Автор: инфодеск
Post Views: 78 Кон крајот на овој месец во мониторинг на Охрид доаѓаат претставници од Унеско и бернската конвецнија. Тие ќе вршат увид до каде е напредокот во однос на спроведувањето на препораките за заштитата на природното и културното наследство.Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, смета дека напредок е постигнат согласно можностите и финансиите на општината и смета дека критиките во јавноста се дел од орекстрирана кампања на поединци.„Ќе бидат во министерството за животна средина првичниот состанок, а другиот ден ќе додјат тука во Охрид. Ние како општина Охрид имаме...
Во петок „Велигденски фестивалски денови во Охрид“
Post Views: 45 7-то издание на фестивалот „Велигденски фестивалски денови во Охрид“ ќе се одржи во петок 21.04 2023 година на платото пред НУ Центар за култура Охрид. Организатор на фестивалот е Здружението Мултикултурната интернационална организација за фолклорни фестивали-МИОФФ од Охрид.Фестивалот со име „Велигденски фестивалски денови во Охрид“ традиционално секоја година се одржува првиот викенд после големиот христијански празник Велигден. Од Здружението ги покануваат сите љубители на убавата игра и песна да уживаат пред платото на Центарот за култура од 17.30 часот...
“Одисеја 2022”- монографија за Марко Пејчиновски
Post Views: 57 Несекојдневните подвизи кои Марко Пејчиновски ги реализира летото 2022 год, оставајќи свој траен белег во историјата на Охрид и Охридското Езеро, се поместени во монографијата „Одисеја 2022“.Неговиот успех преку фотографии, официјални сертификати со кои беше ратификувано секое од пливањата, како и видување на сите оние кои, секој на свој начин беа дел и сведочеа за подвизите на Марко, се претставени на 90тина страни.Достигнувањата на ова шеснаесет годишно момче кое не ги признава границите на човечките можности, заслужуваше да биде овековечено низ...
Обуките за Негуватели во Црвен Крст Охрид, поголема можност за вработување
Post Views: 50 Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица и лица со попреченост од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира обука за негувател/ка на стари лица и лица со попречености.Црвен крст Охрид е овластена организација за спроведување на обуки за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост во Охрид и Дебрца, согласно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.„Обуката, која содржи теоретски...
Од УХМР најавуваат врнежливо попладне во Охрид
Post Views: 30 Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, велат од УХМР.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди, попладне со услови за врнежи од дожд и максимална температура до 14. степени.Во Македонија минималната утринска температура се искачи до 2 степени, а максималната дневна ќе достигне до 20 степени.
Светски поетски фестивал „Прличев и Еминеску – поглед кон иднината“
Post Views: 71 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во соработка со Меѓународната академија „Михаи Еминеску“ од Крајова – Романија од 19 до 22 април ќе биде домаќин на Светскиот поетски патувачки фестивал „Прличев и Еминеску – поглед кон иднината“.Во Охрид се очекува да допатуваат поетите: Јон Деаконеску, Константин Барубу од Романија, Тибор Залан -Унгарија, Бојко Ламбовски – Бугарија, Атила Балаж – Словачка, Градимир Гојер – Босна и Херцеговина, Јетон Келеменди и Љуљзим Тафа – Косово и македонските поети: Зоран Анчевски, Славе Ѓорѓо Димоски и Иван...
Британската “This Мorning” во живо од Охрид
Post Views: 67 Директно вклучување од Охрид и Скопје во најгледаната дневна телевизиска емисија “This Мorning” која се емитува во Велика Британија.Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е организатор на информативно патување за новинари и репортери од дневното шоу “This Мorning” во период од 17ти до 20ти април. Нивниот интерес е да направат репортажа за недопрените убавини на нашата земја која е “budget friendly” за туристите.„Целта на ова патување е промоција на Северна Македонија и главниот град Скопје како дестинации погодни за туристите од Велика...
Градоначалникот Пецаков го поништи јавниот повик за субвенционирани клими
Post Views: 45 Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уред за 2023 година е поништен, известуваат од Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад во чии рамки се спроведува проектот „Подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид – субвенционирање на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување – инвертер клими за 2023 година“.„Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување-инвертер клима уред за 2023 година, објавен на 06.04.2023 година СЕ ПОНИШТУВА...







