Skip to main content

Автор: инфодеск

Аматер прес

Една деценија НАТГ „Аматер“

Post Views: 47 Независната аматерска театарска група „Аматер“ од Охрид одбележува една деценија постоење. Приказната која започна пред 10 години од четворица матуранти ентузијасти, успешно продолжи до денес. По повод годишнината, премиерно ќе ја изведат театарската претстава „Чернодрински се враќа дома“ на текст на Горан Стефановски.„Пред неколку години сакавме да ја спремаме оваа претстава, но заминавме во друг правец, но во вистинско време испадна шансата да ја спремиме оваа претстава, текстот „Чернодрински се враќа дома“ баш за овој јубилеј, десетти, бидејќи има многу...

Продолжи со читање

крајбрежје исток

Започна мисијата на Бернската, Рамсарската конвенција и УНЕСКО во Охридскиот регион

Post Views: 81 Стручниот тим на Министерството за животна средина и просторно планирање предводен од министерката Шукова, денес ги прими претставниците на Секретаријатот на Бернската конвенција во делот на заштита на природното наследство, кои се во мисија во нашата државата во врска со Отворениот фајл за Република Северна Македонија: Наводни негативни влијанија врз Охридското Езеро и Националниот парк Галичица – кандидати за Емералд подрачја, поради развојот на инфраструктурата.Во поздравното обраќање министерката Шукова ги презентираше активностите на Министерството и...

Продолжи со читање

Најчитатели библиотека

Најчитатели и најчитани книги во охридската градска библиотека

Post Views: 59 По повод 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право вчера во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид се одржа посебна свеченост на која беа прогласени најчитатели за 2022, најчитаните автори и дела а на над 30 донатори на книги им беа врачени благодарници.Со мисла од големиот Цицерон дека „Еден дом без книги е како тело без душа“, најчитателката во возрасна категорија избрана од страна на охридската Библиотека, Силвија Крстевска која во 2022 прочитала 91 книга упати апел до младите да читаат:-Читањето е отворен прозорец кон светот и апелирам...

Продолжи со читање

Евра измама

91-годишен охриѓанец измамен за сума од 3000 евра

Post Views: 42 На 24.04.2023 во 13.40 часот во СВРОхрид, 91-годишен охриѓанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.000 евра.„Според пријавеното, околу 11.30 часот на бул.„Македонски просветители“ лицето започнало разговор со него и побарало да му даде пари за да ги покаже на негов пријател од странска земја. Како што е пријавено, тој ги земал парите од негов пријател и откако му ги дал, лицето заминало и не се вратило, по што сфатил дека е измамен.„- информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Продолжи со читање

Катја натпревар Италија

Врвни настапи и награди на музичките таленти од ОМУ „Методи Патче“

Post Views: 63 Од 21-23 aприл во Тревизо- Италија, се одржа XV Меѓунарoден натпревар “Giovani musicisti”. Оваа година учество зедоа млади музичари од повеќе од 15 држави од целиот свет ( Италија, Украина, Словенија, Хрватска, Македонија, Србија, Кина, Романија, Полска, Чешка, Германија, Австрија, Јужна Кореа, Албанија, Босна и Херцеговина и др).Трите претставнички од Охрид, ученички во ООМУ “Методи Патче”, постигнаа забележителни резултати и се закитија со значајни награди.Од класата по пијано на проф. м-р Ана Ѓорѓиоска, ученичката Катја...

Продолжи со читање

вакцинација

Кампања за вакцинација „од врата до врата“

Post Views: 47 По повод Европската недела на имунизација 2023, Министерство за здравство започна со теренски активности во рамки на широка кампања за промовирање на имунизацијата, што се реализира заедно со Светска здравствена организација и со финансиска поддршка од Европската Унија.Со кампањата ќе бидат опфатени 20 општини, каде е регистриран понизок опфат на вакцинација на деца согласно календарот за задолжителна имунизација, како и вакцинација против Ковид-19.Над 30 тимови од медицински лица од здравствените домови во државата одат „од врата до врата“, во посета на...

Продолжи со читање

сообраќај

Времен режим на сообраќај на улицата Пирин Планина

Post Views: 53 Се известуваат граѓаните што живеат и гравитираат на улица „Пирин Планина“ во населба Кошишта дека заради подготвителни работи за асфалтирање на улицата, од утре 26.04.2023 година (среда) ќе биде воведен времен режим на сообраќај.Се упатува апел до граѓаните да се придржуваат на сообраќајниот режим и да се воздржат од паркирање на возилата по должина на улицата.

Продолжи со читање

Свет архиерејски Синод

Синодот ќе одлучува за обединување на МПЦ-ОА со ПОА на Вранишковски

Post Views: 61 Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА денеска треба да одржи седница на која се очекува да биде донесена одлука за обединување со ПОА (Православна Охридска Архиепископија). Со тоа треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ, со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА.Порталот Религија.мк вчера објави дека постои начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА и кои епархии ќе им бидат дадени.Порталот пишува дека од добро упатени извори дознава дека сите четворица владици на ПОА ќе добијат...

Продолжи со читање