Skip to main content

Автор: инфодеск

Облачно време

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Post Views: 48 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Минималните температури беа во интервал од три до 10 степени, а максималните од 9 до 16 степени.Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на циклонска активност во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.Во следните три дена минималната...

Продолжи со читање

Фламинга

Несекојдневна глетка : Јато фламинга над Охридското езеро

Post Views: 39 Големо јато на фламинга беше забележано на крајбрежјето на Охридското езеро, на големиот празник Велигден.Туристите имаа можност да уживаат во оваа посебна глетка која е несекојдневна особено во нашата земја.Фламингата беа во голем број, а дали „залутале“ или пак новиот дом го пронашле токму во Охрид засега останува нејасно.Инаку, ова не е првпат да се појави фламинго во Македонија, пред две години во Преспа исто така беа забележани розови фламинга во Преспанското езеро.Извор/КурирГолемо јато на фламинго лета низ Охридското езеро...

Продолжи со читање

Велигденски јајца

Денес е Светол понеделник, втор ден Велигден

Post Views: 49 Денеска е Светол понеделник, втор ден Велигден, ден кога се расчу веста за воскреснувањето на Исус Христос. Со овој ден, започнува Светлата недела, односно неделата по Велигден, во која сите христијани го слават воскреснувањето.И на овој ден продолжува славењето на Неговиот живот, со гозби и дружење. Доколку овој ден го поминете во веселба, радости и добро расположение, таква ќе ви биде и следната година, до наредните велигденски празници.Верниците денеска го слават вториот ден од големиот христијански празник Велигден.Христовото Воскресение, Велигден...

Продолжи со читање

Игралиште Св. Климент

Игралиштето кај ООУ Св. Климент Охридски доби нов лик

Post Views: 46 Повеќенаменското игралиште кај ООУ „Св. Климент Охридски“, доби сосема нов лик.Даденото ветување на минатогодишниот традиционален фудбалски натпревар на повеќенаменското игралиште во училиштето „Св. Климент Охридски” целосно го исполнивме. Тогаш дадов ветување дека игралиштето ќе биде целосно реконструирано пред одржувањето на овогодинешниот традиционален фудбалски натпревар и тоа го остваривме. Игралиштето претрпи целосна реконструкција, ги заменивме оградите, спортските реквизите, трибините ги реконструиравме, а најважно од се е заменета на подлогата...

Продолжи со читање

Велигден

Велигденска честитка на градоначалникот Кирил Пецаков

Post Views: 81 Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод големиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден, до граѓаните од православна вероисповед испрати честитка во која им посакува да го прослават со среќа во срцата и во пријатна атмосфера.Дозволете ми да Ви го честитам ВЕЛИГДЕН и да Ви посакам здравје, благодет, Христова љубов и спокој во секој дом и во сечие срце. Празнувањето на најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение – ВЕЛИГДЕН, е возвишен ден, зошто е празник во кој преовладува животната радост, од која извираат љубовта и надежта. Ден...

Продолжи со читање

Исус Христос

Христос Воскресна, Честит Велигден

Post Views: 110 Верниците кои времето го сметаат според стариот јулијански календар на денешен ден го слават Велигден, најголемиот христијански празник. Тоа го претставува Христовото воскресение од мртвите, како и победата на верата и победата на животот над смртта. Откако беше распнат на крстот на Голгота, рид надвор од Ерусалим, Христос воскресна на третиот ден.Според Новиот Завет, а особено според Евангелијата, Христос воскреснал од мртвите на тој ден, откако ја поминал саботата во гробот во градината на Јосиф. Во неделата наутро, ангел Божји слета на гробот и Исус...

Продолжи со читање

Приведен

Во Струга уапсен охриѓанец баран по потерница

Post Views: 36 При полициска контрола уапсен охриѓанец баран по потерница за издржување затворска казна.На 14.04.2023 во 15:30 часот на магистралниот пат во близина на Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Х.Г.(39) и С.Ѓ.(38), двајцата од Охрид. При контрола во патничко возило „опел астра“, во кое биле двајцата, било пронајдено и одземено шише со непозната течност – соопшти МВР.Притоа, било констатирано дека С.Ѓ. бил баран по потерница врз основа на наредба на Основен суд Охрид за издржување затворска казна и бил спроведен во...

Продолжи со читање

Ристе Недески

Ристе Недески нов секретар на ОО СДСМ Охрид

Post Views: 57 На седница на ИО на ОО СДСМ Охрид, Ристе Недески беше едногласно изгласан за Секретар на ОО СДСМ Охрид.Заедно во духот на напредокот и сплотеноста, продолжуваме кон остварување на нашата цел – просперитетна европска иднина и добробит на секој еден граѓанин – велат од СДСМ Охрид.

Продолжи со читање