Skip to main content

Автор: инфодеск

Полиција

Охриѓанец бил агресивен кон полициски службеници

Post Views: 56 На 07.04.2023 година во 15:30 часот, во СВР Охрид приведен е Г.К.(62) од Охрид кој, претходно на улицата „Момчило Јорданоски” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир.Потоа бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна  пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Пожар

Пожар во куќа на ул. Петар Поп Арсов

Post Views: 86 На 06.04.2023 година во 20 часот во СВР Охрид пријавено е дека во куќа лоцирана на улицата „Петар Поп Арсов” во Охрид, сопственост на М.Ш.(70) од Охрид, настанал пожар.Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Хуманитарен фудбалски турнир

Хуманитарен фудбалски турнир

Post Views: 60 Во спортската сала „Билјанини Извори“ денеска се одржува хуманитарен фудбалски турнир на кој учествуваат сите основни и средни училишта од Општина Охрид, како дел од овогодишниот ПХВ-ЦКА циклус.Турнирот е во организација на две ПХВ групи од кои едната група работи на социјален проект, а другата група работи на проект со деца со попреченост. Влезот на овој турнир е 100 денари и сите собрани средства ќе бидат наменети за олеснување на животот на луѓето со попреченост и подобрување на условите за живот на социјално загрозено деветчлено семејство – велат...

Продолжи со читање

Кирил Пецаков

Градоначалникот Пецаков го честита меѓународниот ден на Ромите

Post Views: 49 По повод 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до припадниците на ромската заедница.Меѓународниот ден на Ромите не потсетува дека почитувањето на различностите е нашата најголема сила кон остварување на заедничките стремежи за подобра иднина на новите генерации. Ромската заедница со својата културолошка уникатност е значајна алка во сите општествени процеси и многу важен дел од мултиетничкото живеење во Охрид и Македонија.Посакувам заедно да продолжиме да ја негуваме толеранцијата, да ги надминуваме...

Продолжи со читање

Лазарова сабота

Денеска е Лазарова сабота, ден пред Цветници

Post Views: 106 Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го...

Продолжи со читање

Зграда општина Охрид

Решенија за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Post Views: 82 Општина Охрид врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.За таа цел беше објавен Јавен повик за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.Решенијата може да ги погледнете на следниот линк

Продолжи со читање

Хуманитарни паркинзи

Собраните средства од хуманитарните паркинзи донирани на Центарот за аутизам

Post Views: 47 Финансиските средства кои беа собрани во рамки на проектот „Хуманитарни паркинзи“ реализиран од страна на ЈП „Билјанини Извори“ и Општина Охрид, денеска беа донирани на Центарот за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, кој функционира во охридската Општа болница.Се работи за износ од 62.420 денари и истиот бил наплатен од двете хуманитарни паркинг места на улица „Кеј Македонија“, со кој претпријатието располагаше во период од 20.07.2022 до 31.12.2022 година. Одлуката за доделување на средствата ја донесе Управниот...

Продолжи со читање

Годишнина од смртта на Благојче Крстаноски

Годишнина од смртта на Благојче Крстаноски

Post Views: 66 По повод годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Благојче Крстаноски, делегација на Општина Охрид денеска положи свежо цвеќе на неговото спомен обележје во селото Ливоишта.Благојче Крстаноски бил македонски бранител и професионален војник во АРМ. Загинал на 7 април 1999 на самата граница од снајперски оган од косовска страна. Тој бил првата жртва на вооружените сили во независна Македонија, чесно и пожртвувано извршувајќи ја својата должност во одбрана на својата татковина.Благојче Крстаноски е посмртно одликуван со медалот за...

Продолжи со читање