Автор: инфодеск
Post Views: 129 Претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.За време на викендот ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m2), проследени со грмежи и засилен ветер.Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 13 до 18 степени Целзиусови.
Институциите и родителите на средба за поголема сообраќајна безбедност на децата
Post Views: 136 Денес во просториите на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски”- Охрид беше остварена средба меѓу претставници од СВР Охрид, Општина Охрид и родители-членови на советот на родители каде беше дебатирано на тема „Безбедноста во сообраќајот на малолетните лица“.Од СВР Охрид велат дека подолг период се регистрираат поголем број на прекршоци од страна на малолетни лица и за жал бележи пораст на стапката на смртност кај овие лица, како управување на мопед без возачка дозвола, над дозволена брзина или без возачка дозвола, но и неправилно паркирање и неносење на заштитна...
Утре затворена за сообраќај дел од улицата „Димитар Влахов“
Post Views: 119 Поради неодложни активности кои се однесуваат на фекалната канализација, утре – 27. 09 2025г. дел од улицата „Димитар Влахов“ од пред зградата на Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски Просветители“ ќе биде затворена за сообраќај.-Се замолуваат охриѓани да ги почитуваат времените сообраќајни правила и мерки. Градежните активности ќе ги реализираат надлежните служби на ЈП „Нискоградба“, велат од Општина Охрид.
Македонија заостанува зад европскиот просек во трансплантации, 170 лица чекаат бубрег
Post Views: 138 Во изминатава година и половина направени се вкупно 4 кадаверични трансплантации, осум пациенти добија бубрег, од починат донор. Листата на оние кои чекаат трансплантација е долга, ги има околу 170 лица, а меѓу нив и деца на 15 годишна возраст.Македонија заостанува зад европскиот просек во трансплантации, но причина број еден е малиот број на донори.„ Во однос на процесот на трансплантација ние треба да се согледуваме на другите европски држави каде што бројката на трансплантирани болни изнесува некаде околу 30 до 40% од вкупните...
Кандидатите за градоначалници на Охрид и Вевчани потпишаа Кодекс за фер и демократски локални избори
Post Views: 284 Кандидатите за градоначалници на општините Охрид и Вевчани денес го потпишаа Кодексот за фер и демократски локални избори 2025 година.На потпишувањето на Кодексот во големата сала на Општина Охрид присуствуваа четворицата кандидати, актуелниот градоначалникот Кирил Пецаков како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција, Асен Шајн од СДСМ и Коалиција, Гоце Цветкоски како независен кандидат и Стевче Стевоски како кандидат од Твоја партија.-Ги повикувам сите политички субјекти и другите кандидати да се придржуваат до овој кодекс и да покажеме дека можеме да имаме...
МВР од денес ќе ги казнува пешаците со слушалки или телефон во рака
Post Views: 165 Од денеска започнува примената на измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Истиот предвидува парична казна од 40 евра доколку преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака, а казна од 50 евра ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред.Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата велат дека законските измени се усвоени за да се унапреди безбедноста на најранливите категории на учесници во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни незгоди како последица на...
Во понеделник трет уписен рок на УИНТ „Св. Апостол Павле“ – Охрид
Post Views: 169 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид ќе го реализира третиот уписен рок за академската 2025/2026 година во понеделник, 29 септември 2025 год. Кандидатите ќе можат да поднесат документи од 8:00 до 16:00 часот во просториите на Универзитетот.–На располагање се современи студиски програми од областа на информатичките науки и технологии: компјутерски науки и инженерство, комуникациски мрежи и безбедност, машинска интелигенција и роботика, дигитална мултимедија и анимација, и дигитална бизнис аналитика, посочуваат од...
Денес променливо облачно и посвежо
Post Views: 134 Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер.Под влијание на циклонска активност од денес до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе опадне за 8 до 10 степени во однос на денешната.Минималните температури во Охрид од...
Струга е домаќин на Третите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти од Мрежата SEEN Transplant
Post Views: 133 Од денеска, 25-ти до недела, 28-ми септември 2025 година, во хотелот „Дрим“ во Струга ќе се одржат Третите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти од Мрежата SEEN Transplant, информира Здружението на бубрежни болни граѓани НЕФРОН.Здружението е домаќин на средбите, а учество ќе земат и организации на пациенти од дијализа и со трансплантирани органи од 8 земји членки на мрежата: Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија и Црна Гора.-Средбите се со едукативен и спортско-рекреативен карактер и ќе изобилуваат со...
Нов асфалт на „Дејан Војвода“, „Сатеска“ и „Петар поп Арсов“
Post Views: 180 Со финансиска поддршка на Општина Охрид , денеска се асфалтираа околу 1 700 м2 од улица „Дејан Војвода“.Во текот на утрешниот ден нов асфалт ќе биде поставен и на делови од улиците „Сатеска“ и „Петар поп Арсов“.Овие активности се дел од годишната програма за уредување на градежно земјиште на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид.
Црвен крст – Охрид ја одбележува Неделата на промоција на хумани вредности (ПХВ)
Post Views: 127 Традиционално, и оваа година општинската организација на Црвен крст ќе ја одбележи Неделата на промоција на хумани вредности (ПХВ).Настанот ќе се одржи утре, петок, во просториите на Црвен крст Охрид со почеток во 14 часот, а на настанот ќе бидат презентирани овогодинешните ПХВ проекти, реализирани од страна на младите волонтери, со цел промовирање на солидарноста, хуманоста и активната вклученост во заедницата.-Како знак на признание и благодарност, ќе бидат доделени благодарници на сите младинци и донатори кои активно учествуваа и придонесоа во изработката...
Фармацевтите се значаен сегмент во здравствениот систем
Post Views: 118 Фармацевтите се мошне значаен сегмент во здравствениот систем одговорни за осигурување на правата на пациентите, давање на вистинскиот лек во вистинската доза како и индивидуална посветеност на секој пациент.Еден од најголемите предизвици со кои денес се соочува фармацевската фела е обемната административна работа која им се налага, а со тоа се скратува времето да им се обрне внимание за совет и фармацевтска грижа кон пациентите.Друг предизвик е тоа што системот за електронски лекови...