Автор: инфодеск
Post Views: 515 Социјалните мрежи денес се занимаваат со претседателот Барак Обама кој е виден како џвака гума за џвакање додека свирела Марсељезата (химната на Франција) на свечената церемонија по повод одбележувањето на 70 годишнината од денот Д во Нормандија. “Обама сакате и кока-кола додека џвакате, додека се свири Марсељезата”, “Кралицата доаѓа, а вие џвакате”, наведуваат двајца корисници на Твитер, пренесува агенцијата AFP. Корисниците на Твитер објавиле и дека Обама “срамно” и “вулгарно” џвака, додека еден друг корисник го нарекол Обама “мангуп”. Американскиот лидер се...
Лоши вести за љубителите на порнографијата
Post Views: 475 По студијата која покажала дека луѓето кои гледаат порнографски содржини стануваат мрзливи, еве уште едно истражување на слична тема. Имено, новото истражување носи потенцијално лоши вести за љубителите на порнографските содржини – мажите кои редовно гледаат порно материјали имаат помали мозоци. Така покажала студијата на институтот Max Planck во Берлин објавена во научното списание Jama Psychiatry. Научниците со магнетна резонанца снимиле 64 мажи на возраст од 21-45 години. Се покажало дека тие кои често гледаат порнографија имаат помал стриатум – дел од...
Пет факти за Google кои можеби не сте ги знаеле
Post Views: 581 Google можеби за нас знае се, но постојат работи што ние не ги знаеме за интернет сервисот кој стана неизбежен дел од современиот живот. Порталот Mashable издвои пет фасцинантни факти за Google кои можеби не сте ги знаеле. Ако почине вработен во Google, неговиот брачен партнер добива половина од платата во следните десет години. Познатото лого на Google воопшто не било центрирано на почетната страна од пребарувачот се до 2001 година. Во 2013 година Google претрпел технички проблеми кои ги исклучил сите негови сервиси на 5 минути. Во тој период глобалниот промет на...
Се продава пристаништето во Солун
Post Views: 511 Осум компании од целиот свет покажале интересирање за купување на мнозинскиот пакет акции од капиталот на јавното претпријатие Солунско пристаниште. Како што објавила во четвртокот Агенцијата за приватизација (HRAF), на таа листа се германскиот Equity Investment Partners, јапонскиот Mitsui&co., холандската APM Terminals, и филипинската International container terminal services. Во трката се и холдингот Duferco participation holding limited од Луксембург, руската железничка компанија DD, лондонската компанија P&O и турскиот холдинг Yilport Holding....
Стадионот во Сао Паоло блокиран
Post Views: 484 Илјадници бездомници ја блокирале Коринтианс арената во Сао Паоло на која идната недела треба да се отвори Светското првенство во фудбал. Протестантите се неадоволни од високите трошоци за организација на Светското првенство и бараат владата наместо во стадиони да вложува во здравството, образованието и транспортот. Околу 10.000 лица од стадионот се упатиле кон улиците на Сао Паоло и ја блокирале една од главните улици од градот, а им се придружиле околу 500 пензионирани полицајци кои бараат поголеми пензии. Овој протест се случил, откако претседателката на Бразил...
Волшебно пенкало
Post Views: 683 Пенкалото под името “Scribble” му овозожува на корисникот да избере било каква боја од опкружувањето и да ја искористи за цртање на хартија или на телефон. Уредот кој наскоро ќе се најде во продажба, може да сочува 100.000 нијанси во интерната меморија и ќе може да репродуцира преку 16 милиони бои. Боите се детектираат со помош на сензор и микропроцесор, а потоа мастилото се меша и се припрема за пренесување на хартија. Дизајнерите од Калифорнија го опишуваат пенкалото како прво на светот кое избира бои и може да се нарече “гаџет”. “Со помошна Scribble дури и...
Десет фасцинантни факти за Бразил
Post Views: 670 Од почетокот на Светското првенство во Бразил не делат неколку дена. По овој повод издвојуваме десет фасцинантни факти за оваа земја, со помош на податоците кои ги објавија Telegraph и Business Insider. Бразил е трет потрошувач во светот на козметика, веднаш по САД и Јапонија. Половина од светското производство на сок од портокал и петтина на производството на шеќер отпаѓа на Бразил. Бразил е седмо стопанство во светот, со БДП од 2,3 билиони долари. Толку изнесуваат стопанствата на Јужна Африка, Австралија и Аргентина, заедно. Во Бразил е потребно повеќе од една...
Французите шокирани од казната за BNP PariBas
Post Views: 430 Казната на американските власти од 10 милијарди долари за француската банка BNP PariBas предизвикала сериозни политички реакции. Запрашан за коментар за казната, за француската телевизија France2, министерот за надворешни работи Laurent Fabius истакнал дека одлуката на американските власти претставува сериозен проблем во американско-француските односи. “Сред преговори сме за трансатлантскиот трговски договор. Такво трговско партнерство може да се втемели само на основ на реципроцитет. Реципроцитет е незамислив ако во исто време се носи одлука од ваков тип”, рекол...
Меркел повикана како пријател во квизот Милионер
Post Views: 478 Германската канцеларка добила повик од еден од учесниците на телевизискиот квиз “Кој сака да биде милионер”, кој се надевал дека ќе му даде точен одговор на прашањето вредно половина милион евра. Имено, за време на квизот во кои учествувале славни личности, политичарот од партијата CDU, Волфганг Босбах бил прашан за машина за перење од времето на Источна Германија позната како WM66, а точниот одговор носел 500.000 евра. Прашањето гласело: “Зошто машината за перење WM66 била толку легендарна?”, а потенцијалните одговори биле: -Можела да генерира струја за греење...
Мистеријата на исчезнатиот Боинг
Post Views: 487 Katherine Tee (41) од Велика Британија за време на мистериозното исчезнување на малезискиот авион со 239 патници и членови на екипажот, со својот брод пловела во водите на Индонезија. Вели дека е уверена дека тогаш го видела авионот, за кој вели дека бил во пламен, а од него излегувал чад. “Видов долг авион како сјае со портокалова боја, а зад себе остава трага од црн чад”, го опишала своето искуство Katherine, која наведува дека леталото се движело во правец од север према југ. Во исто време на небото во нејзиниот видокруг биле уште два авиона, но овој кој го...
Осум работи кои Zuckerberg успеал да ги направи пред да наполни 30 години
Post Views: 448 По повод неговиот роденден ABC News направил голема листа на постигнувања кои шефот на Facebook успеал да ги направи пред да наполни 30 години. Не треба да се нагласува дека неговиот живот е сосем поинаков од просечен триесетгодишник. Еве осум работи од тој список: Станал многу богат. Forbes проценува дека неговото богатство преминува 26 милијарди долари. Го средил станбеното прашање онака како што само богатите можат. Минатата година купил недвижнини во вредност од 30 милиони долари, а една продал за 14 милиони долари. Воведе нов збор во речникот – “unfriend”....
Ветроелектрана за домашна употреба
Post Views: 585 Холандската компанија за истражување и развој “The Archimedes” ја претстави новата револуционерна генерација на електрани на ветар за домашна употреба која ќе прави многу повеќе струја од досегашните ветротурбини. Liam F1 е урбаната ветроелектрана со сврдлест облик е многу тивка при работа а токму бучавата која ја правеле пропелерите на досегашните ветроелектрани беше причина што овој извор на енергија не беше прифатлив за домаќиннствата. Liam F1 прави во просек 1.500 kW/h енергија при брзина на ветрот од 5 метри во секунда, што одговара отприлика на половна од...