Skip to main content

Автор: инфодеск

Општина Охрид со поддршка за учениците со потешкотии во учењето

Post Views: 18 Општината Охрид дава силна поддршка за унапредување на правата и образовните услови за лицата и учениците со специфични потешкотии во учењето преку креирање на инклузивно општество за учениците со специфични потешкотии во учењето. Главен фокус на оваа активност е подобрување на образовните услови за учениците со дислексија, преку обука на наставниот и стручниот кадар во училиштата, кој за жал нема никакви или има многу мали познавања за оваа состојба.За таа цел воспоставивме соработка со Здружението за дислексија АЈНШТАЈН Скопје, кое претставува единствената...

Продолжи со читање

Тепачка во работилница на ул. Кленоец

Post Views: 10 На 10.12.2022 година во 12:30 часот, во работилница лоцирана на улицата „Кленоец” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со вербална караница помеѓу Т.В.(64), Ј.В.и Љ.Т.(63), сите од Охрид.Притоа, Т.В. со метален предмет, физички го нападнал „Љ.Т. кој е пренесен во „Општа болница” во Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Денес Отворен ден на УИНТ Св. Апостол Павле

Post Views: 13 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во рамките на своите промотивни активности, денеска од 11-13 часот организира Отворен ден.Отворениот ден на Универзитетот се организира со цел да бидат презентирани тековните студиски програми и можностите за професионален развој на идните студенти.Се покануваат матурантите и нивните родители да ги запознаат одблиску професорите, да ги слушнат искуствата на студентите, да се информираат за можностите за студирање, меѓународна размена, практиканството и кариера во ИТ секторот. Освен...

Продолжи со читање

Промоција на книгата Во душата на немиот свет

Post Views: 18 Во четврток, 15-ти декември, во НУ Градска библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, ќе се одржи промоција на романот за деца „Во душата на немиот свет“ од писателката и поетеса Даниела Илијоска.Книгата е во издание на Здружението за литература и други уметности „Креативна верига“, а финансирана од Министерството за култура. Водител на настанот е Јордан Коцевски, додека рецензент и промотор е Маја Мојсова. Воведен збор ќе има директорот на библиотеката, м-р Милчо Јованоски.Во рецензијата за книгата, меѓу другото, се вели: „Романот за деца „Во душата на немиот...

Продолжи со читање

Се трага по маж кој утрово се фрлил во Вардар

Post Views: 18 Екипи на МВР и противпожарните единици од утрово трагаат по лице кое се фрлило во водите на реката Вардар. Мажот скокнал од мостот Близнак на булевар „Србија“ во Скопје.Коритото на реката го пребаруваат тимови на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.Преку Центарот за управување со кризи побараа поддршка и ангажирање на специјализираните тимови за пребарување во води од Дирекцијата за заштита и спасување.Информацијата за случајот е добиена утрово во 6 часот на телефонскиот број 112.

Продолжи со читање

Приведен охриѓанец

Post Views: 12 На 10.12.2022 година во 01:40 часот, на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид, К.С.(43) од Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеник кој преземал службени дејствија.Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Попладнево обилни врнежи од дожд

Post Views: 11 Под влијание на циклонска активност попладне и во текот на ноќта времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат обилни при што локално се очекуваат и над 30 литри на квадратен метар. Доколку локално врнежите бидат од пороен карактер и за кратко време паднат поголеми количини на врнежи, можни се локални зголемувања на водостоите на помалите реки и суводолиците низ земјава (како и локални излевања), а можни се и локални проблеми во дел од градските урбани средини. Се очекуваат и зголемувања на водостоите и на поголемите реки низ...

Продолжи со читање

Европскиот елен на Галичица вистинска атракција

Post Views: 16 Две и пол метарската жичена ограда ги штити од дивиот и за нив суров свет. Тоа го покажуваат и честите посети на волци околу оградата, а имало и случај кога мечка ја срушила заштитната ограда во обид да влезе во стадото.Склад за храна, хранилки, голема локва, односно поилиште за вода се дел од сликата меѓу разиграното стадо. Поголемиот дел се подготвени сами да егзистираат во дивината, но во стадото има и мали, кои ќе продолжат да растат во хумани услови и човечка грижа.Во рамки на репродуктивниот центар изградена е потребната инфраструктура. Има објект...

Продолжи со читање