Автор: инфодеск
Post Views: 17 „Секој ден се поголем број пациенти се помалку доктори, ова веќе не се издржува“, ова се зборовите со кои Д-р Вулнет Бектеши укажува на исклучително лошата состојба на Детското одделение во Општата болница во Струга.Во објавата на фејсбук д-р Бектеши јавно ги повикува премиерот, министерот за здравство и директорите на општите болници Струга и Охрид да направат нешто конкретно за решавање на проблемот.Напливот на пациенти на детското одделение во Струга започна откако пред една година поради недостиг на педијатри се затвори детското одделение во...
Се издава урбана опрема за продажба на храна и сувенири
Post Views: 18 ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за следната намена:1. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенириПлоштад св. Климент ОхридскиГрафички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема се дадени на шематскиот приказ во прилог.Урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 20.12.2022 до 20.01.2023 година.2. Почетна цена за издавање на урбана опрема е:урбана опрема 2.2 м² за продажбата на храна и сувенири со почетна цена од...
Завршува реконструкцијата на улица Будва
Post Views: 11 Во тек се завршните активности за реконструкција и асфалтирање на улицата „Будва“.Според договорот со АД „Илинден“, поставен е нов слој асфалт во должина од 700 метри, плочник по целата должина на улицата, а претходно ЈП „Нискоградба“ постави нова атмосферска канализација.Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 10 милиони денари, со која значително се подобруваат сообраќајните и инфраструктурни услови за жителите од оваа населба.
Завршија конзерваторско-реставраторските работи во црквата Св. Богородица Болничка
Post Views: 14 Завршија конзерваторско – реставраторските работи во црквата Св. Богородица Болничка во стариот дел на градот Охрид која датира од XIV век.Претходни последни интервенции врз фрескосликарството биле во 1959-69 година. Оваа година со конзервација беше опфатено фиксирање и стабилизирање на ранливи делови нападнати од влага на источниот и северниот ѕид која негативно делуваше на на основите на живописот. На јужниот ѕид од носот беа обновени старите конзерваторски малтери, додека на источната и северната фасада беа обновени старите и дотраени фуги од кои...
Се поплочуваа краци од улица во Елшани
Post Views: 11 Работници од Секторот за Канализациони објекти, инсталации, улици и патишта извршија поплочување на краци од улица во село Елшани.Поплочувањето се направи со бекатон плочи и опфати околу 100 м2 површина, информираат од ЈП „Нискоградба“ Охрид.
Крводарителска акција денес на ФТУ Охрид
Post Views: 14 Денеска од 10 до 14 часот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе се спроведе крводарителска акција под мотото „Подај рака за живот, дарувај крв“.Ги покануваме студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид и сите хумани луѓе во Охрид и Дебрца да учествуваат на оваа крводарителска акција. Искористете го РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месецот на дарување за да ја искажете својата хуманост – велат од Црвен крст Охрид.
Денес неколку часа без вода Стариот дел на градот
Post Views: 26 Поради приклучување во мрежа на неколку објекти во новата водоводна линија на улицата „Христо Узунов“, на ден 13.12.2022 година (Вторник) од 08:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците : „Цар Самуил“, „Коста Абраш“ и сите улици од стариот дел на градот, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Денес стартува Охриѓанка, картичката за попуст
Post Views: 21 Од денеска е достапна картичката Охриѓанка, со која охриѓани ќе можат да купуваат со попуст. Цените во Охрид, во споредба со светските туристички места, не се премногу високи, но граѓаните речиси и да немаат вонсезонски намалувања, па затоа преку целата година се туристи во сопствениот град. Од тука и произлегува идејата за создавање на картичката, вели еден од креаторите на концептот Охриѓанка, Никола Митрески, менаџер на Инсајд.„Идејата е да се направи голема разлика за цени за туристи и за охриѓани, затоа што ние цело време сме туристи во својот град....