Skip to main content

Автор: инфодеск

Еве во што е откриена хемикалијата која предизвикува настанок на тумор

Post Views: 368 Во многу намирници кои секојдневно ги конзумираме е пронајдена хемикалија која го зголемува ризикот од заболување од рак. Станува збор за хемикалијата кја се вика акриламид, а пронајдена е во кафето, чипсот, пржени компири, крекери, па дури и во некои видови на детска храна. Овој опасен спој се создава со термичкото загревање при пржење на наведените намирници. На неа најмногу се изложени децата поради ниската телесна тежина. Опасноста од акриламид сега го потврдила и агенцијата на Европската унија EFSA (Europian Food Safety Authority) која веќе предлага нови...

Продолжи со читање

Летување во Грција без струја?

Post Views: 370 Грчките власти предупредуваат дека би можело да дојде до исклучувања на струјата за време на летната сезона, откако синдикалците најавиле серија на штрајкови. Синдикатите на јавната корпорација за енергетика (РРС) соопштиле дека ќе прават делимични 48 часовни штрајкови по повод плановите на владата да продаде делови на доминантниот производител на електрична енергија во земјата. Грчката влада, предводена од конзервативците, не отстапува од продажбата, кои од нив го бараат меѓународните кредитори. Премиерот Андонис Самарас истакнува дека нема да попушти пред...

Продолжи со читање

NASA лансира “ловец” на СО2

Post Views: 364 Американската вселенска агенција, NASA, го лансирала својот прв сателит кој има задача да ја мери концентрацијата на јаглерод диоксид (СО2) во атмосферата, гас кој се смета за главен виновник за создавањето на ефектот на стаклена градина и доведува до глобално затоплување. Орбиталната опсерваторија, чие полно име е Orbiting Carbon Observatory-2 (OCO2), полетала во 02.56 часот по пацифичко време од воздухопловната база Вандерберг во Калифорнија со ракетата Delta2. По 56 минути лет, сателитот се одвоил од ракетата и го продолжил летот самостојно. Како што...

Продолжи со читање

Пристигнува мини верзијата на Galaxy S5

Post Views: 336 Најочигледната разлика помеѓу мини верзијата и неговиот постар брат е во 4,5 инчниот екран. Имено, стандардниот Ѕ5 има екран од 5,1 инч. Технолошкиот гигант Samsung ја најави помалата верзија на смарт телефонот Galaxy S5. Компактниот модел на Samsung најпрвин ќе се појави во Русија овој месец, а потоа и на останатите светски пазари. Процесорот е послаб – 1,4 GHz наспроти 2,5 GHz, додека камерата доаѓа со 8 мегапиксели, половина помалку од поголемиот модел. Меѓутоа, многу од останатите карактеристики од Galaxy S5  ќе се појават и кај мини верзијата, вклучувајќи го...

Продолжи со читање

Како ќе изгледа светот во 2025 година

Post Views: 385 Фирмата за проценки на ризик, Thomson Reuters  објавила десет предвидувања до 2025 година. Извештајот предвидува развој на науката и технологијата во наредните десет години врз основа на анализа на светски научни патенти и научна литература. Еве за што станува збор: -Сонцето ќе биде главен извор на енергија на нашата планета благодарение на апсорпција, складирање и конверзија на енергијата. -Големи парични средства ќе бидат вложени во проучување на деменцијата, па бројот на заболени ќе биде помал. -Со модификација на човековиот геном ќе се спречува почеток на...

Продолжи со читање

Пет психолошки трикови на рестораните за брза храна

Post Views: 330 Дали понекогаш одеднаш чувствувате потреба за хамбургер или овошен шејк? Можеби тоа не е случајност. Иако сублималните пораки воглавно спаѓаат во доменот на фикција, рестораните за брза храна имаат свои суптилни трикови со кои привлекуваат муштерии и ги поттикнуваат на поголем трошок. Еве неколку од листата кој ја припремил Business Insider. Користење на топли бои Претпоставката дека топлите бои поттикнуваат апетит можеби е точна. Ако ги набљудувате ланците за брза храна ќе забележите дека нивното уредување, но и амбалажата на производите воглавно се во црвена,...

Продолжи со читање

Еве зошто вработените во Apple никогаш не сакале да ручаат со Steve Jobs

Post Views: 370 David Black рбаотел во Apple скоро 12 години пред да ја напушти компанијата и да отвори свој бизнис. Во разговор со Business Insider открил неколку занимливости за покојниот челник на Apple, Steve Jobs, и неговиот однос со вработените. Како што тврди Black, во Apple никој за време на ручекот не сакал да седи на иста маса со Jobs од едноставна причина што тој често имал обичај да ги прашува вработените – на што точно работат. Ресторанот по правило се празнел за 15-20 минути кога шефот ќе се појавел таму, бидејќи за разговор со него секогаш требало да си добро...

Продолжи со читање

Истрагата по исчезнатиот MH370 со нови моменти

Post Views: 326 Извештајот на австралиските истражители на воздухопловни несреќи покажува дека исчезнатиот Боинг претрпел прекин на напојувањето 90 минути по полетувањето. Виталната опрема во исчезнатиот авион можеби е подесувана за време на летот за да се избегнат радарите, се тврди во извештајот. Експертите кои го проучувале извештајот на истражителите од Австралија, велат дека прекинот на електрична енергија во авионот би можело да биде обид за саботажа на трагичниот лет, пренесува Mirror. Уредот за праќање на сателитски податоци се обидел да се спои со сателитот само по 90...

Продолжи со читање

Страдаат новинари во Украина

Post Views: 341 Новинар на првиот канал на руската државна телевизија, Анатолиј Клијан, е убиен на истокот на Украина, каде се во тек судири помеѓу проруските бунтовници и украинската војска. Клијан снимал репортажа за регионот Доњецк, каде заедно со група на руски новинари отишол да снима разговори со мајките на војниците кои дошле да бараат од своите деца да се повлечат од подрачјата зафатени со конфликти. “Штом се нашле на лице место, се слушнале истрели од оружје, а Анатолиј Клијан е смртно ранет во стомак”, навела руската државна телевизија. Ранет е и возачот кој ги возел...

Продолжи со читање

Препознајте ги знаците на незадоволство

Post Views: 361 Психолозите тврдат дека постојат одредени знаци кои откриваат дека во суштина не сте среќни туку дека сами себе се уверувате во тоа. Лицата кои се задоволни со својот живот не се секогаш родени под среќна ѕвезда. Се што постигнале во животот морале сами да се изборат и се задоволни дури и кога не поседуваат материјални добра, бидејќи сфаќањето на среќата е сепак лично чувство. Имено, многумина за себе ќе речат дека се многу задоволни од својот живот. Меѓутоа, психолозите тврдат дека постојат одредени знаци кои откриваат дека во суштина не сте среќни, туку сами...

Продолжи со читање

Обид за дестабилизација на банките во Бугарија

Post Views: 395 Бугарската полиција уапсила пет лица поради обид за дестабилизација на банките во државата. Полицијата се сомнева дека сомнителните ги користеле сите средства на комуникација за ширење на гласини кои требале да резултираат со повлекување на депозитите од бугарските банки. Државната агенција за национална безбедност објавила дека лицата се под сомнение за ширење на лажни информации против бугарските банки за да го дестабилизираат банкарскиот систем. Тие, како што тврди агенцијата, ги користеле сите средства на комуникација – мобилни телефони, електронска пошта,...

Продолжи со читање

Не е толку едноставно да се прекине со Facebook

Post Views: 330 Иако многу се зборува дека младите го напуштаат Facebook бидејќи оваа мрежа не била повеќе “cool”, последното истражување покажало дека младите навистина не ја сакаат повеќе оваа мрежа, но и дека понатаму масовно ја користат. Причините кои влијаат на ова размислување кај младите е се поголемото присуството на нивните родители, професори, дедовци, баби и други роднини, па така се префрлуваат на мрежите како Instagram, Tumblr и други. Сепак, резултатите на новото истражување која го спровела компанијата Forrester Research, а ја објавил Huffington Post, покажале дека...

Продолжи со читање