Skip to main content

Автор: инфодеск

24-ти Василичарски Карневал Куратица 2023

Post Views: 31 При крај се подготовките за 24-тиот Василичарски Карневал Куратица 2023.Со денови животот во ова село пулсира во знакот на карневалот кој има дваесет и четири годишна традиција. Жителите ги привршуваат последните подготовки, набавка на дрва за василичарскиот оган, се дотеруваат маските кои ги подготвуваат со многу внимание. Секоја различна и уникатна. Месната заедница од село Куратица, Здружението на граѓани Св. Василиј и населението на с.Куратица ве покануваат на 24-то издание (1 год пауза од пандемија) на Василичарски Карневал Куратица – 2023. Бидете дел од...

Продолжи со читање

Струга конечно ќе го решава проблемот со кучињата скитици

Post Views: 14 Струга конечно најавува решавање на проблемот со уличните кучиња. После бројните реакции на граѓаните за преголемиот број кучиња низ струшките улици и напади врз граѓани, општината со буџетот за 2023 година, предвиде финансиски средства за третман на кучињата.Целта е да се намали бројот, но и агресивноста.Прво ќе се заловуваат женките, а потоа мажјаците, кои ќе бидат стерилизирани, односно кастрирани. Истите ќе бидат обележани и вратени на улица. Општината е немоќна да направи Центар за нивно згрижување, вели Мерко. жКучињата скитници се голем...

Продолжи со читање

Деца од Охрид и Дебрца преку Бадниковата поворка го најавија Христовото раѓање

Post Views: 13 Околу 600 деца од Охрид и Дебрца, многу од нив придружувани од своите родителите, беа дел од охридската Бадникова поворка. Децата кои ги симболизираат ангелите пеејќи ја песната „Вечниот Бог”, по охридските улици, ја најавија радосната вест за Христовото раѓање. Децата беа среќни што се дел од настанот, а Христијан кој денеска има и роденден ја носеше Бадниковата пештера на чело на поворката.Се викам Христијан. Имам 17 години. Оваа година за прв пат сум во поворката и многу сум среќен што сум во поворката – вели Христијан.Децата со песна...

Продолжи со читање

Почина италијанската фудбалска легенда Џанлука Вијали

Post Views: 11 Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Џанлука Вијали почина на 58 годишна возраст. Вијали во 2017 откри дека има рак на панкреас и иако три години подоцна кажа дека целосно се излекувал, болеста повторно му се врати во 2021.Во декември се повлече од стручниот штаб на репрезентацијата на Италија со цел да се фокусира на лекувањето.Џанлука беше прекрасна личност и остава празнина што не може да се пополни. До крај се надевавме дека ќе изведе уште едно чудо. За утеха, сигурни сме дека никогаш нема да се заборави она што го направил за...

Продолжи со читање

Меѓународна поетска награда Мостови на Струга

Post Views: 17 Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО, го најавуваат конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2023 за најдобра дебитантска книга од млад автор.Наградата „Мостови на Струга“ беше востановена во 2003 година, како дел од опсежната соработка со УНЕСКО, а по повод прославата на Светскиот ден на поезијата – 21 март, со цел да се стимулира, промовира и афирмира поетското творештво како еден од најзначајните креативни изрази на човештвото. Секоја година, СВП и УНЕСКО заеднички го чествуваат овој ден, при што...

Продолжи со читање

Коледарчиња утрово низ Дебрца

Post Views: 31 Денес е Бадник или Коледе, Денот предвесник на најголемиот христијански празник-Божик.Младите бадникарчиња и коледарчиња од општина Дебрца со песнички ја најавија радосната вест за Христовото раѓање.Општината и оваа година го помогна учеството на бадникарчињата од Дебрца на големата бадникова поворка во Охрид. Христос се раѓа, славете! – напиша градоначалникот Зоран Ногачески на официјалниот фејсбук профил.

Продолжи со читање

Бадник

Денеска е Бадник, утре Божик

Post Views: 10 За православните христијани денеска е Бадник, денот кога се собира семејството на трпеза, на која освен храна има и бадниково гранче, кое претставува симбол на светлината и топлината на домот и на сите членови на семејството.Бадниковата вечера треба да нè потсети на тоа колку е важно семејството и слогата во него.Утре е Божиќ, еден од трите најголеми празници, кога, според христијанското верување, е роден Синот божји, Исус Христос.Според стариот јулијански календар се раководат Ерусалимската патријаршија, Македонската православна црква, српската,...

Продолжи со читање

Бесплатен паркинг за Божик во Охрид

Post Views: 13 ЈП „Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 07.01.2023 (сабота) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници.ЈП „Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање и во таа насока ја донесе оваа одлука. Јавното претпријатие им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет. За многу години, „Христос се роди”, велат од ЈП „Билјанини извори“ Охрид.

Продолжи со читање