Skip to main content

Автор: инфодеск

Префинето музицирање на триото „Кимера“

Views: 203 Незаборавно музичко доживување исполнето со виртуозност и длабока емоција приреди италијанското трио „Кимера“ кое настапи вчеравечер на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“.Публиката во црквата „Света Софија“ ги почувствува индивидуалните музички квалитети на пијанистката Марта Черета, на виолинистот Стефано Ракањи, како и на виолинистот Џорџо Лукини, но не помалку се чувствуваше и префинетоста во заедничкото музицирање на тројцата млади уметници за што беа наградени со бурни овации.Виолинистот Стефано Ракањи рече дека за фестивалот конципирале посебна програма и оти...

Продолжи со читање

„Езерска приказна“ денес во Охрид: Книги, креативни работилници и претставата „Црвенкапа“ за најмладите

Views: 190 Денес, 17 јули, со почеток во 20:00 часот, на плоштадот „Вангел Наумовски“ во Охрид ќе се одржи уште едно издание на „Езерска приказна“, настан наменет за најмладите љубители на книгата, креативноста и театарот.Настанот е дел од програмата на Општина Охрид „За сите деца – Културата расте со децата“, чија цел е преку литература, игра и уметност да ја поттикне детската љубопитност и љубовта кон читањето.Во рамките на програмата „Чудни и чудесни езерски приказни“ ќе се одржат читачки и креативни работилници, а децата ќе имаат можност да се дружат со познати македонски...

Продолжи со читање

Свети Андреј, архиепископ Критски

Views: 175 Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест! Во својата четиринаесетта година отиде во Ерусалим и прими монашки потстриг во лаврата на Свети Сава Осветен. Со разумот и подвигот ги надмина многумина постари монаси и им беше пример на мнозина. Потоа патријархот си го зеде кај себе за писмоводител. А кога почна да свирепствува монотелитската ерес – којашто учеше дека Господ Исус ја немаше човечката волја, туку само...

Продолжи со читање

Сончево и топло со температура до 33 степени

Views: 152 Денеска во Охрид сончево и топло време со мала до умерена облачност. Максималната дневна температура до 33 степени.Температурите во Македонија утре во интервал од 31 до максимални 38 степени.До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 31 степен. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Продолжи со читање

По подметнатиот пожар на депонијата, Општина Струга со засилени безбедносни мерки и 24-часовен надвор

Views: 290 Од Општина Струга информираат дека вчеравечер неодговорни лица ја запалиле депонијата во Струга, создавајќи сериозна ситуација што го загрозува здравјето и безбедноста на сите граѓани.–Благодарение на брзата реакција на општинските служби и надлежните институции, пожарот беше локализиран и изгаснат навреме, со што беа спречени уште потешки последици. Веднаш на местото на настанот излегоа и припадници на Полицијата, како и надлежните инспектори, кои отворија постапка за идентификување и изведување пред лицето на правдата на сторителите, стои во соопштението од...

Продолжи со читање

Спречен обид за криумчарење на две илјади вијали со раствор за венскa инјекција при магнетна резонанца

Views: 199 Од Царинската управа информираат дека нивниот мобилен тим од Одделението за оперативни работи на граничниот премин Деве Баир спречил обид за криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс“, кои косовски државјанин, возач на товарно моторно возило, сакал да ги криумчари криејќи ги во кабината на возилото.-Со оваа акција Царинската управа јасно ги покажува своите напори кон заштита на здравјето на граѓаните, спречувајќи небезбедни медицински препарати да стигнат до нив. Вијалите се запленети, а против сторителот од страна на Одделението за истраги е...

Продолжи со читање

Делови од Машка и Женска плажа во Струга се обележани како јавни плажи

Views: 313 Општина Струга продолжува со активностите за уредување и проширување на јавните плажи покрај Охридското Езеро.Од Општината информираат дека денеска се обележани делови од Машка и Женска плажа како јавни површини наменети за користење од страна на сите граѓани и посетители.Посочуваат дека работите на овие локации продолжуваат, а во наредниот период е предвидено дополнително уредување и подобрување на условите на плажите.Од Општина Струга додаваат дека целта е да се создадат уредени, безбедни и достапни јавни простори кои ќе придонесат за поквалитетен престој на...

Продолжи со читање

Италијанското трио „Кимера“ со целовечерен концерт на „Охридско лето“

Views: 176 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концертот на триото „Кимера“ од Италија што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Триото го сочинуваат пијанистката Марта Черета, виолинистот Стефано Ракањи и виолончелистот Џорџо Лукини. „Кимера“ е оформено под менторство на Патрик Јуед на Високата школа за уметности во Берн и неговите членови се здобиваат со магистериум по камерна музика во 2023 година. Во Италија студираат со квартетот „Кремона“ во Центарот за гудачки инструменти „Стауфер“, а постдипломските студии ги завршуваат...

Продолжи со читање