Автор: инфодеск
Views: 201 Од четврток, 29 октомври, граѓаните ќе можат да ги користат личната карта и возачката дозвола во дигитална форма, преку новата мобилна апликација „м.Услуги“. Официјалната промоција на апликацијата е закажана за среда, 28 октомври, најави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.Преку апликацијата, граѓаните ќе имаат пристап до електронските верзии на личната карта и возачката дозвола, како и до електронски услуги од јавната администрација. Целта е државните услуги да станат подостапни и поедноставни за користење, директно преку мобилниот телефон.Една од...
Охридскиот камерен оркестар со концерт „Мозаик на жанрови“ во Центарот за култура
Views: 215 Охридскиот камерен оркестар ќе одржи концерт под наслов „Мозаик на жанрови“ во среда, на 28 октомври 2026 година, со почеток во 13 часот, во Малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.Концертот се реализира во рамките на годишната програма и културната понуда на Центарот за култура, а пред охридската публика ќе биде изведена разновидна музичка програма, составена од познати дела од класичната и забавната музика.Како солисти на концертот ќе настапат Исабела Димовска, Ѓоко Чеменкоски и Билјана Буџакоска.Проектот има за цел да ги обедини различните...
Бензините поевтинуваат за пет денари
Views: 131 Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 5,00 денар по литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе биде 91,00 денар, а ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе се продава за 93,00 денари за литар.Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува 0,50 денари и еден литар ќе чини 110,00 денари.Мазутот М-1 НС, пак, поскапува за 0,694 денари и еден килограм ќе се продава за 54,273 денари.Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука...
Прва награда за охридскиот гимназијалец Јон Ѓорѓиевски на Државниот фестивал за аматерски филм
Views: 221 Јон Ѓорѓиевски, ученик во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, освои прва награда за експериментален филм на јубилејното 55. издание на Државниот фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Македонија (55-ДФНФ 2026).Наградениот филм „Во спектарот (музика)“ е кратко визуелно остварување без дијалог, во кое музиката ја носи главната емоција и е водилка низ филмската приказна.Посебноста на филмот е во тоа што музиката е целосно авторско дело на Ѓорѓиевски, кој сам ја компонирал, снимил и продуцирал.Од ООУ „Св. Климент Охридски“ му честитаат на ученикот за...
Со последните организирани групи туристи во октомври, Охрид ја приврушува сезоната
Views: 113 Со последните организирани туристички групи, кои пристигнуваат до крајот на октомври, привршува туристичката сезона на брегот на Охридското Езеро. И во втората половина на месецот, во главниот туристички центар имаше солидна посетеност.Се поголем е интересот за посета на културно историските споменици надвор од традиционалната летна сезона. За дел од посетителите ова е повторна средба со Охрид, додека други за првпат ги откриваат неговите убавини.„Многу убав град, многу убава земја, ми се допаѓа.”- вели турист од Турција.„Секоја недела доаѓам во Охрид со...
Тројца охриѓани приведени по тешка кражба во автокамп во Охрид
Views: 112 Тројца жители на Охрид се лишени од слобода откако биле затекнати при транспорт на украдени предмети од автокамп во Охрид, информираат од полицијата.На 25 октомври 2026 година, во 13:45 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода тројцата мажи, на возраст од 18, 25 и 30 години.Според информациите од полицијата, тие биле затекнати по извршена тешка кражба во кампот, при што со два мопеди, за кои немале соодветни документи, ги транспортирале одземените предмети.По целосно документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Креативна работилница за најмладите: „Учиме да ткаеме!“ во петок, во Охрид Мол
Views: 197 Најмладите охриѓанчиња овој петок ќе имаат можност да се запознаат со традиционалната уметност на ткаењето преку креативна и едукативна работилница, наменета за поттикнување на детската фантазија, креативноста и љубовта кон културата.Работилницата „Учиме да ткаеме!“ ќе се одржи на 30 октомври (петок), со почеток во 19:00 часот, во Охрид Мол. Преку практична работа и дружење, децата ќе имаат можност да научат нешто ново и одблиску да се запознаат со уметноста на ткаењето.Настанот е во организација на Валентина Рубаноска и се реализира во рамки на проектот „Културата расте...
„Да градиш иднина дома” – четврта Конференција за младинско претприемништво во Охрид
Views: 111 Младински Центар Охрид на 28 октомври (среда), со почеток во 12:00 часот, ќе ја организира четвртата Конференција за младинско претприемништво под наслов „Да градиш иднина дома.” Настанот ќе се одржи во просториите на МЦО – Касарна и ќе ги обедини младите луѓе заинтересирани за претприемништво, професионален развој и можностите за градење кариера во родниот град.Во фокусот на конференцијата ќе биде панел-дискусијата „А што ако успееш?”, на која тројца локални претприемачи ќе ги споделат своите искуства, предизвици и приказни за создавањето сопствен бизнис и...









