Skip to main content

Автор: инфодеск

Реконструкција на улица во село Горенци

Post Views: 15 Денес започна реализацијата на проектот „Реконструкција и уредување на улица во село Горенци“.Проектот опфаќа тротоарско уредување на главната улица во село Горенци, во должина од 529 метри и широчина на тротоар од 1,5 метри, а вкупната вредност на проектот изнесува 2.615,598 денари – информира градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.Средствата се одобрени од страна на Бирото за регионален развој, од Програмата за развој на селата за 2022 година.Избран изведувач на работите е фирмата Проминг ДООЕЛ – Струга.

Продолжи со читање

Дарувајте, секое дете заслужува радост

Post Views: 11 „Волшебна елка“ е насловот на уште една хуманитарна акција што Црвен крст Охрид ќе ја намени за децата од социјално загрозените семејства.Во соработка со KAM Village, во просторот на овој Центар волонтерите на Црвен крст Охрид ќе накитат голема Новогодишна ВОЛШЕБНА елка, на која покрај обичните украси и лампиони, ќе бидат поставени и волшебни лампиони во кои ќе се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца.Секој наш хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе...

Продолжи со читање

Денеска се празнува Св. Великомаченик Георгиј

Post Views: 14 Постарите верувале дека ако денеска има магла и зимата ќе биде магловита и променлива, а ако е ведро, зимата ќе биде јака.Православните верници денеска го празнуваат посен Свети Ѓорѓија. Овој ден, освен како семејна слава, се празнува и како именден и како слава на цели села и градови. Свети Великомаченик Георгиј Победоносец (во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните.Свети Георгиј, син на набожни родители...

Продолжи со читање

Зголемена динамика на чартер летови од Измир до Охрид и Скопје

Post Views: 15 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, традиционално присутна на саемот за туризам во Измир, Турција „TRAVEL TURKEY İzmir”. Саемската манифестација се одржува од 8-ми до 10-ти декември 2022 година, во организација на TÜRSAB – Здружението на турски туристички агенции и İZFAŞ, под покровителство на Република Турција, министерство за култура и туризам.Туристичката понуда која е спој на историско-културните релации помеѓу Македонија и Турција е промовирана од инкаминг агенциите, ДМЦ Балканс и ПЦС Тур, дополнето со присуството на Радика...

Продолжи со читање

Отворен ден на УИНТ Св. Апостол Павле

Post Views: 9 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во рамките на своите промотивни активности организира Отворен ден во понедeлник, 12 декември 2022 год. од 11 – 13 часот.Отворениот ден на Универзитетот се организира со цел да бидат презентирани тековните студиски програми и можностите за професионален развој на идните студенти.Се покануваат матурантите и нивните родители да ги запознаат одблиску професорите, да ги слушнат искуствата на студентите, да се информираат за можностите за студирање, меѓународна размена, практиканството...

Продолжи со читање

Учениците од прво до петто сè уште без учебници

Post Views: 17 Иако се наближува крајот на првото полугодие од оваа учебна година, учениците и понатаму се соочуваат со недостиг од учебници. Состојбата е иста во речиси сите училишта во државата.Минатата недела пристигнаа учебници само по предметите математика и македонски јазик и тоа само за четврто одделение. Дефицит на учебници има од прво до петто одделение, а од шесто до деветто се стари и дотраени.Директорката на ОУ „Христо Узунов”, Марина Ѓоргоска, вели наидуваат на големи потешкотии поради недостиг на основниот наставен материјал, а сè уште не се знае кога...

Продолжи со читање

Врачена наградата на охридската библиотека

Post Views: 16 Вчера на пригодна свеченост во националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“  Скопје, претседателката на Библиотекарското здружение на Македонија, д-р Јана Михајловска на директорот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид Милчо Јованоски му ја врачи наградата „Библиотека на годината за 2022“ во категоријата национални установи. Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, со пригодна свеченост беше прославен патрониот и државен празник, Свети Климент Охридски и се одбележа 50-годишнината од пуштањето во...

Продолжи со читање

Регионална фолклорна смотра денес во Охрид

Post Views: 10 Денека, на денот на Свети Климент Охридски во 17:00 часот во Центарот за Култура„Григор Прличев” – Охрид под мотото: ,,Македонските фолклорни ансамбли во чест на Свети Климент Охридски” ќе се одржи Регионална фолклорна смотра во организација на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија –СОФАМ, а под покровителство на општина Охрид.На смотрата ќе се претстават 15 фолклорни ансамбли од Западна Македонија кои ќе презентираат дел од својот програмски репертоар. Сценските изведби ќе ги набљудува уматничкиот совет на СОФАМ, а присутна ќе биде и претседателката на...

Продолжи со читање