Автор: инфодеск
Post Views: 10 Почесниот конзулат на Р. Србија со седиште во Охрид, по повод празникот обезбеди вредна донација за ОУ „Свети Климент Охридски“.По повод големиот празник, заштитник на градот Охрид, обезбедивме донација од 70 000 ден за потребите на Основното Училиште Св. Климент Охридски. Со огромна почит и задоволство сакам да ве поздравам мои драги сограѓани и да го честитам Патронатот празникот на градот Охрид Св.Климент Охридски со еден цитат од светителот, кој го пронашол и запишал Архепископот Теофилакт Охридски во 11 век:„Браќа, да се отрезниме и да не се именуваме...
Богослужба во Светиклиментовиот храм на Плаошник
Post Views: 14 Денеска кога се слави споменот на сепреподобниот светиот Климент Охридски Чудотворец, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј.По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.Денеска го прославуваме свети Климент Охридскиот...
Изложби во чест на Св. Климент
Post Views: 11 Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент – Патрон на градот Охрид, во изложбениот салон при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше отворена традиционалната изложба на Фото Клуб – Охрид.Веднаш потоа во Галеријата при установата беше отворена изложба на дела од учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“.
Синоќа се одржа Свечена академија во чест на Св. Климент
Post Views: 15 Синоќа во НУ „Центар за култура Григор Прличев“, се одржа централната свеченост во чест на Св. Климент Охридски, патрон на градот Охрид и заштитник на Македонската Православна Црква–ОА. Годинашен добитник на највисокото општинско признание, наградата „Св. Климент Охридски Патрон на градот“ е Архимандрит Нектариј, игумен на манастирот Св. Наум Охриски, а повелбата е доделена на Димче Каневче, Летка Филипова и Здруженијата „Сос Балкан медија“ и „Инклузија“.Пред присутните гости од земјава и странство, пригодно обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков....
ЗНМ : Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите
Post Views: 14 Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на игнорантниот, непрофесионалниот и крајно понижувачки однос од страна на генералниот секретар на градот Скопје Зоран Глигоров кон новинарските екипи за време на прес конференција.Генералниот секретар на Град Скопје Глигоров, во своето обраќање пред новинарските екипи даде куса изјава каде ги обвини приватните превозници за политичка блокада на градот и на крајот не сакаше да даде одговори на новинарски прашања со образложение дека имал други обврски. На таквата негова постапка, колегите новинари...
Грижата за Галичица е заедничка обврска
Post Views: 15 „Грижата за паркот е заедничка обврска“, гласи мотото на кампањата наменета за охридските средношколци, во организација на Националниот Парк Галичица. Преку двочасовни предавања наменети за охридските тинејџери, вработените во Установата и членовите на Планинарската спасителна служба кои ги посетуваат Средните улилишта во Охрид имаат цел да им го доближат работењето на Националниот парк. Преку дружба и дискусија го надополнат знаењето за природните и културни вредности кои ги тој ги нуди. Денеска во охридската гимназија се зборуваше и за грижата за паркот и...
Вечерва традиционална изложба на Фото клуб Охрид
Post Views: 17 По 24-ти пат, вечерва во Изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 19 часот ќе биде отворена традиционалната изложба на Фото клуб Охрид.Изложбата е во чест на Св. Климент Охридски, Патрон на градот.По дваесет и четврти пат членовите на Фото клуб Охрид преку фотографијата ја раскажуваат својата приказна. 16 членови ќе се претстават со 50 фотографии -информираат од Фото клуб Охрид.
Одложена претставата Сам против сите
Post Views: 12 Од Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид информираат дека изведбата на современата драма „Сам против сите“ закажана за 14-ти декември е одложена. Оттаму велат дека за новиот термин, јавноста ќе биде навремено известена.Tемата на оваа пиеса е борбата против анксиозноста и депресијата. Лекот за нив се наоѓа во секој од нас, само треба да го најдеме.Целта на проектот „Сам против сите“ е да ги отвори сите прашања поврзани за анксиозноста и депресијата, кои со години се кријат под тепих и за кои луѓето не сакаат да зборуваат.