Автор: инфодеск
Post Views: 44 Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Великa Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение. Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“.Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден.Вечерва се...
Бесплатен паркинг за Велигден во Охрид
Post Views: 58 ЈП „Билјанини Извори” по повод големиот христијански празник Велигден донесе одлука на 16-ти април (недела) користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува да биде бесплатно за сите нејзини корисници.ЈП „Билјанини Извори” на сите православни верници им го честита најголемиот христијански празник Велигден, со најискрени желби за добро здравје, бериќет и многу љубов. За многу години! – велат од Јавното претпријатие.
Охридскиот студентски дом зеде активно учество во работата на Здружението на студентски домови на Југоисточна Европа
Post Views: 65 Студентскиот дом „Никола Карев” од Охрид активно учествува во работата на Здружението на ученички и студентски домови на Југоисточна Европа.Во Будимпешта се одржа состанок на стручните тела, како и работните групи на Здружението на ученички и студентски домови на Југоисточна Европа. Член на ова Здружение е и Студентскиот дом „Никола Карев” од Охрид, а во работата на состанокот активно учество зеде и директорот на домот, Жарко Куциноски.На состанокот беа сумирани резултатите од основањето на здружението, па до денес. Исто така беа...
13 одобренија за градба во февруари во Охрид
Post Views: 66 Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2023 година се издадени 352 одобренија за градење, што е за 40.8 % повеќе во однос на истиот месец лани.Во Југозападен регион Општина Струга во февруари издала 56 одобренија за градба од кои на 49 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 7 деловни субјекти. Предвидена е изградба на 55 станови со вкупна корисна површина од 9382 метри квадратни.Општина Охрид во февруари издала 13 одобренија за градба и тоа 8 на физички лица, а 5 на деловни субјекти. Ќе се градат 72 станови со корисна...
Акција за чистење низ Охрид во пресрет на Велигден
Post Views: 48 Охрид се подготвува за големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден. Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со голем број активности за уредување на градот и околината.Се уредуваат пристапните улици и околниот простор од црквите. Вонредни активности за подигнување на расфрлан комунален отпад по крајбрежниот појас во туристичките места: Св.Стефан, Лагадин, Елешец, Пештани и Трпејца. Дежурните служби активни и во попладневните часови за одржување на јавната чистота по кејот. Чистење на каналот покрај С.Р.Ц.Билјанини Извори од расфрлан комунален...
Поројни дождови за празничниот викенд
Post Views: 45 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час), соопштува Управата за хидрометеоролошки работи.Максималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени.За претстојниот празничен викенд за Велигден се најавува променливо време со дожд, грмежи и ветер. Нема да врне само вo сабота.
Велики Петок, најтежок празник за христијаните
Post Views: 72 Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Според преданието, Христос починал на крст во “шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале”.Оттогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се до недела, кога за првпат ќе ја...
Почна пролетното спалување на трската во струшко
Post Views: 64 Повторно опожарена голема површина на трска во струшко. Изминатава недела евидентирани се два пожари на локалитетот Калишко поле, покрај крајбрежието, каде интервенираше противпожарната единица.Деградацијата се повторува секоја пролет, пред почетокот на туристичката сезона, од страна на несовесните граѓани, кои заради профит, изградба на плажи и узурпација го уништуваат природниот биодиверзитет на Охрдското Езеро.Трската во континуитет се спалува, гледаме дека на површините се истура градежен шут. Она што најмногу ни пречи е тоа што не станува збор...







