Автор: инфодеск
Post Views: 14 Голема акција на полицијата. На повеќе од 20 локации во земјава се вршеле претреси, а уапсени се неколку лица од организирана криминална група за шверц на артефакти и предмети со непроценлива културна вредност.Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување.
Отстранети скршените дрвја на Кеј Македонија и Горица 1
Post Views: 20 После нестабилното време кое го зафати охридскиот регион, проследено со засилен ветер и обилни врнежи, оперативните служби на ЈП „Охридски Комуналец“ се на терен и максимално ангажирани да се санираат последиците.Безбедно се отстранети и транспортирани две дрвја од „Кеј Македонија” и Горица 1, кои под налетите од силниот ветер се скршија. Голем број вонредни активности за одржување на јавната чистота по јавните површини во централното градско подрачје, периферијата и градскиот кеј – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
3-то место за Џудо клубот Дрим на Државно првенство
Post Views: 17 Џудо клубот „Дрим“ од Струга го освои третото место на Екипно Државно првенство за сениори MIX TEAM.Голем успех за нашиот клуб на државно ниво. Честитки до џудистите на ЏК Дрим Струга како и честитки до сите останати екипи – велат од Џудо клубот „Дрим“.
Стариот дел на градот утре без вода
Post Views: 12 Поради приклучување во мрежа на неколку објекти во новата водоводна линија на улицата „Христо Узунов”, на ден 13.12.2022 година (вторник) од 08:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците : „Цар Самуил“, „Коста Абраш“ и сите улици од стариот дел на градот, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Нивото на Охридско езеро во рамки на просекот
Post Views: 16 Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се бележи денеска на Вардар кај Јегуновце, на Треска кај Македонски Брод, на Бабуна кај Богомила, на Струмица кај Сушево, на Црни Дрим кај Ложани и на Сатеска кај Ботун.Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека намалени водостои има на Брегалница кај Берово, Пчиња кај Пелнице и Црна река кај Новаци.Водостоите на Охридското, Препанското и Дојранското Езеро, според денешните мерења, се во рамки на просекот за декември.
Исплата на финансиска поддршка за ранливи категории
Post Views: 21 Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза. Поддршката се однесува на :-корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица,-корисниците на посебен додаток,-корисниците на правото на надоместок заради попреченост,-корисниците на надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради...
Ново поевтинување на цените на горивата
Post Views: 12 Дизелот и бензините од полноќ ќе се продаваат по уште пониски цени, објави Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комсиија за енергетика.Цената на дизелот се намалува за 1,5 денари, а поевтинувањето на Еуросупер 98 и Еуросупер 95 ќе биде за 1,5, односно за 1 денар. Со новите цени дизелот треба да биде 78 денари, а бензините 78 и 76,5 денари од утре.Цената на дизелот и другите горива во малопродажба е намалена за речиси 30 отсто во последните неколку недели. Дизелот, кој се користи во транспортот и има големо влијание при формирање на цените...
Опожарено возило паркирано на бул. Туристичка
Post Views: 13 На 10.12.2022 година во 10:20 часот во СВР Охрид, К.М.(40) од селото Ботун, општина Дебрца, пријави опожарување на нејзиниот автомобил „Мерцедес”, паркирано на булеварот „Туристичка” во Охрид.Повредени лица нема, а се преземаат мерки за расветлување на настанот – информираат од СВР Охрид.