Skip to main content

Автор: инфодеск

Полиција

Кривична за жител на Октиси поради кражба

Post Views: 36 ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Ц.(44) од струшкото село Октиси поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „кражба”.Тој на 05.03.2023 со употреба на копија од клуч влегол во домот на Т.М.(62) од истото село и одзел 5700 евра и 800 швајцарски франци. По преземени мерки од полициски службеници, парите биле пронајдени и вратени на оштетената – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Пожар

Пожар во викенд куќа во Шипокно

Post Views: 45 На 11.04.2023 во 16.50 часот во СВР Охрид, пријавено e дека во охридското село Шипокно, настанал пожар во викенд куќа сопственост на П.Ч.(82) од Охрид.Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. Увид  извршија полициски екипи – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Полициско возило

Кокаин и марихуана пронајдени кај охриѓанец

Post Views: 30 СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги”.При претрес во неговото патничко возило „ауди” на улицата „АСНОМ” во Охрид, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана и кокаин – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Елени Галичица

Еден ден во репроцентарот на елените во НП Галичица

Post Views: 77 Чистиот планински воздух и прекрасната снежна глетка на надморска височина од 1600 метри на локалитетот „Косто Бачило“ во Националниот парк „Галичица“ ја надополнуваат моќта и убавината на природното богатство со кое изобилува планината.Се искачивме од страната на Стење, село во Општина Ресен вгнездено во источното подножје на планината Галичица. За време на патувањето по ново-направениот планински пат Галичица не плени со сета своја раскош. Магловито утро, но сепак пријатно и свежо. Поради снегот патувањето до Центарот за репродукција на елени, го...

Продолжи со читање

Емитт

Охрид и Македонија ќе бидат претставени на ЕМИТТ, саем во Турција

Post Views: 37 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е учесник на 26-тата меѓународна изложба за туризам и патување ЕМИТТ-East Mediterranean International Tourism & Travel Exhibition.На репрезентативен штанд заедно со македонскиот туристички сектор меѓу кои, Бадем Тур, ЈК Травел, хотел Фама, СУ хотел, општина Струга и ПЦС Тур ќе ја промовираат нашата земја како важна туристичка дестинација за турските туристи.Од 12-ти до 15-ти април илјадници странски посетители ќе се запознаат со природните убавини, историските, културните знаменитости и ено-гастро...

Продолжи со читање

Вечерва претпремиера на комедијата Несфатената цивилизација

Post Views: 41 Вечерва со почеток во 20 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе биде одиграна претпремиерата на претставата „Несфатената цивилизација“. Комедијата премиерно пред охриѓани ќе се најде во четврток на 13-ти април во 20 часот.Прашањата за зачувување на нашиот социолошки и културолошки идентитет, како и универзалните теми за моралот, честа и етиката се основата на најновата театарска претстава во изведба на Народниот театар од Охрид, „Несфатената цивилизација“ работена по истоимениот текст на бугарскиот автор Добри Војников, напишан пред повеќе од век и...

Продолжи со читање

Улица Галичица

Започнати, а недовршени работи низ градот од страна на ЈП

Post Views: 77 Наши сограѓани преку рубриката „Ти си твојот град“ повторно се жалат на започнати, а недовршени работи низ градот од страна на Јавните претпријатија.Овој пат ни испратија слики од улицата „Галичица“.Тендерашите на сијалици да си ја завршат работата, а не само пари да лапаат, реагираат граѓаните

Продолжи со читање

Хор Св. Злата Мегленска

Вечерва Велигденски концерт Воскресение твоје

Post Views: 33 Во организација на НУ „Охридско лето”, а по повод големиот верски празник Велигден вечерва во црквата „Света Софија” во Охрид со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт „Воскресение твоје”  со Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска” од Скопје под диригенската палка на Летка Димовска Полизова, ќе настапат солистите Надежда Рубен, Јасмина Димитровска и Анета Баталаковска.Од НУ „Охридско лето” велат дека ваквата новина е на радост на публиката. Според директорката на Фестивалот, Наташа Поповиќ, целта е да се создадат можности за...

Продолжи со читање