Автор: инфодеск
Post Views: 10 Реализирана уште една вонредна акција за подигнување зелен отпад на улиците „Кленоец“ и „Радојца Новичиќ“.Со цел да им излеземе во пресрет на барањата на жителите од ул. „Кленоец“ и ул. „Радојца Новичиќ“, реализиравме трета акција во есенскиов период за подигнување зелен отпад од уредување на градини и земјоделски производи. Подигнати се 24м3 зелен отпад – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Балетската претстава Дон Кихот вечерва во НОБ
Post Views: 16 На сцената на Националната опера и балет вечерва ќе биде изведена балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина.Диригент на претставата е Иван Еминовиќ, сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина. Концерт-мајстор е Јане Бакевски.
Вечерва Стендап шоу со Атанас, Тино и Коле
Post Views: 11 Вечерва со почеток во 20 часот, стендап шоу со Атанас, Тино и Коле во НУ Центар за култура „Григор Прличев” Охрид, голема сала. Картата чини 250 денари.Билетите се ограничени! Бидете брзи! Неверојатно шоу со нов материјал! За ваше трајно задоволство и раздвижување на стомачните ќе се погрижат Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски и Никола Тодороски – велат организаторите.Шоу кое не смеете да го пропуштите!Билети на касата при Центарот или резервирај на 075 283 066 / 046 261 063.
Реконструкција на санитарни јазли во училиштето во Лескајца
Post Views: 17 Започна реконструкцијата на санитарните јазли во училиштето во Лескајца.Во ОУ „Братство Единство“ – Лескајца, започнаа градежни активности за целосна реконструкција на санитарните јазли. Исто така, во оваа училишна зграда се одвиваат и активности за реконструкција на електричната инсталација – информира градоначалникот Пецаков.
Охридската Библиотека прогласена за Библиотека на годината
Post Views: 20 Библиотекарското здружение на Македонија ја прогласи НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид за „Библиотека на годината“.Во образложението на Комисијата се вели: По внимателно разгледување на приложените документи за избор на признанието „Библиотека на годината за 2022 година”, Комисијата во состав: Јана Михајловска-Иванов, Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, Андријана Апостоловска, Елена Станкоска и Ѓултен Ајрули ја донесоа следнава Одлука: Во категоријата основни училишта признанието го добива Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ – Скопје и...
Бреин о бреин медали и трофеи за охриѓани
Post Views: 13 Со 3 златни медали, 1 сребрен и 2 трофеи се вратија од Обединетите Арапски Емирати шесте охриѓанчиња кои ја претставуваа Македонија на годинешниот осми по ред интернационален натпревар на Бреин о бреин програмата што се одржа на 26 ноември во Дубаи. Ана Тодороска, Софија Трпоска, Давид Јанкоски, Филип Цветкоски, Наум Каневче и Стефан Настевски се генијалците кои го сочинуваа охридскиот тим подлени во две категории со завршено 8 и 10 ниво од браинобраин програмата. Тие се задоволни од постигнатото на светскиот натпревар.„Освоив прво место на...
Обука на полициски службеници од СВР Охрид
Post Views: 13 Денеска, (01.12.2022) во просториите на Регионалниот центар за гранични работи „Запад” во Охрид започна дводневната обука на полициските службеници од СВР Охрид што ја спроведува тим од полициски инструктори од програмата „Сина храброст”, што се реализира преку ИЦИТАП – програмата при Амбасадата на САД во РСМ.Преку оваа програма се подигнуваат капацитетите на полициските службеници преку континуирана едукација и обука, притоа грижејќи се за личниот развој, здравјето и добросостојбата на полициските службеници. Притоа, од страна на...
Потпишани договори за изложбата 100 години Требениште
Post Views: 10 Археолошките предмети пронајдени на требенишката некропола за прв пат беа изложени на едно место во 2019 година во Археолошкиот музеј во Скопје и по ковид пандемијата наредните изложби ќе се одржат во 2023 година во Софија и во 2025 година во Белград.Денес, 3 години по завршувањето на првата изложба во Скопје, трите институции иницијатори продолжуваат со напорите да го реализираат во полн обем овој возбудлив и важен проект за нашите земји.Трите музеи ги комбинираат своите напори во име на пријателските односи меѓу нашите земји и стратешки важното...