Skip to main content

Автор: инфодеск

ООУ Григор Прличев блеска во празничен сјај

Post Views: 8 Под мотото „Подари СРЕЌА, за среќна НОВА”, родителите во соработка со училиштето спроведоа заедничко декорирање и украсување на централниот објект и на подрачното училиште во Рача.Училиштето наликува на вистинска празнична бајка благодарение на иницијативата на Советот на родители и успешната соработка на Советот со раководството на училиштето и наставничкиот кадар и ангажираноста на родителите. И сето тоа како подарок за поубава и посреќна НОВА година на децата, на кои училиштето им е втор дом. Сакаме ваквиот наш ангажман да премине во...

Продолжи со читање

Пронајдени куршуми во домот на охриѓанец

Post Views: 12 СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Г.(54) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле 17 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Хуманитарна акција, топли оброци

Post Views: 16 Повеќе од 80 топли оброци ќе припремат учениците од Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ наменети за социјално ранливи граѓани од Охрид. Иницијативата е на ученичката заедница од ова училиште а ќе се реализира како заедничка хуманитарна акција со волонтери од Црвениот Крст Охрид во рамки на месецот на дарување „ Радосен декември“.   „Уште еднаш сакам да повторам што оваа акција е на иницијатива на учениците кои што преку ученичката заедница сакаа да им се помогне на овие ранливи категории. Оброците ќе содржат комплетен топол оброк со десерт ќе...

Продолжи со читање

Двајца охриѓани нападнале полицајци

Post Views: 14 На 14.12.2022 во 15:35 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Ќ.Ѓ.(69) и Ј.Ѓ.(37), двајцата од Охрид, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.Тие беа задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Канцеларија за заштита на потрошувачите во Охрид

Post Views: 16 Денеска беа промовирани активностите на локалниот Совет за заштита на потрошувачи и Канцеларијата за заштита на потрошувачите во Општина Охрид. Канцеларијата ќе обезбедува помош, едукација и советување на граѓаните. Истата ќе дава и консултантска поддршка на Локалниот совет на потрошувачи и следење на состојбите на локалниот пазар од интерес на потрошувачите и информирање за истите, кажа денеска на прес конференција претседателот на Локалниот советот за заштита на потрошувачи, Вангел Спироски.Ги повикувам потрошувачите доколку имаат некој проблем,...

Продолжи со читање

Ќе се реконструира центарот за кардиологија во Охрид

Post Views: 13 Реконструкција на центарот за кардиологија во Охрид е предвидено со проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – Фаза 2”.Договорот за финансирање на овој и уште 6 други проекти за развој на планските региони во Македонија го потпишаа министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и швајцарската амбасадорка во земјава, Вероник Улман.Вкупната вредност на проектите за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој е 2.3 милиони швајцарски франци за седум плански региони. Министерството за локална самоуправа  обезбедува 54% од...

Продолжи со читање

Четири години од смртта на градоначалникот Јован Стојаноски

Post Views: 20 „Беше човек ЕДНАКОВ за сите. Слава ти градоначалник, Остави дела за паметење“, вака денес неговите сопартијци од СДСМ Охрид и пријателите се присетуваат на градоначалникот Јован Стојаноски, кој на 15 декември 2018 година ненадејно почина.Статус на социјалната мрежа објави и неговата сопруга, Надица Стојаноска.Четири години, а се уште се надевам дека ќе се вратиш од некое патување. Вечна слава и мирно небо – напиша Стојаноска на својот фејсбук профил.Стојаноски беше универзитетски професор, почитуван, амбициозен, успешен и угледен граѓанин на...

Продолжи со читање

Заврши санацијата на влезниот дел од училиштето во Оровник

Post Views: 14 Завршена е санацијата и адаптацијата на влезниот дел од училишната зграда во село Оровник.Продолжуваме да вложуваме во образовната инфраструктура во општина Дебрца. Се изврши санација на влезните скалила од училиштето, заградување и застаклување на терасата, нова влезна врата, монтажа на настрешница, бетонирање на тротоар, обработка на ѕидовите во заградениот простор и друго – информира градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.Вкупната вредност на работите изнесува 693.014 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината.

Продолжи со читање