Автор: инфодеск
Post Views: 51 Oпштина Охрид согласно Програмата за заштита на животна средина и природа во оперативната 2023 година ќе врши доделување на пластични канти од 120 литри за селекција на отпад на домаќинствата на територија на општина Охрид.Оваа година канти ќе добијат индивидуалните домаќинства од следните улици: „Кузман Шапкарев“, „Ѓорче Петров“ и дел од „Питу Гули” (парни броеви од куќи опфат бр.124-бр.402 и напарни броеви од куќи опфат бр.61-бр.101).Граѓаните ќе можат кантите да ги подигнат во просториите на Секторот за механизација при ЈП „Охридски Комуналец“ лоциран...
Нова дивоградба кај Самоилова тврдина
Post Views: 88 До нашата редакција стигна допис од жители на Стариот дел од градот. Реагираат на нова дивоградбата кај Самоилова тврдина, КП 15805/1 КО Охрид 3 (локација https://maps.app.goo.gl/jkNjeXdENTWd4tVV7).Во продолжение прочитајте го целиот допис од соседите кои живеат во непосредна близина каде што се гради дивоградбата.Од 07.04.2023 (петок) таму повторно се гради. На 01.04.2023 донесен е градежен материјал. На 04.04.2023 пријавена е подготовката за градба во надлежните институции, градежната инспекција на општина Охрид и националната установа за заштита...
Охрид СОС : Ликот на Стар град забрзано се менува
Post Views: 31 Многу малку, или недоволно се прави за реална заштита на старото градско јадро и покрај постоењето на Закон за прогласување на старото градско јадро во Охрид за културно наследство од особено значење. Изминативе години, особено, неговиот лик забрзано се менува, велат од граѓанската платформа Охрид СОС. Посочуваат дека старите, оригинални градби во овој дел на градот се сè помалку и се оставени на забот на времето.„Иронично, наместо заштита, добиле само табла на која е наведено дека куќата е од XIX век, на кое семејство му припаѓала, а таа во моментот само што...
Почина новороденче во Битола
Post Views: 55 Во Клиничката болница во Битола се случи нова трагедија. Мајка на 24 годишна возраст го изгуби своето новородено бебе.Денеска сум во Битола по најновиот смртен случај за новороденче. Утре ќе испратиме од Државен здравствен санитарен инспекторат, составен од комисија од инспектори кои ке ги утврдат причините за смртта на новороденчето. Станува збор за млада мајка на возраст од 24 години на која ова требаше да и биде прво дете. Бебето по породувањето било живо и според извештаите кои ги видовме било родено со тахикардија и имало белодробно срцево оживување....
Светско екипно првенство во шах за сениори во септември во Струга
Post Views: 84 На последниот состанок на управниот одбор на Светската Шаховска Организација (FIDE), кој се одржа на 4 април во Мексико, на Шаховската Федерација на С. Македонија (ШФМ) и беше доделена организацијата на Светското Екипно Првенство за Сениори. По пауза од 50 години и одржувањето на Шаховската Олимпијада во далечната 1972, ова е прв настан од светски рамки кој ќе се организира во нашата држава.Во последните неколку години ШФМ успешно организираше неколку големи меѓународни европски натпреварувања, и особено не радува што овој пат и FIDE, ги препозна нашите...
Казнети 18 возачи во Охрид, 15 во Струга
Post Views: 55 На 09.04.2023 година од 14 до 20 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли.Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 71 возач кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-18. Струга-15, Кичево-36, Дебар-02) – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Повторно опожарена трска во близина на Калишта
Post Views: 38 На 09.04.2023 година во 01:30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека, покрај крајбрежието на Охридското езеро, околу патека која од Струга води кон селото Калишта, настанал пожар на државно земјиште со трска и нискостеблеста вегетација.Повредени лица нема, а интервенирала територијалната противпожарна единица од Струга – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Тендерашите на сијалици да си ја завршат работата, а не само пари да лапаат, реагираат граѓаните
Post Views: 78 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“, наши сограѓани се жалат на фирмата која со јавно приватно партнерство се грижи за осветлувањето во нашиот град. Имено, станува збор за ул. „Питу Гули“.Велат дека „тендерашите на сијалици“ треба да се грижат и некој да не скрши глава, а не само пари да лапаат.Граѓаните потенцираат дека мораат од свој џеб да даваат пари за да ги поправат зафатите кои се изведени непрофесионално и небезбедно. Коментираат дека безбедноста на пешаците, пред се децата, е загрозена.Погледнете ги сликите кои што ни ги испратија во...







