Skip to main content

Автор: инфодеск

Дејвид Гир

Дејвид Гир во работна посета на Општина Дебрца

Post Views: 40 Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Н.Е Давид Гир, во понеделник 03.04.2023 година ќе биде во целодневна работна посета на Општина Дебрца.За време на посетата покрај работна средба со градоначалникот Ногачески и Членовите на Совет на Општина Дебрца, предвидено е и посета и промоција на претходно реализираните проекти кои се поддржани од страна на Европската Унија.Во попладневните часови амбасадорот исто така ќе оствари и непосредни средби со НВО и граѓаните на Општина Дебрца.

Продолжи со читање

Кајмак Италија

Премиера на Кајмак во Италија

Post Views: 31 Филмот „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски ја имаше и италијанската премиера, во селекцијата на Меѓународниот филмски фестивал во Бари. Овој фестивал е еден од најголемите во Италија и е поврзан со две легендарни имиња на италијанската кинематографија – директорот Феличе Лаудадио, кој во богатата кариера беше на чело и на Венецискиот фестивал и на низа значајни филмски инситутции, како и филмскиот критичар Енрико Марџели кој го претстави „Кајмак“ пред премиерната проекција и го водеше разговорот со авторот Манчевски. „Кајмак“ беше...

Продолжи со читање

Медиуми за ЕУ

Почнува проектот Медиумите за ЕУ

Post Views: 39 Евротинк – Центарот за европски стратегии и партнерите АЛДА и БИРС, денеска го почнуваат проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, кој ќе се спроведува во наредните три години со поддршка од Европската Унија.Целта на проектот е да се поттикне соработката меѓу медиумите, граѓанските организации и релевантните државни институции кои ќе работат во преговарачките процеси на земјата со релевантните институции од ЕУ, како и подобрување на квалитетот на информации и...

Продолжи со читање

Охрид Канео

Времето денеска сончево и ветровито

Post Views: 42 По студеното утро, во текот на денот нè очекува релативно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.Минималните температури ќе се движат во интервал од -7 до 3 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 3 до 14 степени.Слично време УХМР најавува и за утре.

Продолжи со читање

УИНТ Св. Апостол Павле

Академски дијалози на Министерката за одбрана во УИНТ Охрид

Post Views: 36 На 30.03.2023 година со почеток од 12 часот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” ќе се одржат академски дијалози на Министерката за одбрана Славјанка Петровска со академскиот кадар и студентите на Универзитетот.Исто така, ќе има научно – стручна дебата на тема „Клучни предизвици за сајбер одбраната на Република Северна Македонија – можности по членството во НАТО” и презентација на можностите за професорите и студентите на НАТО Фондот “Наука за мир”. Академските дијалози претставуваат можност за дебата, размена...

Продолжи со читање

Улица Вевчани

Се уредуваат пристапни патишта во Вевчани

Post Views: 31 Во тек се градежни активности за уредување на пристапни патишта, како дел од активностите на годишната Програма за изградба, реконструкција, заштита и одржување на локални улици и патишта на територијата на општина Вевчани за 2023 година.Во текот на 2023 година преку неколку проекти ќе биде реконструиран значителен дел од сообраќајната инфраструктура во општина Вевчани – информира градоначалникот Спасе Кочовски.

Продолжи со читање

Натпревар по информатика

Охридските гимназијалци со одлични резултати на државен натпревар по информатика

Post Views: 56 На факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје на 25-ти се одржа 34-от државен натпревар по информатика – област програмирање на кој учество зедоа ученици од Охридската гимназија.Нашите ученици постигнаа одлични резултати. Филип Ѓорѓески IV год. освои II награда, стипендија од факултетот ФИНКИ, ваучер од СЕМОС едукација – ментор Елизабета Левеска Нина Стевоска III год. пофалница – ментор Елизабета Левеска Илија Волканоски I год. III награда – ментор Ѓоко Доревски – информираат од ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид.

Продолжи со читање

Ученици Дебрца

Ученици од Белчишта и Ботун се запознаа со професијата пожарникар

Post Views: 48 Учениците од прво до петто одделение од с. Белчишта и с. Ботун преку проектот „Пожарникарите поблиску до нас” одблиску се запознаа со професијата пожарникар.Исто така научија во која ситуација треба да повикаат пожарна и како да постапат доколку се најдат во некоја опасност од пожар – информираат од ООУ „Дебрца“.

Продолжи со читање