Skip to main content

Автор: инфодеск

Двојно убиство во центарот на Скопје

Post Views: 13 Денеска околу 14.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода 40-годишниот М.Ј. од Скопје, поради сомнение дека околу 14:20 часот во стан на улица „Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале, информираат од МВР.По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Продолжи со читање

Бројот на странски гости 55%, домашни 45% во првите 10 месеци

Post Views: 14 Во првите 10 месеци бројот на странски туристи од вкупниот број туристички посети во Македонија за 2022 година е 55%, додека учеството на домашните туристи е 45%, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.Согласно податоците на Европската Комисија за туризам (European Travel Commission) пристигнувањата на туристи кои се резиденти надвор од ЕУ земјите е 29% од вкупниот број на патувањата на туристите во ЕУ за 2021 година, додека со 76.10% е учеството на пристигнувања на туристи од ЕУ земјите.

Продолжи со читање

Дигитална мапа за појасите на трска долж Охридското крајбрежје

Post Views: 16 Во текот на месец декември 2022 годинава, Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина‐Регионален зелен центар Охрид, ја спроведуваше активноста Изработка на дигитална мапа во рамки на проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“.Проектот се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).Се работи за дигитална интерактивна мапа на која се обележани појасите на...

Продолжи со читање

Агенциите за недвижности предлагаат мерки за стимулирање на пазарот

Post Views: 14 Агенциите за недвижности предлагаат измени во законот. За раздвижување на пазарот физички лица од регионот и неевропските земји да може слободно да купуваат недвижнини во земјава. Постоечките законски регулативи овозможуваат само граѓани на ЕУ и САД, да може да купуваат недвижнини, а граѓаните од земјите од регионот се дискриминирани, тие мора да поседуваат правен субјект.Агентите за недвижнини од Струга велат голем е интересот за станови и апартмани од потенцијални купувачи од Албанија, Косово, Србија и  Црна Гора, но законот не им дозволува.Според...

Продолжи со читање

Светска банка предупредува на можна глобална рецесија

Post Views: 14 Светската банка ги намали прогнозите за раст за 2023 година на ниво кое е на работ на рецесија за многу земји, наведувајќи го влијанието на засилените зголемувања на каматните стапки, продолжувањето на војната во Украина и колапсот на главните мотори на глобалниот економскиот раст.Глобалниот бруто домашен производ се очекува да порасне за 1,7 отсто во 2023 година, што, без рецесиите од 2009 и 2020 година, е најниската стапка во речиси три децении, се вели во извештајот на Светска банка.Во претходниот Извештај за глобалните економски изгледи, објавен во...

Продолжи со читање

Празнична посета на корисниците на програмата Најди време

Post Views: 16 По повод новогодишните и божикните празници, волонтери на Црвен крст Охрид коишто учествуваат во организирањето и во спроведувањето на програмата за грижа за стари лица „Најди време“, во текот на вчерашниот ден посетија корисници на оваа програма.Покрај тоа што им ги честитаа празниците и им посакаа здравје и среќа, волонтерите ги израдуваа посетените корисници на програмата „Најди време“ со пригодни подароци.

Продолжи со читање

Жител на Ливада осомничен дека усмртил 7 кучиња скитници

Post Views: 19 На 10.01.2023 во 17:15 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга,  извршен е службен разговор со М.З.(62) од селото Ливада, струшко.Тој се сомничи дека во периодот од 06:45 до 07:15 часот на улица „Владо Малески” во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници. Од него, одземена е ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри за вештачење – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Продолжи со читање

Второто полугодие ќе почне на 23 јануари

Post Views: 16 Владата соопшти дека денеска на 118. редовна седница, го разгледала и го усвоила предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари, да почне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици.Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.

Продолжи со читање