Автор: инфодеск
Post Views: 47 Македонија е земја партнер на овогодинешниот саем за туризам во Ниш. Настанот кој ќе се одржува од 30-ти март до 1-ви април е можност за зајакнување на партнерските односи и создавање на нови.Соработката меѓу Македонија и Србија е на високо ниво, за што се надевам дека оваа тенденција на пораст на туристичка размена ќе остане и во иднина. На македонскиот штанд кој со својата репрезентативност ги отсликува културните, природните и гастрономските разноликости, коегзибитори се општина Демир Капија и општина Гевгелија – истакна Љупчо Јаневски, директор на...
Се поставува потисен цевковод на ул. Јордан Мијалков
Post Views: 34 Деновиве се одвиваат градежни активности на улицата „Јордан Мијалков“ за изведба на потисен цевковод средна зона.Должината на цевководот изнесува околу 300 метри, а вредноста е околу 5 000 000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.
Охридското езеро под притисок на отпадот
Post Views: 83 Охридското Езеро микробиолошки загадено од претераниот отпад. Причините се во тоа што несовесните граѓани одлагаат секаков вид отпад, а воедно не се води грижа и за отпадните води кои се влеваат во езерото.Нуркачот Никола Паскали кој повеќе од една деценија спроведува еколошки акции за чистење на езерото од отпад, вели, на дното сретнуваат секаков вид отпад. Од дотраена покуќнина, градежен шут, пластика за една употреба, до се’ што не им е потребно на несовесните граѓани.Потребно е да се работи на ниската еколошка свест на населението, кое не е...
Денес се празнува Свети Алексиј
Post Views: 37 Верниците велат дека „Божјиот човек“ се грижи за сите сиромашни и несреќни луѓе и дека денес не е добро да прогонувате просјак од вратата или да одбиете да му дадете милостина.Христијанскиот светец Свети Алексиј е роден во Рим, за време на царот Хонориј.Тој беше единствениот син, а неговиот татко, високиот царски великодостојник Евтимиј, беше многу угледен и богат. Неговите родители живееле христијански живот, а неговиот татко, според традицијата, јадел само еднаш на ден, по зајдисонцето.Кога пораснал, Алексиј бил принуден да се ожени, но истата вечер...
Приведен скопјанец баран по централна потерница
Post Views: 33 На 29.03.2023 година во 18.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.С.(46) од Скопје.За него била распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор-Скопје”, со која се барал за доиздржување на казна затвор. Тој е спроведен во казнено-поправната установа на доиздржување на затворската казна – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Учениците од охридската гимназија повторно наградени
Post Views: 60 Како дел од Глобалната кампања за климатски промени на НАТО, беше распишан конкурс за изработка на кратко видео во кое ќе бидат опфатени еколошки прашања и проблеми кои се закана за светот.ОСУ „Св. Климент Охридски“ зеде учество на конкурсот под менторство на професорката Марија Чанова која организираше тим на ученици од четврта година за изработка на видеото.За тим лидер беше избран ученикот Андреј Митрески, а учесници беа учениците од општествено-хуманистичко подрачје, комбинација Б од класот IV-4. Меѓународниот воен совет за клима и безбедност...
Академски дијалози на Министерката за одбрана денеска на УИНТ
Post Views: 42 На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска ќе се одржат академски дијалози на Министерката за одбрана Славјанка Петровска со академскиот кадар и студентите на Универзитетот.Исто така, ќе има научно-стручна дебата на тема „Клучни предизвици за сајбер одбраната на Република Македонија – можности по членството во НАТО” и презентација на можностите за професорите и студентите на НАТО Фондот „Наука за мир“. Академските дијалози претставуваат можност за дебата, размена на мислења и отворање на нови можности за...
Неексплодирана бомба извадена од водите на Охридското езеро
Post Views: 72 На 29.03.2023 година околу 12 часот, од водите на Охридското Езеро, во близина на Градското пристаниште, безбедно е извадена и подигната неексплодирана бомба М-24, која датира од Втората светска војна.Вадењето и транспортирањето на бомбата е извршено од страна на пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.







