални евра и издала 12 налози за апсење, објавено e во петокот. Полицијата открила контејнер со 306.000 парчиња на метални пари од едно и две евра во вредност од 556.000 евра. Експертите велат дека се работи за многу квалитетни копии кои биле изработени во Кина. Во февруари Европската комисија објавила дека од воведувањето на еврото бројот на фалсификувани метални евра кои се откриени и повлечени од оптек никогаш не бил поголем од 186.000. Најчесто фалсификувани метални евра се оние од 2 евра, а...

Продолжи со читање

Нови европски прописи за означување на храната

Post Views: 277 Европските граѓани ќе можат да ги избегнат алергиите, конзумирањето на наноматриии и ќе ги читаат упатствата на храната без помош на лупа, благодарение на новите европски прописи кои стапуваат на сила од 13 декември. Европскиот челник за здравје и безбедност на храната, Vytenis Andriukatis, истакнал дека новите прописи на прво место го ставаат потрошувачот пружајќи му појасни и поточни информации за храната која ја купува и јаде. Со оглед на сѐ почести алергии и нетолеранцијата на храната, присутноста на 14 најчести алергени (соја, глутен, млеко, кикирики,...

Продолжи со читање

Adria Airways продаде два воздухоплови

Post Views: 314 Словенечкиот авиопревозник Adria Airways продаде два авиони од својата флота и така ја осигура својата ликвидност во зимските месеци избегнувајќи можен стечај, пишува љубљанскиот дневен весник Dnevnik. Надзорниот одбор на компанијата прво не се сложил со управниот одбор и нивниот предлог за продажба на два авиони од типот CRJ900, но потоа се сложил имајќи во предвид дека Adria Airways повеќе не може да смета на докапитализација од државата која е нејзин 70% сопственик. Весникот наведува дека со продажбата се сложил и Словенечкиот државен холдинг (SDH) кој управува...

Продолжи со читање