Автор: инфодеск
Post Views: 8 Албанската и македонската влада се уште не изработија заеднички план за спроведување на препораките на Унеско. Временскиот рок притиска, а изминатиот период не е евидентиран ниеден значаен чекор за зачувување на статусот Светско природно и културно наследство.Останаа проблемите со заштитата на шумите, реките и загадувањето на еко системот. Според експертите потребни се итни мерки за изработка на стратегија и комуникација помеѓу сите актери на целиот слив на Охридското Езеро.Нема некој документ подготвен од двете страни. Имаме некои состаноци каде се вели...
Се засадува нов дрворед на патеката кон Горица
Post Views: 16 Започнаа активности за засадување на нов дрворед на патеката кон „Горица“. Според планираното ќе бидат засадени вкупно 123 садници од автохтони видови врба и даб.Новите садници се дел од Планот за ревегетација на Општина Охрид, како замена за дрвјата кои беа отстранети поради реконструкцијата на булеварот „Македонски Просветители“.На оваа улица, според предвидениот проект за реконструкција ќе бидат засадени вкупно 96 стебла од видот Малус.Новиот дрворед на патеката кон „Горица“ се засадува на потегот кај Скејт паркот и на потегот од Фитнес...
Струга ќе биде празнично украсена
Post Views: 12 Струга ќе блесне во празнично руво. Градот на мостовите ќе биде украсен за Новогодишните и Божиќните празници. Најавен е концерт за најмладите, но нема да има масовен дочек на плоштадот Мајка Тереза.Поради кризата и препораките за штедење прославата ќе биде скромна, за оваа намена општината издвои 5000 евра.Увидовме дека граѓаните сакаат повеќе, без оглед дека има енергетска криза нешто да се направи и во делот на украсувањето. Најголемиот дел се однесува на ангажирање на музичарите за одржување на концерт за деца, но ќе направиме надополнување на...
Подарете мобилен телефон што не го користите
Post Views: 10 „РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ“ го нарекуваме овој месец на дарување во кој со бројни и креативни хуманитарни активности се обидуваме да ги поттикнеме нашите сограѓани да бидат хумани, да подаруваат и помагаат на ранливите категории на граѓани“, велат од Црвен крст Охрид.Во новата хуманитарната акција на Црвен крст Охрид во соработка со MI&DA Mobile Service Center од Охрид ви овозможуваат да ги израдувате лицата од социјален ризик, подарувајќи им мобилен телефон што не го користите.Доколку имате вишок или неисправен мобилен телефон донесете го во салонот...
Завршија археолошките истражувања на Самуиловата тврдина
Post Views: 16 Завршија предвидените археолошки истражувања за 2022 година на локалитетот Самуиловата Тврдина во Охрид.Финансиските средства за реализација на проектот беа обезбедени со програмата за финансирање од буџетот на Република Северна Македонија со наслов: „Доистражување на просторот од Самуилова Тврдина – Цитадела, изработка на конзерваторски проект и непосредна заштита – конзервација на објекти со цел ревитализација на целиот простор, заради целосна презентација и самоодржување.Локалитетот Самуилова Тврдина веќе неколку години е истражуван во...
Реконструктивни зафати во охридската гимназија
Post Views: 27 Градежни работи деновиве се одвиваат во ОСУ „Св. Климент Охридски“.Во училиштето се реконструираат санитарните јазли. Дополнително тука се врши и реконструкција на училишните простории. Финансиските средства за овие зафати се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, информира градоначалникот Пецаков.
Иницијатива за лекторат по македонски јазик во Тирана
Post Views: 17 Лекторат по македонски јазик на Универзитетот во Тирана, веќе е повеќе од потребен. Не само заради големиот интерес за македонистиката од страна на новите генерации на македонската заедница којашто е втора по бројност меѓу малцинствата во Албанија, туку и за да се овозможи сите студенти што студираат филологија во Тирана да можат да го изучуваат и македонскиот јазик. Овој лекторат би бил клучен за унапредување на културните врски меѓу двата народа и двете држави, за развивањето на добрососедските односи и за градењето нови мостови на соработка меѓу македонската и...
Драмата Сам против сите ќе се прикажува во Охрид
Post Views: 13 Во среда на 14-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде прикажана современета драма „Сам против сите“.Автор на текстот е драматургот Огнен Неделковски. Играат: Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и младиот актер Димитрие Марковски. Tемата на оваа пиеса е борбата против анксиозноста и депресијата. Лекот за нив се наоѓа во секој од нас, само треба да го најдеме. Целта на „Сам против сите” е да им помогне на сите луѓе да се погледнат во огледало, да се соочат со своите стравови и да се изборат за своето место под сонцето....