Skip to main content

Автор: инфодеск

Охриѓанката Алма Шемо е добитничка на наградата за најдобар студент на Катедрата за македонски јазик

Post Views: 452 Фондацијата „Доктор Лефтер Манче“ за првпат оваа година, на ден 28.9.2025 г., по повод неговиот 90. роденден и основањето на Фондацијата, го додели престижното признание и парична награда за најдобар студент на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Алма Шемо од Охрид и Стефан Спасовски од Скопје.Ова високо признание е потврда за нивната извонредна посветеност, научна истрајност и љубов кон македонскиот јазик и книжевноста. Алма Шемо и Стефан Спасовски се издвојуваат како студенти со континуирани академски успеси,...

Продолжи со читање

Во сабота ќе се одржи хуманитарната и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“

Post Views: 152 Црвен крст Охрид и оваа година со најава на традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ која ќе се реализира во сабота, на 4 октомври.-Настанот ќе започне во 11 ч. со „главна трка“ на младите чиј старт ќе биде од Кеј Македонија-пред х. Палас, а цел на Кеј Македонија-пред Центар за култура „Григор Прличев“, каде ќе продолжат спортските, културно забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди. Како новина оваа година од 14 ч. на Градскиот плоштад „Климент Охридски“, посетителите ќе можат да уживаат...

Продолжи со читање

Одржан X Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2025

Post Views: 174 ШК Ласкер Охрид, во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид, минатиот петок во ООУ Братство Единство Охрид, го организираше X Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2025 пионери, за учениците од основните училишта д Општина Охрид. Учесниците беа поделени во две категории момчиња и девојчиња (до5 одд), на турнирот во машка конкуренција учествуваа 14 ученици кои играа 6 кола по Швајцарски систем и турнирот во женска категорија на кој учествуваа 8 ученички, овој турнир се играше 5 кола, по Швајцарски систем.На X...

Продолжи со читање

Забранети сите цивилни дронови во Данска

Post Views: 149 Данска ги забрани сите цивилни летови на беспилотни летала оваа недела пред самитот на Европската унија во Копенхаген, изјави министерот за транспорт на земјата во неделата. Министерството соопшти дека одлуката е донесена со цел да се поедностави безбедносната процедура за полицијата и дека не можат да прифатат странски беспилотни летала што создаваат неизвесност и нарушување.Данска, како и неколку други европски земји, пријави голем број инциденти со беспилотни летала во последните недели. Само еден ден пред забраната, беа видени беспилотни летала како...

Продолжи со читање

Интервенција на водоводната мрежа, прекин во водоснабдувањето на дел од улиците „Кеј Македонија“, „Партизанска“ и „АСНОМ“

Post Views: 132 Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 08:30 часот повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците: „Кеј Македонија“ , „Партизанска“ и „АСНОМ“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со интервенцијата.

Продолжи со читање

Светата великомаченичка Ефимија

Post Views: 157 Родум од Халкидон. Татко ѝ беше сенаторот Филофрон, а мајка – Теодорисија, обајцата благочестиви христијани. Ефимија беше прекрасна девица и по тело и по душа. Кога антипатот Приск устрои празник за жртвопринесување на Ареј во Халкидон, тогаш четириесет и деветмина христијани за да го одбегнат тоа скверно жртвопринесување се сокрија. Меѓутоа, ги пронајдоа и ги изведоа пред Приск. Меѓу нив беше и Ефимија. Кога надмениот Приск ги запраша зошто не ѝ се покоруваат на царската заповед, тие одговорија: „И на царската и на твојата заповед треба да ѝ се покориме,...

Продолжи со читање

Денес променливо облачно со повремен локален дожд, утре преодно стабилизирање, а од среда нов постуден бран

Post Views: 113 Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Од УХМР информираат дека во вторник ќе имаме преодно стабилизирање на времето. Од среда кон крајот на денот се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд. Температурата ќе биде во значително опаѓање.Во Охрид минималните температури од 11, а максималните до 20 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

СВР Охрид: Нападнато 42-годишно лице од Велгошти

Post Views: 126  На 27-ми септември 2025 година, во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека едно лице со остар предмет нападнал 42-годишник од охридското село Велгошти.– По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Две лица од струшко Корошишта преместиле броило на ЕВН и украле електрична енергија вредна над 22 400 евра

Post Views: 158 ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 83 и 45 години, двајцата од струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.–Во текот на оваа година пријавените неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило и противправно, поврзале бакарни жици со кои се премостувало електричното броило, со што го оневозможиле да ја мери потрошената електрична енергија. Со тоа, пријавените на ЕВН Македонија, подружница...

Продолжи со читање

„Импровокација“ вечерва на театарската сцена

Post Views: 170 Култното шоу „Импровокација“ вечерва во 20 часот повторно на театарската сцена.Картите може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066.

Продолжи со читање

Денес е Крстовден – Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст

Post Views: 146 равославните верници денеска го празнуваат големиот Христијански празник, Крстовден.Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот Крстовден или Водокрст (18/5 јануари) е посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството, а есенскиот Крстовден, под името Воздвижение на чесниот Крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос.Овој настан и се припишува на царицата Елена, мајката на славниот цар Константин, основачот на Цариград (Константинопол).Во...

Продолжи со читање

Дел од улицата „Димитар Влахов“ денес ќе биде затворена за сообраќај

Post Views: 160 Поради неодложни активности кои се однесуваат на фекалната канализација,  денес дел од улицата „Димитар Влахов“ од пред зградата на Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски Просветители“ ќе биде затворена за сообраќај.-Се замолуваат охриѓани да ги почитуваат времените сообраќајни правила и мерки. Градежните активности ќе ги реализираат надлежните служби на ЈП „Нискоградба“, велат од Општина Охрид.

Продолжи со читање