Skip to main content

Автор: инфодеск

Вевчани

Реконструкција на потпорен ѕид на пристапна улица во Вевчани

Post Views: 34 Во рамките на Програмата за изградба, реконструкција, заштита и одржување на локални улици и патишта на територијата на општина Вевчани за 2023 година, во тек е активност за реконструкција на потпорен ѕид на пристапна улица во Вевчани.Поради дотраеноста и целосната амортизираност потребно е реконструкција на потпорни ѕидови на одредени локални патишта и улици на територијата на општина Вевчани. Дополнително, во тек се активности за изработка на техничка документација за реконструкција на пристапната улица Костојчини-Шекуткој – информираше...

Продолжи со читање

Зелен отпад

Во сабота акција за собирање зелен отпад на повеќе локации

Post Views: 35 ЈП „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 08.04.2023 год. (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и „Охридати“.Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 08.04.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот...

Продолжи со читање

Комуналец

Активности за уредување на зеленилото во градот и селата

Post Views: 96 Пролетни активности на екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ за уредување и тековно одржување на зеленилото во градот и селата.Хортикултурно се уредуваше дворот од ОУ „Св. Климент Охридски“-оплеменување на парковските содржини со нови садници во школскиот двор. Нашите екипи имаа вонредни активности за отстранување на дива и жбунеста вегетација, како и кастрење на надвиснати гранки кои го попречуваат прегледното движење во селата Ливоишта и Љубаништа. Одржани се и тековни активности за косење на тревните површини во нас. Христо Узунов, покрај каналот Студенчишта...

Продолжи со читање

Град Охрид

Сончево време со мала до умерена облачност

Post Views: 35 По ведрото и студено утро во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.Утринските температури се движеа од минус 6 до 2 степени, додека максималните дневни ќе бидат соодветно во интервалот од 6 до 14 Целзиусови степени, информираат од УХМР.

Продолжи со читање

Благоец

Денеска е Свето Благовештение-Благоец

Post Views: 48 Празник на радосната вест и на пролетната убавина.Денеска честитајте именден на сите што го носат името: Благоја, Благојка, Блаже, Благица, Баже, Блага, итн.Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. се смета за тежок празник. некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв Велигден“.Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, или на 25 март според стариот календар. Меѓу народот повеќе е познат како...

Продолжи со читање

Млади библиотекари

Започна Регионалниот натпревар Млади библиотекари

Post Views: 49 Денеска во 10 часот во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ започна Регионалниот  натпревар „Млади библиотекари“ на кој учество зедоа 14  ученици од Основните училишта во Охрид и општина Дебрца.Тестот за натпреварувачите ќе се состои од 20 прашања на кои писмено ќе одговараат за време од еден час. Натпреварувачите ќе се потпишуваат со шифра, а Комисија од Библиотеката по прегледувањето на прашалниците на посебен настан ќе го прогласи победникот – информираат од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.Победникот од натпреварот ќе се стекне...

Продолжи со читање

Јахја Кемал

ПСУ Јахја Кемал објавува конкурс за стипендии

Post Views: 101 ПСУ „Јахја Кемал“ објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование.Можат да се пријават ученици од деветтите одделенија на веб страната https://www.ykc.edu.mk/scholarship, рокот за пријавување е до 08.04.2023 година.На тестирањето за стипендија:● Ќе се одговара на прашања по математика, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата.●Тестирањето за стипендија ќе се полага на Македонски, Албански, Турски и Англиски јазик.● За тестирањето не е задолжително познавање на Англискиот и Турскиот јазик.●Доколку...

Продолжи со читање

Охрид

Оваа сезона цените на хотелските услуги повисоки за над 30%

Post Views: 40 Оваа сезона цените на аранжманите во хотелите на брегот на Охридското Езеро ќе бидат повисоки за над 30%.Тоа се должи на поскапувањето на сите производи, енергенсите, а најмногу на повисоките плати за персоналот. Замрзнувањето на цените на дел од прехрамбените производи нема да ги намали  цените на услугите во хотелскиот сектор, велат од ХОТАМ.И покрај поскапувањето на хотелските услуги, земјава останува најевтина дестинација во регионот.Уште стоиме како една поевтина дестинација. Покрај сите поскапувања кои ги имаме на Балканот сме уште една од...

Продолжи со читање