Автор: инфодеск
Post Views: 35 Главниот уредник на германското списание Die Aktuelle, кој објави лажно интервју со Михаел Шумахер направено преку вештачката интелигенција, е отпуштен, објави медиумската група Funke.“Таа невкусна и погрешна статија никогаш не требаше да се појави. На никој начин не ги исполнува стандардите на новинарството кои ние и нашите читатели ги очекуваме од група како Funke”, рече Бјанка Полман, директор на списанијата Funke.Според неа, уредничката на списанието Актуел, Ен Хофман, која го води списанието од 2009 година, е отпуштена.Бјанка Полман му...
Испитен центар на штрајк, државната матура доведена во прашање
Post Views: 38 Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ) од денеска стапи во Генерален штрајк, поради недобивање на согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на своите членови, соопштија оттаму.„Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународно тестирање ТИМС итн.) ќе бидат запрени до добивање на согласност од...
Променливо облачно време денес во Охрид
Post Views: 67 Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на ситен град.Утринските температури во Македонија во интервал од 6 до 10 степени , а дневните од 12 до 22 степениВо Охрид променливо облачно со услови за врнежи од дожд, утринската температура до 6 степени, а максималната дневна до 18 степени.
Енергетска ефикасност за 13 пречистителни станици со помош на ЕБОР
Post Views: 55 На денешниот состанок на претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање, Европската банка за обнова и развој и дел од општините во државата беа презентирани можни решенија за енергетска ефикасност за 13 пречистителни станици за отпадна вода во Северна Македонија, изработени во рамки на Студијата за пред-изводливост финансирана од ЕБОР.„Изградба и функционирање на пречистителните станици за отпадни води се обврска. Не треба да размислуваме дека нивното одржување значи значителен трошок, туку мора да размислуваме како нивната работа да...
Горивата поевтинуваат од 1,5 до 3 денари по литар
Post Views: 39 Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на бензините се намалува за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,2 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 83,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за три денари за литар и ќе се продава за 71 денар, додека цената на Екстра лесното масло...
Одземена лиценцата на ТикТок анестезиологот
Post Views: 54 Одлуката за времено одземање на лиценцата за работа на анестезиологот д-р Ваљтон Дервиши, кој снимаше и на социјалната мрежа ТикТок емитуваше пациенти и медицински персонал, ја донесе Судот на честа при Лекарската комора кој заседаваше денеска.Специјалистот анестезиолог нема да смее да работи во струката седум години, што согласно правните прописи е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето.„Судот на честа утврди дека докторот сторил повреда на Кодексот на медицинска деонтологија на ЛКРСМ, како и Меѓународниот кодекс на медицинска...
Општина Струга воведува интегрирано образование
Post Views: 65 Струга воведува интегрирано образование. Преку проектот „Градиме нови мостови” во градинките, основните и средните училишта во струшко започнаа со работа мешани мултиетнички паралелки.Целта е создавање на воспитно образовна клима која ги негува интеркултурните и интеграциските процеси за надминување на културните разлики. Преку заеднички наставни и вон наставни активности се постигнува меѓусебно зближување.Мешани групи ученици, под ист покрив заеднички следат настава.„Во нашето училиште почнаа да се реализираат тие мултиетнички паралелки,...
„Влези, не се соблакај“ на 5-ти мај пред охриѓани
Post Views: 42 На 5-ти мај на сцената на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ гостува познатата актерка Весна Петрушевска со стендап-претставата „Влези, не се соблакај“.Претставата е исповед за животот на Петрушевска, во која во час и половина низ солзи и смеа се раскажуваат нејзините подеми и падови, како и најзначајните моменти од нејзиниот живот, детството, младоста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар.Актерката низ хумор раскажува како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче, со кого...







