Skip to main content

Автор: инфодеск

До петок дожд, на планините снег

Post Views: 9 Под влијание на нов влажен бран утре и во четврток времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информира УХМР.Во четврток локално врнежите ќе бидат пообилни над 20 л/м2, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела ќе има локални врнежи од дожд.

Продолжи со читање

Завршија градежните работи на ул. Даме Груев

Post Views: 11 Со асфалтирање на потегот каде претходно се изведуваше нова фекална канализација се заокружуваат градежните активности на улицата „Даме Груев“. Целиот потег каде се работеше е вратен во првобитна состојба.Старата и нефункционална фекална канализација се замени со нова, која се стави во функција за жителите од овој дел од градот – информираше градоначаникот Кирил Пецаков.Вредноста на проектот е 900 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Жител на Велес ширел говор на омраза на фејбук

Post Views: 16 СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(50) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски системи”.Тој, на 20.10.2022 година, по текст од еден портал, објавен на социјалната мрежа Facebook, постирал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Депонирани абразивни средства во Стар град

Post Views: 12 Согласно законските обврски кои ги има ЈП „Охридски Комуналец” околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” депонирани се вреќи со сол и ризла во „Стар Град”.Со овие активности ќе се продолжи на повеќе локации во градот и руралните места со цел нашите служби и жителите превентивно да реагираат во справувањето со голомразица и снежни врнежи – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање

Започна исплатата на ноемвриските пензии

Post Views: 13 Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 29.11.2022 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец ноември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.11.2022 година (вторник);-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.11.2022...

Продолжи со читање

Почина неврохирургот Јовица Угриновски

Post Views: 20 По тешко боледување на 77-годишна возраст почина проф. др. Јовица Угриновски. Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово на 77-годишна возраст по тешко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф. Д-р Јовица Угриновски.Проф. Д-р Јовица Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор на „НЕУРОМЕДИКА”. Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето. Вечна му слава! – се наведува во соопштението на болницата „НЕУРОМЕДИКА”.Тимот на Твм.мк изразува...

Продолжи со читање

Јавен увид на буџетот и нацрт програмите

Post Views: 12 Советот на општина Охрид на седницата одржана на 28.11.2022 година ги донесе нацрт програмите и нацрт буџетот за 2023 година. Се ставаат на јавен увид донесените нацрт документи.Се повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги доставуваат до стручните служби на општина Охрид.Јавниот увид трае 10 дена, почнувајќи од 28.11.2022 година.Повеќе информации на следниот линк

Продолжи со читање

Истрага за обид за убиство на лице од Велешта

Post Views: 11 Основното јавно обвинителство Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство од член 123 став 1, а во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Како што соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, на 23 ноември, во Велешта, осомничениот се обидел да лиши од живот лице со кое односите му биле влошени поради должничко-доверителски обврски. Оштетениот му должел 2.000 евра на осомничениот и се договориле да се сретнат за да му ги даде....

Продолжи со читање