Skip to main content

Автор: инфодеск

Библиотеката во чест на Св. Климент Охридски

Post Views: 9 Во рамките на општинската програма за прослава и одбележување на 8 декември – Денот на Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид се вклучува и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.Утре во 12.00 часот во Прличевата одаја на свечен настан д-р Наум Целакоски и д-р Павле Митрески ќе бидат прогласени за почесни членови на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.За нивниот творечки и животен пат ќе зборува м-р Димитар Смилески, а за содржината и пораките од стихозбирката „Зелената месечина во очите на мајка ми“ од д-р Целакоски ќе се осврне писателот Смиле...

Продолжи со читање

Дон Кихот на 10 декември во НОБ

Post Views: 12 На 10-ти декември 2022 со почеток во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет ќе се изведе балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од  Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина.За првпат во улогите на Китри и Базил ќе настапат Христина Наќевска  и Балаж Лочеи (Унгарија).  Во улогата на Еспадо ќе настапи Бобан Ковачевски, а во улогата на Улична, Ивана Коцевска. Настапуваат солисти,...

Продолжи со читање

Национален конгрес за планинско спасување во Охрид

Post Views: 16 Изминативе два дена, во Охрид се одржа првиот Национален конгрес за планинско спасување, на кој учествуваа претставници од 14 организации, редовни членови и кандидати за членство во Националниот Сојуз за Планинско Спасување.На средбата беа споделени најновите искуства од последниот конгрес на меѓународната комисија за алпско спасување ICAR, кој се одржа во октомври годинава, во Монтро, Швајцарија.Покрај најновите случувања во светот, беше направена и анализа на постојните ресурси со кои располагаат организациите од сојузот, како и анализа на основната...

Продолжи со читање

Почина познатата инфлуенсерка Маја Миа Јанеска

Post Views: 34 Популарната мејкап артистка и инфлуенсерка Маја Миа Јанеска, по потекло од Охрид, била пронајдена мртва во Африка, јавуваат тамошните медиуми. Миа е родена во Македонија, но живеела во Танзанија повеќе од една деценија. Извештаите велат дека пред нејзината смрт таа живеела во Јужна Африка.Засега не се наведуваат причините за смртта на Маја, иако има разни шпекулации во африканските медиуми. Сепак нејзината смрт засега е мистерија.Маја Миа неодамна беше во центарот на вниманието на јавноста во нашата земја откако фотографии со неа објавија актуелни...

Продолжи со читање

Почина игумен Теодосиј од Лешочкиот манастир

Post Views: 19 Тетовско-гостиварската епархија информира дека вчера почина, а денеска е погребан игумен Теодосиј од Лешочкиот манастир. По опелото тој е погребан во Лешочкиот манастир.На 3 декември 2022, во навечерието на празникот Воведение на Пресвета Богородица-Пречиста, се упокои игуменот на Лешочкиот манастир, Теодосиј. Со таговна радост и неодминливо воскресенско чувство во срцето го испративме во другиот, вечен живот. На опелото во Лешочкиот манастир чиноначалствуваше надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на свештеници од епархијата...

Продолжи со читање

Казнети возачи под дејство на алкохол

Post Views: 11 На 03/04.12.2022 година, при преземени мерки во сообраќајот, полициските службеници во Охрид затекнале 4-ца возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол.Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информира портпаролот на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Физичка пресметка меѓу три лица во Лескоец

Post Views: 14 На 03.12.2022 година околу 14:00 часот на улицата „Тоде Лупески” во охридското село Лескоец нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помегу З.Ж.(56) од една и Н.К.(21) и М.К.(26), од друга страна, сите од истото село.З.Ж. е приведен во СВР Охрид и по целосно документирање на настанот против нарушителите ќе биде поднесена соодвеетна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Прв конгрес на македонските нуркачи во Охрид

Post Views: 10 Во изминатите два дена, на 3-ти и 4-ти декември во Охрид се одржа Конгрес на македонските нуркачи. Конгресот имаше за цел размена на искуства, проблеми, замки и трикови во нуркањето, како и соработка помеѓу клубовите и Центрите, но и барање на насоки што може да се направи за иднината на нуркањето во Македонија.Чисто езеро не би имале без бројните акции на нуркачите за чистење на езерското дно. Тие неуморно го промовираат градов како атрактивен туристички центар во зима со китење на подводната новогодишна елка, а се дел и од организацијата на богојавленската...

Продолжи со читање