Автор: инфодеск
Post Views: 58 Младински Центар Охрид, на ден 07.04.2023 година (петок) организира хуманитарен настан „Од срце за Бојан Крстески” кој ќе се одржи на полигонот од поранешната Касарна Охрид.Настанот е поддржан од: Касарна Хаб, Malche Sound Production, Shilla, Пекара Илинче, Сендвичара Палма, Фризерски салон Младен.Активности ќе има преку целиот ден, урбана уметност, пинг понг турнир, серва, шах, јамб, уно итн., а од 15 до 19ч ќе се пушта музика на звучници, DJ set на DJ Martino, информираат организаторите.
Македонија со најниска просечна плата на Балканот
Post Views: 96 Македонија со 550 евра ја има најниската просечна плата од земјите на Балканот. Просечната плата во Црна Гора е највисока и изнесува 757 евра.Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на социјалните мрежи се пофали со резултатите истакнувајќи дека земјата е на вистинскиот пат, а програмата ги дава посакуваните резултати.Во Србија просечната плата изнесува 706 евра, додека во Босна и Херцеговина 617 евра.Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија по вработен, во јануари 2023 година, изнесува...
Пожар на отпаден материјал во атарот на Климештани
Post Views: 39 На 05.04.2023 во 15:26 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар на отпаден материјал во атарот на селото Климештани, општина Дебрца, во кој нема повредени лица.Пожарот бил изгаснат од жителите на селото – информираат од СВР Охрид.
Малолетник нападнат во кругот на средно училиште
Post Views: 38 На 05.04.2023 во 21:40 часот, Д.Ј.(50) од Охрид пријави дека, во кругот на средно училиште во Охрид, неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници.Се преземаат мерки за расчистување на случајот – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Промоција на туристичките потенцијали на охридско-струшкиот регион на саем во Тирана
Post Views: 39 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е учесник на Expo tourism -интернационален саем за туризам во Тирана.Заедно со општина Струга од 6-ти до 8-ми април ги промовираат туристичките потенцијали на охридско–струшкиот регион и новите концепти на туристичка понуда во државава.Овој саем е еден од најважните настани на регионалниот туризам, кој има за цел да ја охрабри соработката и промоцијата на туристичките дестинации преку трговија, конференции и B2B средби – информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.Учесниците...
Вечерва премиера на претставата Мали vs Голем
Post Views: 72 Вечерва со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведена премиерата на театарската претстава „Мали vs ГОЛЕМ“ во изведба на детското драмско студио „ДрамаКидЗ“.Оваа претстава претставува коавторско дело на драматургот Кристина Тодороска Петреска и режисерот Ирена Стеријовска. Обработува теми од секојдневието на младите личности нивниот глас и размислувања, наспроти образовниот систем и воопшто светот на возрасните.Исклучително сум изненадена и почестена сум што имав можност да работам со толку талентирани деца. Со Тинка...
Велигденски базар на плоштадот Крушевска Република
Post Views: 37 ЈП „Градски Пазар“ заедно со Општина Охрид на ден 13.04.2023 година (Величетврток), со почеток во 11 часот, на плоштадот Крушевска Република, го организира седмиот по ред Велигденски базар.Ги повикуваме сите заинтересирани производители и продавачи да земат учество на базарот со изложување на своите велигденски украси и сувенири како и традиционални македонски специјалитети (ѓомлезе, питулици, торти, колачи). Сите заинтересирани производители и продавачи, своето учество на базарот можат да го пријават во административните простории на ЈП Градски пазар...
Студенскиот дом во Охрид нема да се реконструира етапно
Post Views: 61 Реконструкцијата на државниот студенски дом „Никола Карев“ во Охрид нема да биде етапна како што првично се планираше. Студентите и вработените за време на градежните зафати ќе треба да се дислоцираат за што се очекуваат насоки од МОН. Ќе се реконструира целата зграда, а ќе се менува како екстериерот, така и ентериерот на објект, мебелот и апаратите. Станува збор за сериозен инфраструктурен потфат, за чијашто реализација ќе треба време. Очекуваните резултати се значително подигање на квалитетот на животот на студентите во домот.Откако се направија анализите...







