Автор: инфодеск
Post Views: 40 На 03.05.2023 година (среда) ќе се изврши теристична дезинсекција против ларви од комарци на територија на Општина Охрид на површина од 500 хектари. Се работи за реализација на првиот дел од ларвицидниот третман во рамки на годишниот план за дезинсекција.Активностите се одвиваат согласно склучениот Договор за набавка на услуга за превентивна дезинсекција против возрасни комарци и ларви од комарци во соработка со Министерството за транспорт и врски. Прскањето ќе го спроведе Центарот за јавно здравје од Охрид.
УЈП го продолжи рокот за ДДВ-04
Post Views: 43 Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите за три работни дена. Крајниот рок за поднесување на овие даночни пријави за даночните периоди од 01.01.2023 – 31.03.2023 и за 01.03.2023 – 31.03.2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25 ќе се смета 28 април.Поместувањето на терминот е направено поради повеќето неработни денови во текот на овој месец. Според објаснувањето од УЈП, рокот е продолжен согласно Законот за даночна постапка, а со цел да се...
Охриѓанец нападнат и ограбен во кругот на општа болница
Post Views: 39 На 24.04.2023 во СВР Охрид било пријавено дека во кругот на ЈЗУ – Општа болница Охрид, П.К.(25) од Охрид бил физички нападнат од едно лице, кое му одзело пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Одбележани 118 години од смртта на Христо Узунов
Post Views: 74 Во рамки на чествувањата по повод одбележување на годишнината од херојската погибија на Христо Узунов, денес делегација на Општина Охрид положи свежо цвеќе пред неговата спомен- биста во градскиот парк.Делегација на општината присуствуваше и на панихидата и се поклони на гробот на познатиот охридски револуционер во Цер – Кичево.Деновиве со културно уметничка програма ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник.
Нова водоводна линија на крак од Абас Емин
Post Views: 45 ЈП ВОДОВОД Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на крак од улицата „Абас Емин“.Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, ќе се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 83 метри, информираат од јавното претпријатие.Изминатава недела екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 17ти до 23ти Април, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување.Отстранети беа дефекти на следните...
Затворена за сообраќај улица „Коста Абраш“
Post Views: 44 Од денеска, 24.04.2023 година (понеделник) ќе започне изведба на градежни активности за преуредување на камени коцки на улица „Коста Абраш“. Поради неперечно одвивање на активностите, сообраќајот на оваа улица ќе биде затворен во целост.Овој режим на сообраќај ќе трае до целосно завршување на предвидените градежни активности.
Кинески државјанин повреден при работа на автопатот Охрид-Кичево
Post Views: 47 На 23.04.2023 во СВР Охрид, од специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ш.Ч.(40) од Кина.Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 10.00 часот при извршување работни задачи на автопатот во изградба Охрид-Кичево, кај с.Оровник, информираат од СВР Охрид.Увид извршиле екипа од СВР Охрид и трудов инспектор.
Историчарите против укинување на предметот Историја за сметка на нов „Историја и општество“
Post Views: 58 Здружението на историчарите на Република Македонија денеска со соопштение реагира поради отсуството на Историјата во наставните програми за VI одделение, и бара мораториум на Концепцијата за основно образование.Како Здружение на историчарите на Република Македонија, чијашто повеќе од седумдецениска дејност меѓу другото е насочена кон развојот на македонската историографија и унапредувањето на квалитетот на наставата во македонската историја, потсетуваме дека многупати и тоа во повеќе форми, јавно предупредивме на негативните импликации од крајно избрзано...







