Skip to main content

Автор: инфодеск

Исус Христос

Денеска е Велика Среда

Post Views: 47 На Велика Среда се читаат библиските текстови кои се во контекст со претходните денови и во врска со настаните од денот (на Утрената: Јован 12,17-50; на Литургијата: Матеј 26,6-16).Последното претсмртно помазание на ГосподаХристос е помазан со миро во Витанија (Матеј 26,6-13; Марко 14,3-9; Лука 7,37-50; Јован 12,1-8). Според евангелските сведоштва, Господ Исус Христос и апостолите ноќта ја поминале „во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот“ (Матеј 26,6).Во Евангелието, коешто се чита на Предосветената Литургија (Матеј 26,6-16), се вели дека токму...

Продолжи со читање

Неработен ден

Петок и понеделник неработни денови

Post Views: 58 Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празници, петок, 14 април 2023 година, Велики Петок, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.Понеделник, 17 април 2023 година, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани.Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден.

Продолжи со читање

Црвен крст

Хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик

Post Views: 87 Во пресрет на Велигденските празници, а како израз на висока опстествена одговорност и хуманост, традиционално и оваа година членовите на ОСМТГ Командерија Св. Наум Охридски-Охрид во соработка со Црвен крст Охрид, ќе доделат хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на 30 семејства во социјален ризик од Охрид и Дебрца.Настанот ќе се реализира денес, 12.04.2023 г., во 12 ч. пред седиштето на Црвен крст Охрид.

Продолжи со читање

Насилство врз жена

Охриѓанец физички ја нападнал сопругата

Post Views: 27 На 10.04.2023 околу 23:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.С.(32) од Охрид кој во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Тој беше задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Охрид

Солидно исполнети хотелските капацитети за Велигденските празници

Post Views: 44 За Велигденските празници хотелските капацитети на охридското крајбрежје солидно исполнети. Претежно домашни гости и туристи од соседните земји ќе го поминат продолжениот празничен викенд во Балканскиот Ерусалим.Оваа година интересот за Велигденските празници е доста поголем за разлика од минатата година. Пополнетоста на хотелските капацитети се движи од 50% до 60% со гости претежно од нашата земја, како и гости од Србија и Црна Гора. А секако се очекува интерес и од другите земји од регионот – истакна Наташа Цветаноска, хотелиер.Иако за...

Продолжи со читање

СВП беседа

Беседа во чест на шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон

Post Views: 42 Со беседа во Паркот на поезијата Струга денес му оддаде почит на шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон. Тој е добитникот на златниот венец во 1990 година на СВП, а бил голем вљубеник во Струга и земјава.Падрон е познат по тоа што ја промовирал македонската литература и култура ширум светот.Особено ме радува тоа што се случува во Струга, во паркот на поезијата затоа што ретки се земји и градови со фестивали со ваков формат кој што како добитници ги имаат најпознатите поети од втората половина на 20 и првите декади од 21 век – вели Тодорче Тасевски,...

Продолжи со читање

Седница на совет

Одржана 26-тата седница, усвоени повеќе одлуки

Post Views: 42 Дневниот ред на денешната 26-та седница на Совет на Општина Охрид беше надополнет со 6 точки. Општината предложи измена и дополнување на годишна програма за поставување урбана опрема за 2023 година, предлог одлука за утврдување почетна цена за поставување покриени и непокриени шанкови со локации, предлог одлука за поставување покриени и непокриени шанкови со локации на подрачјето на Општина Охрид за периодот 2023 – 2026 година, како и програма за поставување реклами на автобуските постојки и одлука за примање донација за две основни училишта.Советниците...

Продолжи со читање

Меморандум за соработка

Општина Дебрца и Завод и Музеј потпишаа меморандум за соработка

Post Views: 76 Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески и директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид Катерина Велкоска, потпишаа меморандум за соработка во заштитата на културното наследство.Во рамките на соработката се предвидува реализација на проектот „Увид во состојбата на меморијалните споменици од НОБ и нивно интервентно санирање”, како и реализација и на други проекти од взаемен интерес од областа на заштитата на културното наследство – информира градоначалникот Ногачески.

Продолжи со читање