Skip to main content

Автор: инфодеск

Проруските бунтовници ги предадоа црните кутии

Post Views: 325 Лидерот на проруските бунтовници, Александар Бородај, рано утрово по локално време, ги предал црните кутии од соборениот патнички авион  на малезиските експерти. Во таа прилика двете страни, во седиштето на самопрогласената Доњецка народна република во Доњецк, потпишале документ кој Бородај го нарекол “протокол со кој се финализира оваа процедура”, пренесува Reuters. Претставникот на малезискиот совет за национална безбедност, полковнкот Mohamed Sakri, на новинарите им рекол дека двете црни кутии се во “добра состојба”. Како што пренесува AFP, проруските...

Продолжи со читање

Град без невработени

Post Views: 337 Додека светот се бори со невработеноста, во Велика Британија постои град кој може да послужи како пример за другите. Станува збор за Uttoxeter, во Staffordshire, каде само 34 лица се на евиденцијата за невработени. Меѓутоа, со оглед на тоа дека за неколку дена се отвора нов супермаркет кој ќе вработи 180 лица, тоа значи дека веројатно и овие 34 ќе се вработат, пренесува DailyMail. Спрема статистичките податоци, во Велика Британија дури 1 милион лица нашле работа во текот на минатата година. Меѓутоа, никој нема статистика како Uttoxeter, кој во Велика Британије е...

Продолжи со читање

Ракетниот систем со кој е срушен авионот стигнал од Русија

Post Views: 388 Во интервју за CBS, американскиот државен секретар, John Kerry, рекол дека е прилично јасно дека ракетниот систем со кој е срушен малезискиот авион стигнал од Русија и им бил предаден на сепаратистите. Тој додал дека истрагата за овој случај ќе ги изнесе заклучоците за тоа каква улогa имала Русија. “Ние имаме многу докази кои укажуваат на тоа дека Русија е замешана, а тоа повлекува многу сериозни прашања, вклучувајќи го и фактот дека пред неколку недели 150 возила од Русија оделе на исток од Украина натоварени со тенкови, топови, ракетни фрлачи, оклопни...

Продолжи со читање

Нов детал за кобниот лет МН17

Post Views: 354 Се појавија нови детали за самата рута која ја одбрал екипажот на сега срушениот авион. Летот МН17 на линијата Амстердам-Куала Лумпур во четвртокот ја одбрал рутата неколку стотини километри посеверно од вообичаеното, а причините најверојатно се кријат во силното невреме кое се надвило над подрачјето на вообичената рута, пишува Guardian. “Слушнав дека ја смениле рутата поради невреме. Верувам дека станува збор за облаци со громови. Во таков случај обично се прашува контролата на летање дали ќе ви одобри десно или лево од невремето”, рекол претседателот на...

Продолжи со читање

Рекордна отштета на пасиониран пушач

Post Views: 342 Поротата на судот на Флорида ѝ доделила на Cynthia Robinson, вдовица на страстниот пушач Michael  Johnson, рекорден износ на отштета во износ од 23 милијарди долари на основ нејзината тужба против вториот најголем американски производител на тутун RJ Reynolds. Пресудата е најголема во историјата на државата која некој поединец ја поднел против некоја компанија. Robinson  ја тужела компанијата во 2008 година поради смртта на нејзиниот сопруг, тврдејќи дека во своите производи криеле опасност по човековото здравје и можност за создавање зависност. Johnson (36), кој...

Продолжи со читање

Седум знаци кои покажуваат проблем со алкохолот

Post Views: 338 Околу 15% од луѓето кои пијат алкохол стануваат зависни, предупредува Karlton Ericson, директор на истражувачкиот центар за проучување од зависност на универзитетот во Тексас. Не се сите симптоми исти за сите луѓе, но некои од нив секако дека можете да ги препознаете и да признаете себеси дека сте во проблем. Еве некои од нив: Си поставувате граница но не ја почитувате Ако секогаш се обидувате да се ограничите на одреден број на пијалоци и секогаш тоа го пречекорите, имате проблем. За да се надмине проблемот, откријте што ве тера да посакате алкохол и избегнувајте...

Продолжи со читање

Холандскиот премиер бесен на Русија

Post Views: 318 Светот и понатаму е во шок од рушењето на авионот на Malaysia Airlines, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот. Бројни сведоци од малото село на границата помеѓу Русија и Украина ги изнесуваат сведочењата за моментот на паѓање на авионот. “Се слушна страшна бучава, а потоа почнаа да ми паѓаат работи на покривот од куќата. Во кујната ми падна тело од еден патник”, ги опишува драматичните моменти Ирина Трипунова. Само неколку стотини метри од нејзината куќа во полето паднале десетина тела. Жителка на селото која сакала да остане анонимна тврди дека видела...

Продолжи со читање

Почеток на нова студена војна?

Post Views: 352 Малезиската трагедија само го потврди она што сериозните геостратези го знаат со години, а тоа е дека западот предводен од САД е во геостратешки судир со Русија на Путин. Рускиот претседател Владимир Путин е видно потресен и лут. До сега некако и можеше да се брани дека не стои зад проруските бунтовници во Украина, но по рушењето на малезискиот авион и погибијата на 298 патници, веќе никој не верува во “руските бајки” и ветувања. Западот е во предност кога станува збор за пропагадната војна. Украинските сили ја искористија слабоста на Путин и почнаа да го стегаат...

Продолжи со читање

Ефектите на ЛЕД сијалиците можат да бидат поприродни

Post Views: 319 По повеќемесечно тестирање, германските научници, го потврдиле најновото откритие. ЛЕД сијалиците можат подобро и поприродно да го осветлат просторот, благодарение на новиот материјал. Иако не звучат револуционерно, сознанијата на германските научници најавуваат далеку поголема енергетска придобивка и поприродно осветлување на просторот. Wolfgang Schnick не е голем познавач за осветлување и не посебно го интересирале сијалиците, но со време овој хемичар почнал да обрнува внимание на квалитетот на светлото и сијалиците кои вообичаено ги купувал. Скоро секој...

Продолжи со читање

Пивото е лек во умерени количини

Post Views: 318 Овој древен пијалок преживеал до ден денес во својот изворен облик и со право покрај чајот е најраспространетиот пијалок на светот. За производство на пиво се користат четири природни состојки – вода, слад, хмељ и квасец, што е во согласност со законот за чистота на пивото кој потекнува од далечната 1516 година. (германски Reinheitsgebot). Спрема тој закон, за производство на пиво е дозволено да се користат само слад, хмељ и вода, а подоцна тој список е дополнет и со пивскиот квасец, за кој во времето на Reinheitsgebot  не се знаело. Во последните 30 години...

Продолжи со читање

Технички детал кој ќе ги заштити цивилните авиони

Post Views: 309 Малезискиот лет веројатно е срушен со далекуметна ракета земја-воздух. Се поставува прашање зошто тоа е модерно, кога оружјето наведувано софтеврски е способно да нападне цивилен авион. Имено, сите цивилни авиони емитираат сигнал кој ги идентификува како цивилни. Во повеќето случаеви се спроведува протокол кој се вика Мод С кој не го користат воените авиони. Модерните, радарски наведувани ракети, како таа со која е срушен малезискиот авион, не обрнуваат внимание во кој мод е транспондерот на целта. Кога стрелецот ќе ја избере метата тие истата ја бараат. Сега кога...

Продолжи со читање

Херојски над Украина

Post Views: 321 Колку е сериозна ситуацијата би требало да се напомне дека само неколку часа по паѓањето на малезискиот авион, Lufthansa и British Airways ги повлекоа своите авион од оваа област. И останатите компании ја заобиколуваат оваа област во широк лак, освен една.Како што се гледа на сликата на Flightradar еден од авионите на Montenegro Airlines се намерачил баш преку Украина. {loadposition content9}

Продолжи со читање