Автор: инфодеск
Post Views: 59 Владата на 149тата седница го утврди текстот на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.Според образложението од предлагачот, Министерството за информатичко општество и администрација, со измените се усогласуваат одредби во Законот со законодавството на Европската Унија,соопшти владината прес служба.Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на брифинг најави дека во делот на медиумите првата фаза од измените на Законот за аудиовизуелни медиумски услуги е заокружена и ќе биде...
СЗО: “Огромен биолошки ризик” по заземањето на лабораторијата во Судан
Post Views: 45Властите на ОН велат дека едната страна во конфликтот во Судан презела контрола врз државната здравствена лабораторија во главниот град Хартум, каде што се наоѓа биолошкиот материјал, додавајќи дека ова е “исклучително опасен” развој на настаните.Нима Саид Абид, претставник на Светската здравствена организација (СЗО) во Судан, изрази загриженост дека “една од страните во конфликтот”, притоа не кажувајќи која, ја презеде контролата врз централната лабораторија за јавно здравје во Хартум и “ги протера сите...
Облачно, врнежливо и свежо време денеска во Охрид
Post Views: 28 Времето денеска во Македонија променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне во западните делови. Локално ќе има услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието засилен, северен ветер. Утринските температури во интервал од 2 во маврово до 10 во Гевгелија. Максималните дневни од 7 до 19 степени.Во Охрид претежно облачно со врнежи од дожд и посвежо. Утринска температура 7 степени, а максималната дневна до 13. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен...
Нафтена дамка во каналот Студенчишта
Post Views: 43 Денеска во каналот Студенчишта, извршен е вонреден инспекциски увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина.„На ден 25 април од страна на Државен Инспектор за животна средина од Канцеларијата Охрид Игор Трајкоски, Одделение за инспекциски надзор во животната средина-Пелагониски и Југозападен регион по 18 часот извршен е вонреден инспекциски надзор кај мостот во канал Студенчишта, по добиена информација за дамка од нафтен дериват во водата.“- информираа од Државниот инспекторат.При увидот изготвени се фотографии. Согласно регулативата ќе се...
Продолжен е рокот за замрзнување на цените на определни производи
Post Views: 50 Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки.Со Одлуката, се продолжува примената на веќе утврдени највисоки трговски маржи, од 30 април 2023 година, до 30 јуни 2023 година, за следниве стоки:за леб бел (сечен на парчина или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, во утврдената висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало...
Парулеска: Tаеквондото е мојот живот
Post Views: 87 Христијана Парулеска ги донесе европското злато и сребро во Охрид. Дочекана од своите другарчиња од клубот, градоначалникот Кирил Пецаков и голем број охриѓани на градскиот плоштад, таа кажа дека благодарение на градот и атмосферата која ја дочекала успеала конечно да ја совлада и возбудата после освојувањето на европскиот таеквондо трон.Европското злато во традиционално такевондо при ITF за кадети е остварување на нејзиниот сон. Парулеска вели дека за да се постигне ваков успех треба труд и посеветеност. За неа овој спорт е животот.„За мене во моментов...
ОУ „Св.Климент Охридски“ доби специјализирана подлога за гимнастика
Post Views: 51Специјализирана мобилна подлога за гимнастика и корективна гимнастика, како и останати спортски реквизити денес доби Општинското Основно Училште „Св.Климент Охридски“. Станува збор за реквизит кој многу ќе помогне во спроведувањето на спортските активности на часовите по Физичко и здравствено образование. Подлогата е донација на компанијата „Ховер крафт Адриа“, која неодамна отвори погон во Охрид, информираше Градоначалникот на Општина охрид Кирил Пецаков. Станува збор за инвестиција во образованието и спортот за нашите најмали, влог кој во иднина повеќекратно...
Започна обединувањето на МПЦ-ОА со ПОА на Вранишковски
Post Views: 54 Денеска почнува процесот на интеграција на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и Православната охридска архиепископија (ПОА) соопшти портпаролот на МПЦ, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј по завршување на седницата на Светиот архиерејски синод.„Одлуките се носеа главно едногласно, без никакви издвојувања, и денеска почна процесот за интеграција на ПОА во МПЦ-ОА“, изјави владиката Тимотеј и додаде дека одлуките не може да се соопштат за јавноста затоа што е потребно да се усогласат со Српската православна црква.Откога...







