Skip to main content

Автор: инфодеск

Забележана мечка над селото Горно Коњско, предупредуваат од НП Галичица

Views: 287 Од ЈУ Национален парк „Галичица“ ја информираат јавноста дека денес, според информациите со кои располагаат, туристи забележале мечка во реонот над селото Горно Коњско.Од паркот апелираат до жителите, посетителите, планинарите, како и до сите лица кои престојуваат или извршуваат активности во овој реон да бидат особено внимателни и да се придржуваат кон препораките за безбедно движење во природа.Воедно, од Националниот парк ги повикуваат граѓаните, доколку се во контакт со лица кои престојуваат или работат во ова подрачје, да ја пренесат информацијата со цел навремена...

Продолжи со читање

„Парите се отепувачка“ на Народен театар Охрид вечерва пред публиката на „Вевчанско Лето 2026“

Views: 272  Народен театар Охрид со претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, во адаптација и режија на Андреј Цветановски, вечерва ќе настапи на годинашното издание на „Вевчанско Лето 2026“.Во претставата играат актерите: Стрезо Стаматовски во улогата на Митре, Филип Кипровски е Анѓеле, Марија Новак е Мара, Адријана Билаловиќ- Тодороска е Ката, а Никола Тодороски ќе го игра Софре.Претставата започнува во 20 часот во Домот на култура во Вевчани.Инаку, преку богатата културно-уметничка програма на „Вевчанско лето 2026“ општината го прославува својот 30 јубилеј.

Продолжи со читање

Кинескиот симфониски оркестар „Нингбо“ вечерва на „Охридско лето“

Views: 252 Програмата на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музчкиот дел со целовечерниот концерт на кинескиот симфониски оркестар „Нингбо“. Kонцертот ќе се одржи на сцената на „Долни Сарај“ со почеток во 20 часот. На програмата се дела на Моцарт, на кинеските композитори Жу Житонг и Жанг Шуаи, како и традиционални кинески песни.Симфонискиот оркестар Нингбо е формиран во 2015 година од страна на Општинското биро за култура, радио, телевизија и туризам, а за негов уметнички директор е поставен познатиот диригент проф. Ју Фенг. Од основањето, па до денес, оркестарот се...

Продолжи со читање

Студентскиот дом во Охрид под клуч, ова лето не сместува туристи

Views: 242 Студентскиот дом „Никола Карев” во Охрид ова лето останува затворен. По завршувањето на академската година, студентите го напуштија домот, кој повеќе од две недели поради натрупаните долгови, повтроно остана без струја. . За разлика од изминатите години, кога во текот на летото остваруваше приходи од сместување туристи, оваа сезона објектот нема да работи комерцијално. Министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека  во тек е  смена на директорот поради, како што рече, недомаќинско работење. „Оваа година ќе...

Продолжи со читање

Нови телевизори, донација за попријатен престој на пациентите во Општа болница Охрид

Views: 242 Нова донација пристигна во ЈЗУ Општа болница Охрид, со која престојот на пациентите ќе биде попријатен. Болницата со благодарност ја прими донацијата на телевизори, кои веќе се поставени во болничките соби на Одделенијата за педијатрија, геријатрија и гинекологија и акушерство.-Со оваа донација се обезбедуваат подобри услови за најмалите кои се лекуваат на Педијатрија, повозрасните сограѓани на Одделението за геријатрија, како и мајките кои го носат и го даруваат најголемиот подарок, новиот живот, велат од болницата.Телевизорите ќе придонесат деновите поминати во...

Продолжи со читање

Седат Сулејмани ја презеде функцијата министер за култура и туризам

Views: 298 Денеска во Министерството за култура и туризам беше извршено примопредавањето на министерската функција, со што Седат Сулејмани и официјално ја презеде должноста министер за култура и туризам.При примопредавањето, новиот министер му се заблагодари на својот претходник, Зоран Љутков, за неговиот ангажман и придонес во изминатиот период.Со преземањето на функцијата, Сулејмани најавува почеток на нов период, фокусиран на унапредување на културата и туризмот, јакнење на културните институции, поддршка на творештвото, уметниците и младите автори, како и спроведување политики...

Продолжи со читање

Свр Охрид

Во Охрид уапсени тројца државјани на БиХ осомничени за кражба

Views: 170 Тројца државјани на Босна и Херцеговина, на возраст од 19 и 22 години, се лишени од слобода во Охрид под сомнение дека сториле кривично дело „кражба“.Како што соопштија од СВР Охрид, тие биле приведени на 14 јули околу 16:10 часот на улицата „Партизанска“ во Охрид.По целосното расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Продолжи со читање

Охридско лето: Вечер исполнета со врвна класична музика со руско-германскиот пијанист Александер Мелников

Views: 176 Вечер исполнета со врвна класична музика во извонредниот амбиент на црквата „Света Софија“ приреди руско-германскиот пијанист Александер Мелников кој настапи во рамки на фестивалот „Охридско лето“.Мелников важи за еден од најистакнатите пијанисти на својата генерација, препознатлив по својата виртуозност, длабока музикалност и интерпретации на дела од различни епохи.На репертоарот беше познатата Фантазија во Це-дур „Вандерер“, компонирана во 1822 година за соло пијано од Франц Шуберт. Ова е технички најтешката и најбараната композиција за пијано на Шуберт која Мелникот...

Продолжи со читање