Автор: инфодеск
Post Views: 12 Со поддршка на Општина Охрид, а во организација на Младинскиот локален совет и Културолошката иницијатива „5 до 12“ се реализира проектот „Урбана уметност”. Во рамки на активностите изработен е мурал, на ѕидовите на спортската сала од ОСУ „Св. Климент Охридски“.Автори на муралот се професорите Жанета Стаиќ, Филип Гугоски и Михаил Јанески. Проектот „Урбана уметност“ е дел од Програмата за млади и невладини организации на Општина Охрид за 2022 година.
Инфлацијата го јаде оброкот при народните кујни
Post Views: 22 Инфлацијата го јаде оброкот што државата преку народните кујни го дава на ранливите категории граѓани. Зголемувањето на цените на прехрамбените производи годинава имаат големо влијание и претставуваат проблем во работата на Нардоната кујна во Охрид. Кујната работи во рамки на Студентскиот дом и приготвува околу 80 оброци на дневно ниво наменета за социјални случаи од Охрид. Жарко Куциноски, директорот на Студентскиот дом, вели дека треба да се преземат мерки со кои би се нивелирал соодносот на дотацијата која ја добиваат за порција со цената на потребните продукти...
Условна казна затвор за напаѓачот на екипата на ТВ 24
Post Views: 15 67-годишниот скопјанец Милчо Пенов е осуден на условна казна затвор за физичкиот напад на новинарска екипа на ТВ 24 што се случи кон средината на минатиот месец во населбата Пржино.Тој доби условна казна затвор со заштитен надзор доколку во наредните три години не направи ново кривично дело, односно осудениот Пенов ќе треба да оди една година на рехабилитација поради нарушено психичко здравје.Насилството за кое е осуден скопјанецот се случи на 14 ноември. Тој тогаш првин вербално, а потоа и физички, со тупаници го нападна снимателот на ТВ 24, Љубиша...
Од полноќ поскапува дизелот
Post Views: 11 Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска по полноќ ќе поскапат дизел горивото и нафтата за домаќинствата, додека цената на бензините како и на мазутот останува непроменета.Малопродажната цена на Еуродизелот се зголемува за 2,5 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 3 денари за литар.Максималните цени по кои ќе може во малопродажба да се продаваат горивата изнесуваат:Моторен бензин Еуросупер БС – 95 76,00 (денари/литар)Моторен бензин Еуросупер БС – 98 78,50...
Лажна пријава за бомба на скопскиот аеродром
Post Views: 22 Согласно информацијата добиена од Министерството за внатрешни работи, би сакале да ве известиме дека единиците на МВР ги завршија проверките на Меѓународниот Аеродром Скопје и притоа од нивна страна е утврдено дека станува збор за лажна пријава за поставена експлозивна направа која ја добивме утрово, велат од ТАВ Македонија.„Би сакале да ја известиме целата јавност и нашите патници дека нема откажани летови и дека авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје продолжува по регуларниот распоред.За детали во однос на летовите, ги упатуваме нашите патници...
Свикана дваесет и првата седница
Post Views: 11 Свикана дваесет и првата седница на Советот на Општина Охрид на ден 22.12.2022 година (четврток) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. ДНЕВЕН РЕДУсвојување на Записникот од 11-та седница, Записникот од 17-та седница и Записникот од 18-та седницаПредлог-програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2023 година.Предлог-програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година.Предлог-програма за финансиските потреби на територијалната противпожарна...
Новогодишен концерт за паметење на Охридско лето со квартетот Диогенес
Post Views: 18 Настан за паметење проследен со бурни овации и ракоплескања од страна на публиката донесе синоќа новогодишниот концерт со светски познатиот квартет „Диогенес“ во организација на фестивалот „Охридско лето“.Со специјално одбрана програма на дела од Јозеф Хајдн, Ервин Шулхоф и Јоханес Брамс, младите виртуози од светот на класичната музика, Стефан Кирпал и Гундула Кирпал на виолина, Алба Гонзалес и Бецера на виола и Стивен Ристау на виолончело приредија несекојдневно воодушевување за љубителите на класичната музика во Националната опера и балет во Скопје....
Реконструкција на спортските игралишта во Охрид
Post Views: 16 Започнаа активности за реконструкција на спортските и повеќе наменските игралишта во градот.Посветено се грижиме за здрав и правилен развој на младите и децата. Деновиве се врши реконструкција на игралиштето во населбата Христо Узунов. Согласно проектот предвидено е да се постави нова подлога, нови огради и реквизити. После завршувањето со активностите тука, продолжуваме со реконструкција на игралиштата во населба Гоце Делчев, во Пештани, во ОУ “Св. Климент Охридски” и Даљан – информира градоначалникот Кирил Пецаков.