Автор: инфодеск
Post Views: 54 Делегација на Општина Охрид, вчера, во рамки на чествувањата положи свежо цвеќе пред спомен бистата на Христо Узунов во истоименото основно училиште.Чествувањата продолжија вечерта со свечена програма по повод Патрониот празник на ООУ Христо Узунов во НУ Центар за култура „Григор Прличев“.Чествувањата ќе продолжат на 24.04 со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на Христо Узунов во Градскиот парк и со панихида на неговиот гроб во Цер, Кичево.
До недела сончево, од понеделник дожд
Post Views: 30 Времето денес сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови на државава ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. По свежото утро максималната дневна температура ќе се искачи до 18 степени.Во сабота попладне ќе има услови за локален пороен дожд со грмежи, а во недела ќе преовладува претежно сончево и топло време. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,...
Ученици и млади ќе работат во хотелско угостителскиот сектор
Post Views: 34 На стартот на сезоната туристичкиот сектор бара начини за пополнување на недостигот настручниот кадар. На испразнетите места од вработените, кои масовно заминуваат на сезонска работа во странство и ова лето сезонски ќе се ангажираат ученици и млади од 16 години, кои лани докажаа дека можат да одговорат на зададените работни задачи.На еден искусен вработен во секторот може да му помагаат двајца млади помошници и пак да се постигне квалитетна услуга во хотелско угостителскиот сектор, велат од ХОТАМ.„Бевме позитивно изненадени од нив, многу добро изработија....
Сребро за Парулеска на Европското првенство во ИТФ таеквонодо
Post Views: 35 Христијана Парулеска од Охрид се закити со сребрен медал на Европското првенство во ИТФ таеквонодо во Јесоло, Италија, иако нијанси ја делеа од победа. Парулеска среброто го освои во форми (кати) 11-13 години црн појас први дан.Ова е успешен старт на нашата репрезентација, се очекуваат уште медали.„На првиот натпреварувачки ден, на наше задоволство, репрезентација го доби првиот медал (ЕП трае до 24 април). Наптпреварувањата продолжуваат и сметам дека имаме квалитетни натпреварувачи и реални очекувања за уште одличја“, изјави селекторот на македонската...
Охрид е новата жешка точка за британските туристи
Post Views: 124 Македонија е претстојната Европска дестинација за одмор со изобилство на сонце и прекрасни предели по поволна цена. Со овие зборови водителот во студиото на “ITV” го најави вклучувањето од Охрид во најгледаната британска утринска емисија This Morning.Охриѓанката Слаѓана Манчич Џонсон на социјалната мрежа Фејсбук објави видео од првото вклучување во живо од Охрид во утринското шоу.Од пред црквата Св. Јован Канео се вклучи репортерот Крег Дојл со звуци од македонска народна музика. Вака би сакал да ми започнува секое утро, кажа репортерот.„Да бидам искрен , не...
Субвенции за ПВЦ прозори, сончеви колектори и фотонапонски електроцентрали
Post Views: 137 Со буџет од 70 милиони денари Министерството за економија ќе ги кофинансира домаќинствата кои оваа година ќе купат и наместат ПВЦ или алуминиумски прозорци, сончеви термални колекторски системи, фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до шест киловати.Министерот за економија Крешник бектеши денеска на прес-конференција во Владата информираше за четири јавни повици кои ги објави Министерствотоз а економија од Програмите за поддршка на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.За надоместување на дел од трошоците за...
Jавна анкета и презентација за ЛУПД за проект “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ“ КО Охрид 4
Post Views: 46 Општина Охрид организира јавна анкета и јавна презентација за ЛУПД за проект “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ“, КО Охрид 4, Општина Охрид, ( со техн.бр. L3016 од октомври 2022 год.) изработен од Агенција за планирање на просторот- СкопјеПланскиот опфат за ЛУПД за проект “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ”, КО Охрид 4, Општина Охрид со површина од35 ха, во рамки на катастарските парцели: КП 2113, КП 2112, КП 2100/1, КП 2100/4, КП 2099/1, КП 2099/2, КП 2085/1, КП 2085/2, КП 2128/1, КП 2128/2, КП 2129, КП 2127/1, КП 2127/2, КП 2126, КП 2114/1, КП 2114/2, КП 2111/1, КП 2111/2, КП 2110, КП...
„СУПер чистка“ за Денот на планетата Земја
Post Views: 51 По повод Денот на планетата Земја, во сабота (22.04. 2023г.) SUP клуб Охрид организира еколошка акција. Акцијата „СУПер чистка“ ќе се одвива на плажите околу Канео и места кои се достапни само по воден пат.„Најголемата закана за нашата планета е верувањето дека некој друг ќе ја спаси. Ве чекаме на супер дружба и уште една СУПер чистка акција.“ – порачуваат од SUP клуб Охрид.Секој кој сака да чисти и по вода добива бесплатна опрема и обука за управување со СУП.Опремата за чистење ќе биде обезбедена од SUP клуб Охрид. Сите кои сакаат да учествуваат...







