Автор: инфодеск
Views: 160 Извонредните македонско-кинески пријателски односи и културната соработка меѓу Кина и Македонија беа потврдени и вчеравечер со спектакуларниот концерт на Симфонискиот оркестар „Нингбо“ кој настапи на 66. Издание на фестивалот „Охридско лето“.Кинеската вечер на сцената „Долни Сарај“започна со интонирање на македонската а потоа и на кинеската химна, а поздравен говор имаше амбасадорката на Народна Република Кина, Н.Е. Џијанг Сјаојан која упати голема благодарност до „Охридско лето“, до директорот на оваа Национална установа Ѓорѓи Цуцковски, како и до фестивалскиот...
Промовирано реизданието на песнарката „Охридски музички бисерник“ од Андреј Лаброски
Views: 182 Сношти во Охрид во Музејско-културниот центар „Лапидариум“ беше промовирано реизданието на песнарката „Охридски музички бисерник“ дело на прерано починатиот член на ВИС „Билјана“, Андреј Лаброски. Неговите другари и колеги по музиката секоја година преку концерти, креативни настани и промоции му оддаваат достојна почит.Меѓу кориците на песнарката има близу 70 текстови запишани на кирилица ама и на латиница, како и нивни нотни записи и приказни за настанокот за некои од нив. Доволна причина музичарите не само од Охрид да ја имаат како своја Библија или Буквар, за и во...
Како правилно да го чувате лимонот и зошто чинијата со овошје не е добра идеја
Views: 166 Лимонот често се чува на погрешен начин, што може да доведе до брзо сушење, губење на аромата и појава на мувла. Иако чинија полна со лимони на кујнската маса изгледа убаво и е практична бидејќи овошјето е секогаш при рака, експертите предупредуваат дека тоа не е најдоброто место за чување на овој цитрус.Лимонот што стои во отворен сад многу побрзо ја губи свежината. Поради изложеноста на воздух, тој може да ја изгуби аромата, да се исуши и предвреме да започне да се расипува.Најдобар начин за чувањеПодобар начин е лимонот да се чува во херметички затворена кутија...
Денес ќе се одржи хуманитарен концерт во чест на Андреј Лаброски
Views: 190 Традиционално и оваа година во чест на Андреј Лаброски ќе се одржи хуманитарниот концерт насловен „Пријателите во чест на Андреј Лаброски” на платото на плажата Сарајште. Концертот започнва во 19:30 часот.Како што информираат организаторите, на самиот настан ќе се продава песнарката „Охридски музички бисерник” по промотивна цена од 400 денари, а сите средства собрани на настанот ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Денес подигнување на селектиран отпад
Views: 173 Согласно измените во Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 16.07.2026 год. (четврток) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција.-Се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад како и правилата за одлагање само пластика и...
Светиот маченик Јакинт
Views: 164 Млад дворјанин на царот Трајан, потаен христијанин. Еднаш додека царот со сите свои дворјани свечено им принесуваше жртви на идолите, Јакинт изостана од оваа скверна свеченост. Затоа беше обвинет и изведен пред царот на суд. Царот го советуваше да се откаже од Христа и да им принесе жртви на идолите. Но, Јакинт остана тврд како дијамант, велејќи му на царот: „Јас сум христијанин, Христа Го почитувам, Нему Му се поклонувам и Нему Му се принесувам како жртва жива самиот себеси“. Избиен, исплукан, истружен, овој свет маченик беше фрлен во затвор. На заповед на царот не му даваа да...
Во Охрид денес сончево и топло со температура до 31 степен
Views: 159 Во Охрид, денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Максималната дневна температура до 31 степени.Температурите во Македонија ќе се движат во интервал од 31 до 38 степени.Времето во следните денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и во деновите од викендот кога дневната температура насекаде ќе бидат над 30 степени....
Локализиран пожар во населбата „Гоце Делчев“, спречено ширење кон објектите
Views: 224 Екипи на ТППЕ Охрид денеска интервенираа при гаснење пожар на отворен простор во населбата „Гоце Делчев“ (Бараки) во Охрид.Од Територијалната противпожарна единица информираат дека во интервенцијата учествувале четири противпожарни возила и 17 пожарникари.Во пожарот била опожарена деградирана шума и сува трева. Поради силниот ветер постоела реална опасност огнот да се прошири и да ги зафати блиските објекти, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, помошта од месното население и доброволците, биле спречени поголеми материјални штети.Од...









