Автор: инфодеск
Post Views: 429 Цената по која ќе го продаде бутикот, италијанскиот индустријалец Carlo De Benedetti, претставува рекорден износ за еден објект кој ќе биде под брендот Chanel. Имено, француската модна куќа Chanel ќе плати 140 милиони евра за бутик на авенијата Монтењ во Париз. Фамилијата Wertheimer, во чиј посед е компанијата Chanel, ќе го превземе овој бутик под свој бренд, со површина од 600 метри квадратни, по рекордна цена од 230.000 евра по квадрат, пишува францускиот Figaro. Авенијата Монтењ претставува една од најдобрите локации за продажба на луксузна роба, така да, како...
Признание кое го шокира светот
Post Views: 388 Многу фирми кои се наоѓаат на листата на часописот WirtschaftsWoche, веќе имаат расчистено со своето нацистичко минато, но останува запишано во историјата. Големи фирми како Bosch, Mercedes, Deutsche Bank, Volkswagen и други, користеле робовска работна сила која воглавно се состоела од заробеници од концентрационите логори, за време на Втората светска војна, пишува еден од најпопуларните часописи WirtschaftsWoche. Daimler уште во 1986 година признал дека користел 40.000 работници за присилна работа под невозможни животни услови за време на војната, што на фирмата...
Дали Балканот е спремен за климатските промени
Post Views: 555 Во моментот кога ОН предупредуваат на климатските промени како една од најголемите закани, а најголемите светски економии ги ставаат во фокусот на своите политики, колку е Балканот подготвен да се соочи со реалноста на промените во природата. Научниците предупредуваат дека влијанието на климатските промени е видлив, а глобалното затоплување носи последици како што се глад, болести, сиромаштво и војни. Со зголемувањето на температурите (се проценува раст на температурата на планетата да изнесува од 0,3 до 4,8 степени), Европа ја очекуваат суши, топлотни бранови,...
Отворено училиште за “спонзоруши”
Post Views: 388 Едукативна усанова за спонзоруши и мажи кои бараат такви жени за животно дружење, е отворена во Њујорк. Професиналната “спонзоруша” Carla Abonia и нејзиниот ментор Alan Schneider во Њујорк отвориле училиште за жени кои бараат богати постари мажи кои финансиски ќе ги издржуваат, пишува metro. “Ќе ве научам како да гледате на врската за да биде просперитетна и корисна за двете страни”, вели Abonia. Оваа едукативна организација сака да ги научи учениците како да бидат успешни “спонзоруши” со помош на сексуалноста, разбирањето, дарежливоста, привлечноста и...
Еве како во иднина ќе се смируваат протести
Post Views: 597 Американската војска веќе со години користи беспилотни летала за напади на воени цели и им овозможува, без ризик за животот на своите војници, успешно да ги изведуваат операциите на непријателските подрачја. На слична идеја дошле во компанијата Desert Wolf каде направиле Skunk Riot Control Copter – посебно беспилотно летало чија цел ќе е смирување на големи протести, односно снимање, означување и растерување на протестанти. Ова летало е опремено со камери, звучници и силни рефлектори, така што може да ги снима и да ги осветлува протестантите и да им упатува пораки...
Тајниот интернет кој е сто пати побрз од Google Fiber
Post Views: 381 Кога Patrick Pichette од Google рекол дека технолошкиот гигант наскоро, на корисниците во САД, ќе им обезбеди конекција од 10 гигабити по секунда, се чинело дека научната фантастика ќе стане стварност. Во прашање е илјада пати побрза конекција од било која денешна конекција која ја имаме дома, меѓутоа за NASA тоа и понатаму е преспоро. И додека сите ние користиме размена на податоци по јавен интернет, вселенската агенција користи посебна мрежа која се вика ESnet – Energy Science Network. Станува збор за приватна мрежа која успеала да отствари трансфер на податоци...
Уште една причина за страв од пајаци
Post Views: 436 Лицата кои страдаат од арахнофобија имаат уште една причина да се плашат од пајаци бидејќи научниците откриле дека одредени видови на овие инсекти ловат и јадат риби поголеми од себе. Научниците дошле до бројни докази ширум светот за постоење на полу-водени пајаци кои јадат риби. Одредени примероци можат да пливаат да нуркаат и да одат по површината на водата. Пајаците користат моќни неуротоксини и ензими за да ја усмртат и сварат рибата. “Обично на пајакот му се потребни неколку часови да ја изеде рибата и да останат само коските”, рекол за Reuters зоологот...
Десет лица загинати во поплавите во Бугарија
Post Views: 651 Десет лица загинале, а повеќе се водат како исчезнати, по силните дождови и поплави кои го погодија приморскиот град Варна, соопштија официјални лица во Бугарија. Шефот на регионалната полиција, Николај Калчев изјавил дека вчера доцна навечер се пронајдени десет давеници. Тој не можел да го каже точниот број на исчезнати бидејќи поголем дел од овој град на брегот на Црно море е поплавен. На фотографиите се прикажани улиците на Варна прекриени со калива вода во висина од еден метар, десетици автомобили како пловат, а спасувачките екипи се обидуваат да дојдат до...
Бродот “Галеб” стана скапа руина
Post Views: 448 Бродот на Југословенската воена морнарица “Галеб”, кој со децении беше пловечка резиденција на претседателот Јосип Броз Тито, за Риека станува скапа руина. Во бродот, со кој Тито патувал 14 пати и посетил 18 земји во Европа, Азија и Африка, а кој градот имал намера да го претвори во музеј, од 2008 година е вложено 1 милион евра, а бродот сеуште скапува во пристаништето, наведува порталот Index. Парите биле потрошени за преглед на бродот, на негово купување на лицитација, на годишни трошоци спрема капетанијата. Значајни средства се дадени и за разни поправки на...
Пивскиот стомак е мит
Post Views: 364 Нутриционисот Др. Kahryn O’Sullivan верува дека другите пијалоци би требало да се заменат со пиво, и тоа го смета за паметна исхрана. Тврди дека 100 милилитри на пиво има помалку калории од виното, жестоките пијалоци, па дури и од сокот од портокал. “Пивскиот стомак” е мит бидејќи не постојат докази кои укажуваат на тоа дека пивото предизвикува дебелеење, – вели Др. O’Sullivan. Секако дека ќе се здебелите ако конзумирате огромни количини, но тоа важи и за било кој друг пијалок. Иако Др. O’Sullivan не ги оспорува доказите дека прекумерното конзумирање на...
Бизарни прописи кои звучат неверојатно во 21 век
Post Views: 392 Бакнежот на јавно место во многу земји може скапо да ве чини. Колку и да звучи неверојатно за 21 век, сепак тешко е разбирливо дека во Западна Европа сеуште владеат пуритански прописи од пред Првата светска војна. Така, во Франција, на пример, и понатаму важи закон од 1910 година со кој се забранува бакнување на пероните од железничките станици. Целта била, своевремено, да се оневозможи доцнење на возовите, но законот не е укинат ни во време на супер брзите возови. За кршење на овој закон не е предвидена драконска казна, но важат наредбите во ист момент да се...
Еве кого нема повеќе да го гледаме на YouTube
Post Views: 497 YoyTube дал ултиматум на познати музичари како што се Adele, Arctic Monkeys и Radiohead – прифатете ги нашите услови или ќе ве блокираме на Youtube. Google се припрема за воведување на музички сервис поради кој со дискографските куќи и изведувачите потпишале нови услови на соработка. Иако мнозинството ги прифатило условите, сепак дел на независни издавачи го одбиле предлогот на Google и сега им прети блокирање на YouTube. Така, за некој ден од најпопуларниот онлајн видео сервис би можело да исчезнат спотовите на популарните Adele, Arctic Monkeys и Radiohead, што...